Вартбург (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вартбург
Wartburgkreis
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Бад Залцунген
Површина
 • Вкупна 1.305 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 127.227 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. WAK, SLZ
Портал wartburgkreis.de

Вартбург (германски: Wartburgkreis) — округ (Kreis) во западниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Унштрут-Хајних, Гота, Шмалкалден-Мајнинген и окрузите Фулда, Херсфелд-Ротенбург и Вера-Мајснер во Хесен. Слободниот град Ајзенах е скоро целосно опкружен од округот.

Историја[уреди]

Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ајзенах и Бад Залцунген и неколку општини од округот Бад Лангензалца. Градот Ајзенах бил изземен од округот во 1998 и стана слободен град.

Округот е именуван по Вартбург, замок близу Ајзенах кој е познат како резиденција на Лудвиг, ландгроф на Тирингија и неговата жена, Света Елизабета од Унгарија и како место каде се засолнил Мартин Лутер во 1521.

Географија[уреди]

Округот се наоѓа на подрачјето во Тирингиската Шума, вклучувајќи го националниот парк Хајних. Главна река во округот е Вера.

Грб[уреди]

Грб Грбот комбинира симболи на историски држави кои постоеле на територијата. Во горниот лев дел и долниот десен дел е лавот на војводите од Тирингија, кокошката во горниот десен дел се однесува на грофовите Хенеберг и црниот крст во долниот лев дел е симбол на царската опатија и државата Фулда.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Залцунген
  2. Бад Либенштајн
  3. Гајза
  4. Калтенордхајм
  5. Рула
  6. Трефурт
  7. Фаха
  1. Бархфелд-Имелборн
  2. Бутлар
  3. Дидорф
  4. Емпфертсхаузен
  5. Етенхаузен на Зул
  6. Фрауензе
  7. Герстенгрунд
  8. Герстунген
  9. Херзелберг-Хајних
  10. Крајенбергемајнде
  1. Лајмбах
  2. Маркзул
  3. Моргрунд
  4. Шлајд
  5. Зебах
  6. Тифенорт
  7. Унтербрајцбах
  8. Волфсбург-Ункерода
  9. Вута-Фарнрода
Општински заедници
  1. Берка/Вера1, 2
  2. Данкмарсхаузен
  3. Дипах
  4. Гросензе
  1. Брунхартсхаузен
  2. Дермбах1
  3. Најдхартсхаузен
  4. Ехзен
  5. Штатленгсфелд2
  6. Урнсхаузен
  7. Вајлар
  8. Визентал
  9. Цела/Рен
  1. Берка фор дем Хајних1
  2. Бишофрода
  3. Кројцбург2
  4. Ебенсхаузен
  5. Франкенрода
  6. Халунген
  7. Ифта
  8. Краутхаузен
  9. Лаутербах
  10. Мила
  11. Наца
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]