Висока технологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автомобилски погон кој користи индустриска роботска технологија; Лајпциг, Германија

Високата технологија (англиски: high tech) е најсовремената и најнапредната технологија моментално на располагање. Терминот почесто се користи во однос на микро-електрониката, наместо на другите технологии.

Не постои конретна класа на технологија што се смета за високотехнолошка. Дефиницијата се менува со текот на времето - така производите рекламирани како висока технологија во 1960-тите години сега ќе се сметаат, ако не е наречена ниска технологија, барем малку застарени.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Во потрага низ најдобрите Њујорк тајмс статии, првото појавување на фразата "висока технологија" се јавува во 1950-тите во текст за атомска енергија за Европа [1]... Источна Европа, со густа населеност и висока технологија.

До април 1969 година, Роберт Мец го користеше во финансиски колумна Артур Х. Колинс Колинс Радио "контролира резултат на патенти од висока технологија во различни области."[2] Мец го користи терминот често потоа, неколку месеци подоцна тој го користеше со цртичка.

Економија[уреди | уреди извор]

Бидејќи на високотехнолошкиот сектор на економијата се развива и ја користи најнапредната технологија, тоа често се гледа како најголем потенцијал за раст во иднина. Ова мислење доведе до големи инвестиции во високотехнолошките сектори на стопанството. Високата технологија претставува подвижна сила за претпријатија кои добиваат голем капитал, но ако инвестициите ги надминат реалните потенцијал, како што се случило во минатото, тогаш инвеститорите можат да изгубат сите или повеќето од нивните инвестиции. Висока технологија често се гледа како висок ризик, но нуди можност за високи профити.

Како големата наука, високата технологија е меѓународен феномен, кој се протега на континентите, олицетворени од светската комуникација на интернет. Така мултинационалните корпорации би можеле да работат на проект 24 часа на ден, со тимови кои работат со изгревот на сонцето низ целиот свет; ваквите проекти можат да користат за разработка на програмска опрема или за развој на интегрирано коло.

Високотенолошки сектори[уреди | уреди извор]

Интензитет на истражувањето и развојот[уреди | уреди извор]

Со понатамошна анализа на земјите од OECD, заклучено е дека може да се користи и класификација на интензитетот на истражувањето и развојот во дејностите. Тука не се зема предвид само производството, туку и самото користење на производите. Класификацијата е следнава:

Дејност Вкупна содржајност на ИР (1999 г, во %) ISIC рев. 3
Висока технологија
фармацевтски прозиводи 10,46 2423
авиоинженерство 10,29 353
медицински, прецизни и оптички инструменти 9,69 33
радио, ТВ и комуникациска опрема 7,48 32
Биротехника, книговодителска и сметачка машинерија 7,21 30
Средновисока технологија
електрични машини и апарати 3,60 31
моторни возила, приколки и полуприколки 3,51 34
железнички транспорт и опрема 3,11 352+359
хемикалии и хемиски производи 2,85 24 (без 2423)
машинерија и опрема 2,20 29

Високотехнолошко општество[уреди | уреди извор]

Целокупното општество засновано на high-tech е нешто недостижно. Многу земји и региони, како Соединети Американски Држави, Сингапур, Канада, Грција, Италија, Данска, Белгија, Холандија, Норвешка, Ирска, Исланд, Израел, Јапонија, Велика Британија, Естонија, Австралија, Германија, Јужна Кореја, Тајван, Хонгконг, Финска, Шпанија, Шведска, Бразил и Франција може да се сметаат за високотехнолошки, во однос на другите земји, бидејќи нормално е своите граѓани да имаат пристап до технологијата која во моментов е најсовремена, во однос на потрошувачите, како што е со делови на Индија (Бангалор, Мумбаи) и Кина (Шангај, Пекинг). Истражувачките ориентирани институции, како Агенцијата за вработување, ESAНАСА, CERN, и универзитети со висока истражувачка дејност како што се MIT, Стенфорд и може да се сметаат за високотехнолошки микроопштества во однос на околните социо-економски региони или на целокупниот активен сектор. Некои географски области може да се сметаат како високотехнолошки почетоци на општества, како на пример Силициумската Долина.

Искрата која што го предизвика почетокот на Силициумската Долина во Стенфорд индустрискиот парк, беше личен спор во 1957 година помеѓу вработените на “Shockley Semiconductor” и имењакот на претпријатието ,основач, добитник на Нобеловата награда и соизумителот на транзисторот Вилијам Шокли ... Неговите вработени ја формираa “Fairchild Semiconductor”веднаш по нивното заминување ... По неколку години, “Fairchild” ја стекна својата основа, станувајќи сериозен конкурент во овој сектор. Нејзините основачи почна да заминуваат и да формираат свои претпријатија засновани врз нивните најнови идеи и беа следени на овој пат од своите поранешни работници... Процесот доби интензитет и она што некогаш започна со истражување во Стенфорд парк предизвика вистинска лавина... Така, во текот на само 20 години,најмалку осум поранешни вработени во “Shockley” создадоа уште 65 нови претпријатија,[3] кои потоа продолжија да го стори истото ...


Оддел во организацијата кои се занимава со најнова технологија во нивните проекти, исто така може да се смета за високотехнолошко микроопштество во рамките на организацијата. Студентите и факултетите поврзани со ENAEE или ABET, акредитираните програми може да се сметаaт за високотехнолошки општествa, во однос на другите традиционални степени. Во индустријата,врвните претпријатија може да се сметаат како високотехнолошки општества заедно со своите конкуренти, во однос на остатокот од конкуренцијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Atomic Power for Europe", The New York Times, February 4, 1957, p. 17.
  2. Metz, Robert (1969). "Market Place: Collins Versus The Middle Man", The New York Times, April 24, 1969, p. 64.
  3. Lieberman, Henry R. "Technology: Alchemist Of Route 128; Boston's 'Golden Semicircle'" The New York Times, January 8, 1968, p. 139.