Округот потекнува од Großkreis Weimar, кој бил создаден во 1922 откако била создадена сојузната покраина Тирингија. Двата града Вајмар и Аполда не биле дел од округот. Во 1952, округот бил поделен на два дела - Вајмар и Аполда. Во 1994, двата дела биле споени повторно, меѓутоа не била целосно опфатена територијата од пред 1952.
Главна река во округот е Илм. На југ се ридовите на Тириншката Шума, вклучувајќи ја највисоката точка Riechheimer Berg со 511 метри надморска височина. На север од округот теренот е помалку ридест. Во овој дел се наоѓа најниската точка со 120 метри, на вливот на реките Илм и Зале. Близу Бад Залца почнува винската патека Зале-Унштрут, каде винокултурата во округот има традиција повеќе од 800 години.
Грбот покажува симболи на историските држави на територијата на округот. Лавот на десната половина стои за војводите на Саксо-Вајмар-Ајзенах, горниот лев дел го прикажува Тркалото на Мајнц, а трите јаболка се симболот на Аполда и биле користени во грбот на владетелите на Аполда. Грбот бил донесен на 24 ноември 1994.