Гота (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гота
Landkreis Gotha
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Гота
Површина
 • Вкупна 936 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 135.155 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. GTH
Портал landkreis-gotha.de

Гота (германски: Gotha) — округ (Kreis) во средишниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се Унштрут-Хајних, Земерда, слободниот град Ерфурт, Илм, Шмалкалден-Мајнинген и Вартбург.

Историја[уреди]

Округот бил основан на 1 октомври 1922, кога новосоздадената држава Тирингија била административно поделена на 15 окрузи и 9 слободни града.

Географија[уреди]

Југозападната област на округот претставува дел од Тирингиската Шума, со врвот Гросер Инзелсберг (916 м, Großer Inselsberg) како највисока точка во округот. Во северниот дел на округот се наоѓаат многу овоштарници, особено во областа Фанер Хее (Fahner Höhe). Реката Унштрут тече на кратко на самата северна граница на округот.

Грб[уреди]

Грб Грбот го покажува замокот Фриденштајн во горниот дел, најголемата барокна градба во градот Гота. Брановитата линија го прикажува каналот Лајна, кој бил граден од 1366 до 1369 од Шенау до Гота, со цел носење на вода во самиот град. Ѕвездата долу била симбол на Војводството Саксо-Гота-Алтенбург.

Грбот бил изгласан на 28 јуни 1991.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Фридрихрода
  2. Гота
  3. Ордруф
  4. Тамбах-Дитхарц
  5. Валтерсхаузен
  1. Драј Глајхен
  2. Кравинкел
  3. Грефенхајн
  4. Гинтерслебен-Вехмар
  5. Херзел
  6. Лајнатал
  1. Луизентал
  2. Несе-Апфелштет
  3. Швабхаузен
  4. Табарц
  5. Велфис
Општински заедници

1. Апфелштетауе

  1. Емлебен
  2. Георгентал1
  3. Херенхоф
  4. Хоенкирхен
  5. Петрирода

2. Фанер Хее

  1. Дахвиг
  2. Делштет
  3. Гирштет
  4. Гросфанер
  5. Тона1

3. Митлерес Несетал

  1. Балштет
  2. Брихајм
  3. Буфлебен
  4. Фридрихсверт
  5. Голдбах1
  6. Хајна
  7. Хохајм
  8. Ремштет
  9. Зонеборн
  10. Вангенхајм
  11. Варца
  12. Вестхаузен

4. Несеауе

  1. Бинштет
  2. Ешенберген
  3. Фримар1
  4. Молшлебен
  5. Нотлебен
  6. Пфердингслебен
  7. Трехтелборн
  8. Титлебен
  9. Цимернзупра
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]