Европска комисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Status Европска институција
улога Извршно тело
основано 1958
College
Current college Комисија на Баросо
Претседател Хоза Мануел Баросо
Заменик-претседател етрин Аштон
Заменик-претседател Вивиан Ридинг
Јоакин Алмунија
Сим Калас
Нели Кроес
Антонио Тахани
Марош Шефковиќ
Вкупен број 28
Администрација
Јазици англиски
француски
германија
Персонал 25,019[1]
Место Брисел, Белгија
Луксембург
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Европската Комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Унијата. Сега, мандатот на Комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат Претседателот на Комисијата, земјите-членки го консултираат Парламентот, а Парламентот ја одобрува целата Комисија, пред истата да биде формално именувана.

При извршувањето на должностите, членовите на Комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на Унијата. Само Парламентот има право на укор на Комисијата. Секој член на Комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност.

Комисијата е, пред сè, чувар на Договорите. Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од Договорите и на одлуките засновани на Договорите. Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата. Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата.

Комисијата е и катализатор на Унијата. Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов „Европски закон“. Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, Комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки.

И, конечно, Комисијата е извршниот орган на Унијата. Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата. Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд. При реализацијата на своите извршни должности, Комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки.

Административниот персонал на Комисијата е главно лоциран во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на Комисијата), а помал дел во Луксембург. Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби. Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата.

Историја[уреди]

Европската комисија потекнува од една од петте клучни институции создадени во наднационалниот ситстем на Европската Заедница, по предлог на Роберт Шуман, француски министер за надворешни работи, на 9 Мај 1950 година. Со потекло од 1951година како Висок орган за Европската заедница за јаглен и челик, Комисијата била подложена на бројни измени во власта и составот под различни Претседатели, вклучувајки 3 Заедници.

Основање на Комисијата[уреди]

Првата Комисија потекнува од 1951 година како 9-ти член на Високиот орган под надлежност на претседателот Жан Моне (види власт на Моне). Високиот орган бил над национален административен извршен орган на новата Европска заедница за јаглен и челик(ЕЗЈИ), и за прв пат дојде на функција на 10ти август 1952 година во Луксембург. Во 1958 година Договорот од Рим основал две нови заедници според ЕЗЈИ : Европска економска заедница (ЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (евроатом). Меѓутоа нивните извршни тела биле наречени комесари, а не Високи органи. Причината за промената на името била новата врска помѓу извршните органи и Советот. Некои држави како Франција изразија резервираност во текот на власта на високиот орган и посакаа да го ограничат давањето поголема моќ на Советот, одколку на нивните извршни органи. Луј Арман ја водел првата комисија за Евроатом. Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница, која го одржа првиот формален состанок на 16-ти Јануари 1958 годона во Замокот на долината на Војвотката. Комисијата ја постигнала согласноста за спорниот договор за цената на житарките и оставила позитивен впечаток на третата земја кога за првпат се појавила на меѓународната сцена на Рундата на Кенеди на преговорите на општиот договор за цена и трговија (ОДЦТ). Халштајн започнал засилување за Европското право и почнал да има значајно влијание врз националното законодавство. На почетокот не се обрнувало многу внимание на неговата администрација, но со помош на Европскиот суд за правда, Комисијата го зацврстила својот авторитет доволно цврсто за да би можела следната Комисија да биде сфатена посериозно. Меѓутоа, во 1965година натрупувањето на разликите меѓу француската влада на Шарл де Гол и другите земји-членки ( околу влезот на Обединетото Кралство, непосредните избори на Европскиот парламент, планот на Фуше и буџетот),ја предизвика кризата ͈празен стол" , наводно преку предлог за заедничката земјотелска политика. Институционалната криза била решена наредната година, тоа го чинело Етјен Хирш неговото претседателство во Евроатомот, а подоцна и претседателството на Валтер Халштајн во ЕЕЗ , иако бил сметан како најдинамичен лидер до Жак Делор.

Почетоците на развојот[уреди]

Трите тела, колективни именувани Европски извршители постоеле од први јули 1967 година каде со Договорот за спојување биле споени во единствена администрација за време на претседателот Жан Реј. Поради спојувањето Комисијата на Реј , привремено се зголемила на 14 членки ,иако сите идни Комисии се намалиле на 9 членки следејки ја формулата по еден член за помалите држави и 2 за поголемите. Комисијата на Реј ја довршил Заедницата за царинска унија во 1968 година и се залагал за помоќен избран Европски парламент. Иако Реј бил првиот претседател на споената заедница, Халштајн се смета за прв претседател на модерната комисија. Следела комисијата Малфати и Мансхолт, кој равотеле на монетарната соработка и на првото проширување на север во 1973 година . Со ова проширување , комисијата на Ортоли пораснала на 13 членови (Обедениетото Кралство како најголема земја доби два комесари ), која се занимавала со зголемување на заедницата за време на економската и меѓународна нестабилност во тоа време. Меѓународното представување започна кога претседателот Рој Џенкинс како прв претседеател присуствувал на самитот Г8 во име на Заедницата. По Комисијата на Џенкинс , Комисијата на Гастон Торн го надгледувала проширувањето на југ , во прилог започна рабтата на Единствениот Европски акт.

Жак Делор[уреди]

Една од најистакнатите комисии била онаа која била предводена од Жак Делор. Потоа претседателите не успеале да го достигнат истото ниво на лична претпознатливост. Делор бил виден како водич кој и дал на Комисијата смисол за смер и динамичност. Делор и неговиот тим се сметаат како татковци на основањето на еврото. Меѓународниот трибун Хералд на крајот на вториот мандат на Делор во 1992 година запиша: ͈Господинот Делор ја извади Европската заедница од мртвите. Пристигна кога европесимизмот беше најлош. Иако беше малку познат како поранешен француски министер за финасии воведе живот и надеж во европската заедница и во потиштената бриселска комисија. Во неговиот прв мандат од 1985-1988 година ја собра Европа на Единствениот пазар и кога беше назначен за втор мандат започна да ги повикува Европејците кон далеку поамбициозните цели на економската, монетарната и политичка унија.

Жак Сантер[уреди]

Наследник на Делор бил Жак Сантер. Комплетната Комисија на Сантер била принудена од страна на Европскиот Парламент во 1999г. , како резултат на измама и корупција со централна улога на Едит Кресон. Тие измами биле откриени од страна на внатрешниот ревизор Пол ван Бутинен. За прв пат комисијата била натерана колективно да даде оставка и представува промена на власта врз парламентот. Сепак, комисијата на Сантер ја извршила работата за Договорот од Амстердам и за еврото. Како одговор на скандалот била создадена Европската канцеларија за спречување на измама.

Роман Проди[уреди]

По Сантер, Функцијата ја предзел Романо Проди. Договорот од Амстердам ја зголеми моќта на Комисијата и од страна на печатот Проди бил наречен како нешто слично на премиер. Силите повторно се зајакнале со Договорот од Ница од 2010 г. ,кој на претседателот му дале поголемо овластување над составот на нивната комисија.

Хосе Мануел Баросо[уреди]

Во 2004 година Хосе Мануел Баросо станал претседател. Парламентот повторно се потврдил во преговори за предложеното членство на Комисијата на Баросо. Поради тоа, Баросо бил принуден да направи измена во составот пред да ја земе должноста. Комисијата на Баросо била првиот полн состав во проширувањето на 25 членови во 2004 година. На крајот бројот на комисери се зголемил на 30. Како резултат на зголемувањето на бројот на земјите, со Договорот од Амстердам се намалил бројот на комисери на еден по земја, наместо по 2 за поголемите земји. Наводите за измама и корупција биле повторно собрани во 2004 година од страна на поранешниот главен ревизор Жил Муи. Офицерот на комисијата Гвидо Страк објавил наводна измама и злоупотреба во неговиот оддел во 2002-2004 година за ОЛАФ и бил отпуштен. Во 2008г. Рол Ван Вутенен (поранешен ревизор познат од сканадлот од комисијата на Санадер) наводно со Европската канцеларија за спречување на измама (ОЛАФ) со недостаток од независност и ефикасност. Мандатот на првата Комисија на Баросо истекол на 31-ви Октомври 2009 година .Според Договорот од Ница првата комисија требала да биде назначена по бројот на земјите-членки кој го достигнал бројот 27, а треба да се намали,помалку од бројката на земјите членки. Точниот број на комесарите се одлучувал со едноставно гласање на Европскиот совет и членството се ротирало под еднакво помеѓу земјите. По приемот на Романија и Бугарија во Јануари 2007 година ,стапи на сила за наредната комисија. Со Договорот од Лисабон кој стапи на сила од 2003 година мандитирал со намалување на бројот на комесари на дветретини од земјите членки од 2014 година, освен ако Советот не одлучи поинаку. Членството би требало да ротира еднакво и ниедна членка да нема повеќе од еден комесар. Сепак, договорт бил одбиен од гласачите на Ирска во 2008 година со една главна грижа губење на нивниот комесар. Оттука, била дадена гаранција за повторување на гласањето дека Советот ке ја користи својата моќ за измена на бројот на комесарите. Сепак, според договорите се уште бројот требал да биде помал од вкупниот број на членови , со што било предложено дека земјата-членка што добива комесар ке ја функционира Висок представник- таканаречен 26+1 формула . Оваа гаранција (кога може да го најде својот следен пат во следната измена на договорот веројатно во Договорот за пристапување ) придонесе за Ирска одобрување на договот на вториот референдум во 2009 година. Исто така, Лисабон ги комбинира мислењата на Европскиот комесар со Високиот представник на Советот за заедничка надворешна и безбедносна политика. Исто така, и заменик претседателот на Комисијата ќе претседава со советот на Европската Унија на состаноците за надворешни работи како Комисија за надворешни односи и обврски. Договорот дополнително предвидува дека најблиските Европски избори треба да бидат земени во предвид при именувањето на Комисијата, иако претседателот се уште е предложен од страна на Европскиот совет ; Европскиот парламент ке ја избира Комисијата, наместо да одобри како по Договорот од Ница.

Овластување и функции[уреди]

Уште од почетокот Комисијата била основана да функционира како независен наднационален орган одвоен од владата, и е опишан како единствено платено тело да размислува европски. Членовите се предложени од владите на земјите-членки од секоја по една, од нив се очекува да делуваат незвисно –неутрално под други влијанија како на пример владата која ги поставила . Ова стои во контраст со Советот која ја представува владата, европскиот парламент, кој ги представува граѓаните, економски-социалниот комитет, кој го представува организираното граѓанско општество. Преку членот 17 од Договорот на Европската Унија, Комисијата има неколку одговорности: развивање на среднорочните стратегии, нацрт закони и арбитража во законодавниот процес представување на ЕУ во трговски преговори , правење правила и преговори на пример во политиката на конкуренцијата, подготвување на буџетот на европската унија и набљудување на спроведувањето договори и законодавство.

Извршна власт[уреди]

Пред да стапи на сила со Договорот од Лисабон, извршната власт во ЕУ припаѓа на Советот и и доделува на Комисијата овластувања која она притоа ги извршува. Меѓутоа, Советот може да ги повлече овие овластувања, извршувајќи ги непосредно, или да ги наметне условите за нивните потреби. Моќта е повеќе ограничена од повеќето национални власти, во делот поради кој што Комисијата нема овластување во областа на надворешната политика-ова овластување припага на Европскиот совет, кој сто некој анализи го класифицираат како втор извршен огран на ЕУ. Со оглед на тоа што со Договорот од Лисабон Европскиот совет станал формална установа со овластувања да ја постапува Комисијата, може да се каже дека тие две тела поседуваат извршни моќи на Унијата (Европскиот совет исто така поседува поединечни национални овластувања). Меѓутоа, Комисијата е таа која моментално ја поседува извршната власт на Европската Унија. Овластувањето на Комисијата се налик на владите од типот на некогашниот белгиски премиер Гиј Верховстад кој предложил измена на нејзиното име во Европска влада, нарекувајки го сегашното име на Унијата смешно.


Законодаван иницијатива[уреди]

Комисијата се разликува од другите институции во тоа што само таа ја поседува законодавната иницијатива во Европската унија, што значи дека единствено Комисијата може да поднесе формални предлози на законодавните акти нацрт-законот не може формално да доаѓаат од законодавната гранка. Со Договорот од Лисабон ниеден законодавен акт не е дозволен во полето на заедничка и надворешна безбедносна политика. Комисијата го дели ова право со советот, но таа нема овластувања на полициската и судската соработка во врска со кривичните работи. Во самата Комисија, Советот и Парламентот може да побараат законодавни акти во најголем број на случаеви, Комисијата иницира на основа на овие предлози, овој монопол е установен со идејата да се обезбеди координативно и складно обликување на правниот систем на ЕУ .Овој монопол е предизвинкан од некој кој тврдат дека Собранието исто така треба да има право, повеќето национални парламенти кое го имаат правото во некои погледи. Меѓутоа, Советот и Парламентот можеле да побараат од Комисијата да направат нацрт-закон, иако Комисијата има рпаво да одбие да го стори тоа како што се случи во 2008ма година во интернационалната колективна конвенција. Според Договорот од Лисабон граѓаните на ЕУ имаат право да побараат од Комисијата да донесуваат закони на една област преку петиција која изнесува 1.000.000 потписи, но тоа не е обврзувачки. Овластувањето на Комисијата да предлага закони обично биле средочени на економската регулатива. Предложила голем број прописи засновани на претпазливиот принцип. Ова значи дека превентивната регулација превзема иницијатива доколку, постои опасност на околината или човековото здравје: во борба против климатските промени или ограничувањата на генетските измени на организмите. Ова е спортивно на одмерувањето на регулативата во однос на нејзините последици во економијата. На овој начин Комисијата произвела построга регулатива во однос на другите. Големината на европскиот пазар допридонесе за законодавствата на ЕУ на светскиот пазар. Во скоро време Комисијата започнала создавање на Европското кривично право. Во 2006та година токсичен одпад е исфрлен на Брегот на слоновата коска од Европски брод, тоа ја наведе комисијата да се посвети на законите против токсичниот одпад. Во тоа време некои држави од ЕУ не ни имале транспорт на токсичен одпад во своето кривично право , тоа ги навело комесарите Франко Фратини и Ставрос Димас да ја предложат идејата за еколошките злосторства. Нивното право да предлагаат кривични закони било оспорувано на Европскиот суд на правдата, но судот ова право го поддржа. До 2007 година единствени други кривични предлози кои биле предложени во областа на кривичното право биле Директивата во врска со правата на интелектуалната сопственост и измена на рамковната одлука за борба против тероризмот во 2002 година, која забранила било какви дела поврзани со тероризмот, регрутација (посебно преку интернет) и обука.


