Мајнинген
| Мајнинген | |
| Театарот во Мајнинген | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Шмалкалден-Мајнинген |
| Градоначалник | Фабијан Гиздер |
| Основни податоци | |
| Површина | 59,46 км2 |
| Надм. височина | 287 м |
| Население | 21.423 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 360 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | MGN, SM |
| Пошт. бр. | 98617 |
| Повик. бр. | 03693 |
| Портал | www.meiningen.de |
| Местоположбата на градот Мајнинген во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген | |
| Координати | |
Мајнинген (германски: Meiningen) е град во средишна Германија, кој се наоѓа во јужниот дел на покраината Тирингија. Мајнинген е седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Се наоѓа на реката Вера, на 30 километри источно од Фулда, преку поранешната внатрешна граница на Германија.
Мајнинген се смета за културен, судски и финансиски центар на јужна Тирингија и економски се потпира на туризмот и високата технологија. Градот се наоѓа во лингвистичката област на Франконија.
Содржина |
Историја [уреди]
Мајнинген бил прв пат споменат во 982. Императорот Хајнрих Втори го подарил Мајнинген во 1008 на римокатоличката бискупија Вирцбург и цели 534 години останал дел од Вирцбург. Градот бил прв пат споменат во 1230 како град. Мајнинген во 1542 преминал во посед на династијата Хенеберг, а потоа во 1583 на војводствата Ернестин.
Помеѓу 1680 и 1918 бил главен град на Војводството Саксо-Мајнинген. Собирачот на бајки и писателот Лудвиг Бехштајн бил архивист во Мајнинген. Една од принцезите на Саксо-Мајнинген, Аделхајд Луизе Тереза Каролине Амелија фон Саксо-Мајнинген, станала жена на британскиот крал Вилијам IV во 1818. Таа е имењак на австралискиот град Аделејд. Првиот дворски театар во Мајнинген се отворил во 1831. Градот бил поврзан со железницата Вера со германската железничка мрежа во 1858. На почетокот на 20 век, постоењето на неколку големи банки довело Мајнинген да стане важен финансиски центар во Германија.
Војводството било укинато на крајот на Првата светска војна. Во текот на Втората светска војна, во Мајнинген се наоѓала болница за воени затвореници. Жестоките воздушни напади на Мајнинген на 23 февруари 1945 убиле 208 луѓе, уништиле 251 куќа и два моста и оштетиле 440 градби. Градот бил окупиран од американските војници во април 1945.[2] Во јули 1945, градот бил приклучен на источната окупациска зона, заедно со остатокот на Тирингија.
По повторното обединување на Германија, Мајнинген станал седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Во 2003 градот бил поврзан со автопатот А71.
Главни знаменитости [уреди]
- Замок Елизабетенбург, изграден во 1692
- Замок Ландсберг, изграден 1840
- Театар Мајнинген, изграден 1909
- Гец-Хеле, пештарска тура
- Фабрика за парни локомотиви Мајнинген
- Англиска градина во центарот на градот
- Протестантска парохиска црква, започната во 1000
- Мала палата, изграден 1823
- Голема палата, изграден 1823
- Соседство во класичен стил
- Окрузи во одбрани стилови
- Некои фахверк куќи
- Фонтана Бехштајн
- Фонтана Хајнрих Втори
- Споменик на Јоханес Брамс
Култура [уреди]
Театар [уреди]
Театарот Мајнинген нуди музички театар (опера, оперета, мјузикли), претстави, симфониски концерти, куклени претстави, балет и театар за деца и младинци. Дворскиот театар Мајнинген бил отворен на 17 декември 1831. Бил уништен во 1908 во пожар и бил заменет во 1909 од неокласична градба. Театарот бил наречен „Мајнингер“ (Meininger). Активноста на војводата Георг Втори довела до меѓународна слава. Денес, неговото име е Државен театар на Јужна Тирингија („Südthüringisches Staatstheater“). Има повеќе од 300 вработени и обезбедува огромен простор за опера и драма.
