Фридрих Шилер
Од Википедија
Фридрих Шилер (10 ноември 1759 - Вајмар, 9 мај 1805), еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“ и „Јованка Орлеанка“, како и на славната „Ода на радоста“.