Марбах на Некар
| Марбах на Некар | |
| Родната куќа на Шилер | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Баден-Виртемберг |
| Адм. подрач. | Штутгарт |
| Округ | Лудвигсбург |
| Градоначалник | Херберт Печ |
| Основни податоци | |
| Површина | 18,06 км2 |
| Надм. височина | 224 м |
| Население | 15.435 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 855 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | LB |
| Пошт. бр. | 71672 |
| Повик. бр. | 07144 |
| Портал | www.Schillerstadt-Marbach.de |
| Координати | |
Марбах на Некар (герм. Marbach am Neckar) е град на реката Некар во сојузната покраина Баден-Виртемберг, Германија. Населението брои 15.000 жители.[2] Најблиски поголеми градови се Лудвигсбург и Штутгарт (околу 25 км).
Градот е познат и како родно место на класичниот поет и драмски писател, Фридрих Шилер (1759-1805). Иако авторот се отселил уште во детството, во негова чест е отворен Националниот музеј и архив на германската книжевност „Шилер“ (Schiller-Nationalmuseum und Deutsches Literaturarchiv), еден од најголемите вакви архиви во земјата.
Стариот дел на градот е мошне живописен и полн со цркви и куќи од историско значење, вклучувајќи ја родната куќа на Шилер.
Покрај тоа, во градот се наоѓа и Музејот на модерната книжевност, добитник на Стерлинговата награда за архитектура.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Население и развој“ (на германски). „Статистичко биро на Баден-Виртемберг“. 31 декември 2011. http://www.statistik.baden-wuerttemberg.de/Veroeffentl/Statistische_Berichte/3126_11001.pdf.
- ↑ Население и вработеност - Статистичка служба на Баден-Виртемберг (германски)
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Марбах на Некар на Ризницата.- Градски портал (германски) (англиски) (француски)
| Оваа статија место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |