Англиска градина
Англиска градина или англиски парк (фр. jardin anglais, итал. giardino all'inglese, герм. Englischer Landschaftspark) се употребува во континентална Европа и се однесува на вид на градина со потекло од англиските пејзажни градини во XVIII век. По ова име градината се разликува од барокниот дизајн на француската формална градина.
Во Обединетото Кралство овој стил е тесноповрзан со делата на Кејпабилити Браун. Овој стил во Англија предоминирал само релативно кратко време, од средината на XVIII до почетокот на XIX век, и најголемиот дел од најпознатите градини во Англија не се во овој стил. Поимот „англиска градина“ не се користи во Англија, каде истиот се нарекува „пејзажна градина од XVIII век“ („18th century lanscape garden“).
Канонскиот европски „англиски парк“ со себе носи низа романтистички елементи. Во него секогаш има езерце или мало езеро со пристанишен или обичен мост. Погоре, со поглед на езерцето, имаме шестоаголен павилјон, често во облик на моноптер, римски храм. Некои паркови имаат и „кинески“ павилјон. Други елементи се грото и имитации на рушевини.
Значајни дејци во полето на Англиската градина се Стивен Свицер (1682-1745), Вилијам Кент (1685-1748), Чарлс Бриџман, Кејпабилити Браун (1716-1783), Џон Ванбру (1664-1726) и Лукас Питерс Родбард.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Англиската пејзажна градина (1600-1818) (англиски)