Шмалкалден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шмалкалден
Шмалкалден околу 1900
Шмалкалден околу 1900
Грб на Шмалкалден
Шмалкалден се наоѓа во Германија
Шмалкалден
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Градоначалник Томас Камински (SPD)
Основни податоци
Површина 98,35 км2
Надм. височина 295 м
Население 19.463 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 198 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SM
Пошт. бр. 98574
Повик. бр. 03683
Портал www.schmalkalden.de
Местоположбата на градот Шмалкалден во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген
Карта
Координати 50°43′00″ СГШ 10°27′00″ ИГД / 

Шмалкалден (германски: Schmalkalden) е град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во југозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, во Германија. Се наоѓа на јужните падини на Тирингиската Шума на реката Шмалкалде, притока на реката Вера.

Историја[уреди]

Прв пат бил споменат во декрет од 874 година, како „Смалкалта“ (Smalcalta) во франкското војводство Тирингија, дека добила градски права околу 1180. Кога ландгрофот Хајнрих Распе на Тирингија умрел без потомок во 1247, преминал на династијата Хенеберг-Шлојзинген, додека поголемиот дел од грофството припадналото на династијата Ветин во Мајсен. За да го обезбедат нивното преземање, грофовите на Хенеберг се здружиле со Хесен. Во 1360, заедно со ландгрофот Хајнрих Втори од Хесен го исплатил Фридрих Петти, синот на Елизабет од Хенеберг.

Шмалкалден, Матојс Меријан, во 1655

Во 1531 градското собрание на Шмалкалден било место на основање на Шмалкалдската лига од протестантските принцови под водство на ландгрофот Филип Први од Хесен, со цел заштита на религиозните и политичките интереси во нивните граници. Во 1537, Шмалкалдските членови биле напишани од Мартин Лутер, Филип Меланхтон и другите реформатори.

Кога грофовите на Хенеберг престанале да постојат во 1583, нивниот дел бил наследен од Вилхелм Четврти. Вилхелм го направил градот своја резиденција и бил изграден замокот Вилхелмсбург, завршен во 1590. Грофството Шмалкалден останал ексклава на Хесен, од 1868 па натаму бил дел од пруската покраина Хесен-Насау, додека не бил припоен во покраината Саксонија во 1944 и во 1945 станал дел од покраината Тирингија.

Градот доживеал жестоки бомбашки напади во Втората светска војна. Од 1949, со Тирингија, бил дел од Источна Германија.

Црква Свети Ѓорѓи
Вилхелмсбург

Главни знаменитости[уреди]

  • Св. Ѓорѓи, доцно готска црква завршена во 1509 со витражи од Шарл Кродел
  • Градско собрание
  • Реформаторска школа
  • Лутеранско седиште
  • Куќата на Лутер
  • Градски ѕидини
  • Болницата и нејзината капела
  • Замокот Вилхелмсбург, поранешна резиденција на грофовите од Хесен, изграден околу 1590
  • Куќата на Штенгел
  • Црквата на гробиштата
  • Кратер со пречник од 30-40 метри, создаден на 1 ноември 2010 од природна вдлабнатина


Грофство Шмалкалден
Herrschaft Schmalkalden
вазален

1247–1583
Главен град Шмалкалден
Уредување Кнежевство
Историски период Среден век
 -  Припоен од Хенеберг 1247
 -  Заедничко владеење со Хесен 1360
 -  Кон Хесен-Касел 1583
 -  Кон Тирингија 1944

Познати луѓе[уреди]

Меѓународни односи[уреди]

Шмалкалден е збратимен со:

Наводи[уреди]

 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственостSchmalkalden“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.