Шмалкалден-Мајнинген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шмалкалден-Мајнинген
Schmalkalden-Meiningen
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Мајнинген
Површина
 • Вкупна 1,210 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 125.574 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. SM
Портал www.lk-sm.de

Шмалкалден-Мајнинген (германски: Schmalkalden-Meiningen) е округ (Kreis) во западниот дел на Тирингија, Германија. Се граничи со (од северозапад во надесно) окрузите Вартбург, Гота, Илм, слободниот град Зул, округот Хилдбургхаузен, баварскиот округ Рен-Грабфелд и округот Фулда во Хесен.

Историја[уреди]

Округот како административна единица потекнува од 1994, кога бил создаден од претходните окрузи Шмалкалден, Мајнинген и (делумно) Зул.

Географија[уреди]

Главна река во Шмалкалден-Мајнинген е реката Вера. Теренот во округот главно е планински, каде доминираат Рен и Тирингиската Шума. Планинската патека „Ренштајг“ (Rennsteig) поминува низ округот. Областа околу Оберхоф е познат зимски скијачки центар.

Грб[уреди]

Грб Грбот на Шмалкалден-Мајнинген ги покажува симболите на грбовите на трите претходни окрузи, кои исто така ги прикажуваат историските држави кои постоеле на територијата на округот. Петелот во горниот лев дел потекнува од грбот на грофовите на Хенберг. Стои на три зелени ритчиња, кои потсетуваат на ридовите и планините во областа. Лавот на Хесен се појавува во горниот десен дел, бидејќи Хесен ја контролирал областа од 1360 до 1866. Знамето во долниот лев дел потекнува од грбот на округот Мајнинген и потекнува од грбот на градот Вирцбург. Принц-бискупите на Вирцбург го поседувале Мајнинген во минатото. Грбот на Саксонија во долниот десен дел потсетува на војводството Саксо-Мајнинген, кое постоеле од 1680 до 1918.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Бротероде-Трузетал
  2. Мајнинген
  3. Оберхоф
  4. Шмалкалден
  5. Штајнбах-Халенберг
  6. Цела-Мелис
  1. Бенсхаузен
  2. Брајтунген
  3. Фамбах
  4. Фло-Зелигентал
  5. Грабфелд
  6. Хенеберг
  7. Ренблик
  1. Риперсхаузен
  2. Роза
  3. Росдорф
  4. Штепферсхаузен
  5. Зилцфелд
  6. Унтермасфелд
Општински заедници

1. Долмар-Залцбрике

  1. Белрит
  2. Кристес
  3. Дилштет
  4. Ајнхаузен
  5. Елингсхаузен
  6. Киндорф
  7. Лојтерсдорф
  8. Нојбрун
  9. Обермасфелд-Гриментал
  10. Риченхаузен
  11. Рор
  12. Шварца1
  13. Утендорф
  14. Фахдорф
  15. Велферсхаузен

2. Хазелгрунд

  1. Алтерсбах
  2. Бермбах
  3. Обершенау
  4. Ротероде
  5. Шпрингштиле
  6. Унтершенау
  7. Фирнау1

3. Хое Рен

  1. Ашенхаузен
  2. Биркс
  3. Ербенхаузен
  4. Франкенхајм
  5. Калтензундхајм1
  6. Калтенвестхајм
  7. Мелперс
  8. Оберкац
  9. Обервајд
  10. Унтервајд

4. Вазунген-Амт Занд

  1. Фриделсхаузен
  2. Химпферсхаузен
  3. Мемелс
  4. Мецелс
  5. Епферсхаузен
  6. Швалунген
  7. Унтеркац
  8. Ванс
  9. Валбах
  10. Валдорф
  11. Вазунген1, 2
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]