Оберхоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оберхоф
Поглед на Оберхоф
Поглед на Оберхоф
Грб на Оберхоф
Оберхоф се наоѓа во Германија
Оберхоф
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Градоначалник Томас Шулц
Основни податоци
Површина 23,47 км2
Надм. височина 823 м
Население 1.631 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 69 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SM
Пошт. бр. 98559
Повик. бр. 036842
Портал www.oberhof.de
Местоположбата на градот Оберхоф во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген
Карта
Координати 50°42′19″ СГШ 10°43′33″ ИГД / 

Оберхоф (германски: Oberhof) е град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во Тирингија, Германија. Тој е зимски туристички центар и место за одмор на илјадници луѓе. Секоја година е посетуван од десетици илјади туристи. Официјално, градот го добил овој статус во 1985.

Историја[уреди]

Оберхоф бил населен во 1641 и останал мал град до крајот на 19 век, кога градот бил поврзан со железничка линија до Риченхаузен и скијачите и другите туристи го откриле местото.

Во почетокот на 20 век, Оберхоф станал центар за зимски спортови и најмногу биле застапени санкањето, нордиското скијање и скијачките скокови, кои се одржувале на соодветни спортски објекти. Во последните години, градот вложи во изградба на терени за алпско скијање и ги исполни стандардите за меѓународни биатлонски натпреварувања. Патеката за боб, санкање и скелетон била домаќин на многу светски и европски првенства.

Во август 2009 бил отворен првиот скијачки тунел во Оберхоф.

Канцлерсгрунд

Меѓународни спортски настани[уреди]

  • Светско првенство во боб 1931 и Светско првенство во нордиско скијање 1931
  • Светско првенство во санкање 1973
  • Европско првенство во санкање 1979
  • Светско првенство во санкање 1985
  • Европско првенство во санкање 1998
  • Светско првенство во биатлон 2004 и Европско првенство во санкање 2004
  • Светско првенство во санкање 2008

Меѓународни односи[уреди]

Оберхоф е збратимен со:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]