Алтенбург (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алтенбург
Altenburger Land
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Алтенбург
Површина
 • Вкупна 569 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 93.605 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. ABG
Портал altenburgerland.de

Алтенбург (германски: Altenburger Land) е округ во Тирингија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Грајц, Бургенланд (Саксонија-Анхалт) и окрузите Лајпциг, Мителзаксен, Цвикау во Саксонија.

Историја[уреди]

Областа околу реката Плајсе бил дел од огромно шумско подрачје, кое било населено од Словените. Замокот Алтенбург веќе постоел во 10. век. Во следните векови пристигнале германските доселувачи. Бил дел од грофството Мајсен во 14. век. Во тоа време поголемиот дел од шумите биле отсечени.

Градот Алтенбург и околината биле мало војводство Саксо-Алтенбург од 1826 до 1918; потоа кратко време била држава во Вајмарската Република, пред да биде распуштена во 1922 со цел да се создаде покраината Тирингија.

Округот во неговите денешни граници бил основан во 1922 под името „Алтенбург“. Во 1952 се спровела административна реформа и округот бил поделен на два дела, наречени Алтенбург и Шмелн. Повторно биле споени во 1994, но сега под името „Алтенбургер Ланд“.

Географија[уреди]

Алтенбургер Ланд е најисточниот округ на Тирингија. Тој е главно земјоделска област. Главна река во округот е Плајсе, притока на Вајсе Елстер, преминувајќи низ округот од југ кон север. Ридот Остерланд е дел од северните падини на Рудните Планини, кои полека се спуштаат кон низините во источниот дел на Саксонија-Анхалт.

Грб[уреди]

Грб

Грбот прикажува:

  • Црвената роза од грбот на градот Алтенбург
  • Лавот, кој бил симбол на владетелите од Плауен; имале големо влијание во областа во текот на 14 и 15 век
  • Црните и златните линии со зелен прстен бил грбот на саксонската династија Ветин
  • Црвениот желад ја претставува играта скат, која била измислена во Алтенбург

Градови и општини[уреди]

Слободни градови и општини
  1. Алтенбург
  2. Гесниц
  3. Лука
  4. Мојзелвиц
  5. Шмелн
  1. Хајерсдорф
  2. Нобиц
  3. Пониц
Општински заедници
  1. Алткирхен
  2. Добичен
  3. Дроген
  4. Герен
  5. Гелниц
  6. Лумпциг
  7. Мена1
  8. Штаркенберг
  1. Хојкевалде
  2. Јонасвалде
  3. Лебихау
  4. Небдениц1
  5. Постерштајн
  6. Тонхаузен
  7. Фолмерсхајн
  8. Вилденбертен
  1. Фокендорф
  2. Герстенберг
  3. Хазелбах
  4. Требен1
  5. Виндишлојба
  1. Крибич
  2. Ледла
  3. Монштаб
  4. Розиц1
  1. Фронсдорф
  2. Гепферсдорф
  3. Јикелберг
  4. Лангенлојба-Нидерхајн1
  5. Цигелхајм
1седиште на општинската заедница

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]