Буџет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Етимолошки набљудувано зборот буџет потекнува од латинскиот збор bulga со кој се означувала кожна торба која при поднесување на барањата на парламентот ја отворал министерот за финансии. Подоцна овој збор доживеа трансформација во старофранцускиот збор budgette за да потоа помине во В.Британија и се модифицира во зборот budget. Денес зборот буџет е општо прифатен во најголем број на земји во теоријата и практиката. Постојат повеќе дефиниции за буџетот, и авторите на различен начин приоѓаат кон дефинирање на буџетот.

Класичарите буџетот го дефинираат како акт на предвидување на приходи и расходи на државата. Според СТОУРМ буџетот претставува акт со кој се предвидуваат приходите и расходите на државата за период од година дена. Исто така за буџетот се смета дека тој е акт на претставничкот{{}}о тело (парламентот) со кој се предвидуваат и однапред одобруваат, за иден период (по правило за една година) распределбата на приходите и расходите во рамките на финансирањето како и во врска со политичката и социјалната природа. Постои сфаќање дека буџетот претставува закон во формална смисла на зборот, или попрецизно само по својот надворешен облик.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]