CERN

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска организација
за нуклеарно истражување
Organisation Européenne
pour la Recherche Nucléaire

Земји-членки
Основана 29 септември 1954[1]
Седиште Швајцарија Женева, Швајцарија
Членство 20 земји-членки и 8 набљудувачи
Генерален директор Германија Ролф-Дитер Хојер
Мреж. место

Европската организација за нуклеарно истражување (англиски: European Organization for Nuclear Research, француски: Organisation européenne pour la recherche nucléaire) позната као ЦЕРН (CERN, името доаѓа од првобитниот назив Conseil Européen pour la Recherche Nucléaire) е најголем центар за истражување на елементарни честички. Се наоѓа во околината на Женева, Швајцарија.

Моментално најкрупниот и најзначајниот проект на организацијата е направата Голем хадронски судирач со која се трага по тајните на создавањето на материјата во универзумот, особено по фундаменталната честичка наречена „Хигсов бозон“.

Македонија учествува со Националната агенција за нуклеарни технологии на РМ.

Финансирање[уреди]

Ова е табела на буџетот од 2008:

земја членка учество мил. CHF
 Германија 19,40 % 208
 Велика Британија 17,35 % 186
 Франција 14,92 % 160
 Италија 11,43 % 122
 Шпанија 8,34 % 89
 Холандија 4,51 % 48
 Швајцарија 3,03 % 32
 Белгија 2,74 % 29
 Норвешка 2,70 % 29
 Шведска 2,56 % 27
 Полска 2,30 % 24
 Австрија 2,19 % 23
 Грција 1,83 % 19
 Данска 1,82 % 19
 Финска 1,40 % 15
 Португалија 1,12 % 12
 Чешка 0,96 % 10
 Унгарија 0,83 % 9
 Словачка 0,37 % 4
 Бугарија 0,20 % 2


Членки[уреди]

Анимирана карта на промените во членството во CERN од 1954 до 1999 (граници во 1989 и 2008)
Членки на CERN (сино) и набљудувачи (црвено: САД, Израел, Турција, Јапонија, Индија и Русија) нa 2008

Првите 12 земји потписнички и основачи од 1954 биле:


По формирањето, CERN регуларно примала нови членки.

Моментално членуваат 20 земји, од кои 18 се членки на ЕУ.

Осум додатни меѓународни организации имаат набљудувачки статус:

Земји кои не се членки, но имаат потпишано договори за соработка:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Видео[уреди]