Зонеберг (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зонеберг
Landkreis Sonneberg
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Зонеберг
Површина
 • Вкупна 433 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 57.252 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. SON, NH
Портал lkson.de

Зонеберг (германски: Sonneberg) — округ (Kreis) во јужниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) окрузите Хилдбургхаузен, Залфелд-Рудолштат и баварските окрузи Кронах и Кобург.

Историја[уреди]

Округот бил создаден во 1868, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.

Географија[уреди]

Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тирингиската Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Блесберг (Bleßberg) со 863 метри) до пониските делови во округот.

Грб[уреди]

Грб Грбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофството Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Лауша
  2. Нојхаус на Ренвег
  3. Шалкау
  4. Зонеберг
  5. Штајнах
  1. Бахфелд
  2. Фериц
  3. Франкенблик
  4. Голдистал
  5. Јуденбах
  6. Нојхаус-Ширшниц

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]