Хофкапеле [уреди]
Дворскиот оркестар Мајнинген е еден од најстарите и најтрадиционалните оркестри во Европа. Сегашниот оркестар до 68 членови е дел од Театарот и изведува симфонски концерти и концерти за млади и присуствува на оперите.
Дворскиот оркестар бил основан во 1690 од војводата Бернхард Први. Во октомври 1880 започнал најуспешниот период на оркестарот, кој се развил во елитен европски оркестар под водство на Ханс фон Билов. Во неговиот период стигнал Јоханес Брамс во Мајнинген и соработувал со дворскиот оркестар, а понекогаш и бил негов диригент. Други познати диригенти биле Рихард Штраус од 1885 до 1886 и Макс Регер од 1911 до 1914.
Уметничка куќа [уреди]
Уметничката куќа Мајнинген („Kunsthaus Meiningen“) е културна институција во историската градба на Старата пошта, во фахверк стил. Прикажува изложби на современа уметност и нуди работилници и можности за вработување на локални и странски уметници.
Музеи [уреди]
Музеите во Мајнинген се состојат од шест културни и историски музеи, кои ја нудат најголемата уметничка збирка во Тирингија. Главниот музеј е во замокот Елизабетенбург („Schloss Elisabethenburg“), поранешна резиденција на војводите на Саксо-Мајнинген.
Најновиот музеј, отворен во 1999, е театарскиот музеј „Магичен свет на бината“ во поранешното школо за јавање близу палатата.
Збратимени градови [уреди]
Мајнинген е збратимен со:
Ној-Улм Германија, од 1988
Биси Сен Жорж, Франција, од 2006
Обертсхаузен Германија, од 2007
Мајнинген Австрија, од 2012
Пријателски врски постојат и со градот Аделејд во Австралија, поради кралицата Аделејд (кралица на Обединетото Кралство), која била родена и израснато во Мајнинген како принцеза Аделејд од Саксо-Мајнинген.
Луѓе од Мајнинген [уреди]
Родени во Мајнинген [уреди]
- Перец Бернштејн (1890– 1971), израелски политичар
- Фриц Диц (1901 – 1979), актер и продуцент
- Паул Ештрајхер (р. 1931), англикански свештеник
- Георг Втори, војвода
Познати жители [уреди]
- Елен Франц (1839 – 1923) (како жена на војводата: Хелене Фрајфрау фон Хелдбург), пијанистка и актерка
- Жан Пол (1763 – 1825), писател
- Лудвиг Бехштајн (1801 – 1860), писател
- Ханс фон Билов (1830 – 1894), диригент
- Рихард Штраус (1864 – 1949), диригент
- Јозеф Кајнц (1858 - 1910), актер
- Алберт Басерман (1867 – 1952), актер
- Карл Корш (1886 – 1961), марксист
- Макс Регер, композитор, пијанист и диригент
- Елизабет Гример (1911 – 1986), оперетски сопрано
- Фридрих Шилер, писател
- Јохан Волфганг фон Гете, писател
- Фридрих Мозенгајл, стенограф
- Јоханес Брамс, композитор
- Аделе Сандрок (1863 – 1937), актерка
- Бјерн Бјернсон (1859 – 1942), актер и режисер
- Петер Боргелт (1927-1994), актер
- Еберхард Еше (1933-2006), актер
- Елина Гаранча (р. 1976), пејачка
- Ингрид ван Берген (р. 1931), актерка
Наводи [уреди]
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници“ (на германски). „Статистичка служба на Тирингија“. 2 јули 2012. http://www.statistik.thueringen.de/datenbank/TabAnzeige.asp?tabelle=gg000102%7C%7C.
- ↑ Тирингија под американска окупација (април до јули 1945), http://www.thueringen.de/imperia/md/content/lzt/thuringia_under_american_occupation.pdf
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мајнинген“ |
- Официјална страница на градот (германски)