Спроведување[уреди]

Кога пописот е одобрен од Советот и Парламентот, Комисијата има одговорност да го обезбеди неговото спроведување. Ова се прави преку земјите-членки или преку агенциите. Придонесувањето на неопходните мерки, Комисијата и од комитетите составени од претставниците на земјите-членки и јавното и правното лоби, (процес кој е познат во жаргонот ͈Комитологија"). Понатаму, Комисијата е одговорна за спорведување на буџетот на ЕУ ; обезбедување, заедно со европскиот ревизиски суд, дека фондовите на ЕУ се правилно потрошени. Особено, Комисијата има обврски да ги обезбеди договорите и правните пописи кој потенцијално се превземени од земјите-членки или од други институции пред спорот на Европскиот суд. Во оваа улога Комсијата е позната како чувар на договори. Конечно комисијата обезбедува претставување на Комисијата во надворешното претставување заедно со земјите-членки на заедничката надворешна и безбедносна политика, кои ја претставуваат Унијата во тела како што е светската трговска организација. Исто така, вообичаено е претседателот на Комисијата да присуствува на Г8 состаноците.

Состав[уреди]

Комисијата составена од комесари, вкупно 27 членови , вклучувајки ги претседателот и потпретседателот. Иако, секој член е именуван од нациналната влада по една на држава, не ја претставуваат својата држава во Комисијата (но, понекогаш во пракса има влијание за нациноалниот интерес). Одкога се предложени комесарите преседателот ги расподелува портфолијата меѓу нив. Моќта на комесарот во голема мера зависи од неговото портфолио и може да варира со тек на времето. На пример, комесарот за образование расте во важност со согласност со порастот на значењето на образованието и културата во европската политика. Друг пример е комесарот за конкуренција кој има високо видлива позиција на светски дофат. Пред да ја превземе Комисијата обврската, составот како целина мора да биде одобрен од страна на Парламентот. Комесарите се подржани од својот личен кабинет кој ги дава политичките насоки, додека граѓанската служба (генерална дирекција види подоле ) се занимава со техничката подршка.

Именувањe[уреди]

Претседателот на Комисијата прво е предложен од страна на Европскиот Совет земајки ги во предвид последните парламентарни избори, кандидатот тогаш може да биде избран од страна на европскиот парламент или не. Ако не, Европскиот Совет предлага друг кандидат во рок од еден месец. Кандидатот бил водечки национален политичар но, тоа не е услов. Во 2009 година, Договорот од Лисабон не бил на сила и Баросо не бил избран од Собранието, туку номиниран од Европскиот Совет, во секој случај, десно ориентаните партии на ЕУ вршеле притисок за кандидат од својте редови. На крајот десно ориентираниот кандидат бил избран: Хосе Мануел Баросо од Европската народна паритја. Постојат и други критериуми кои влијаат на изборот на кандидат. Меѓу нив се: Географската област на Европа од која доаѓа кандидатот (фаворизирана како југоисточна Европа во 2004 година) ,политичкото влијание на кандидатот, (кредибилни но не да бидат надмоќни над членовите), јазик (Франција смета дека францускиот јазик е неопходен услов) и степен на интеграција( нивната земја треба да биде член на Еврозоната и на шенгенскиот договор). Во 2004 година систем произведол голем број на кандидати и бил критикуван од страна на некои членови на Парламентот. По изборот кој се продолжи, лидерот на групата Алијанса на либералните и демократите за Европа, Грехам Водсон, ја опишал процедурата како ͈стаза на теписи во Јустус Липсиус", кој произведол само најмал заеднички именител, додека лидерот на групата Европски зелени-европски слободен сојуз (Green –EFA) Даниел Кон Бендит го прашал Баросо по неговиот прв говор,, Ако вие сте најдобриот зошто не сте првиот кандидат?" По претседателските избори и именувањето на високиот претставени од страна на Европскиот совет, секој комесар е номиниран од нивната земја-членка (освен за оние држави кои си обезбедиа преседател и висок претставник) во консултација со претседателот на Комисијата, иако има мала практична моќ да присили промена на кандидатот. Меѓутоа, колку е поспособен кандидатот, толку е поголема веројатноста претседателот да им даде помоќно портфолио, распределба која е целосно во негова дискреција. Тогаш тимот на претседателот е предмет на расправа. Во Европскиот парламен кој ке ги испитува нив и потоа гласање за нивната соодветност за нивната целина. Ако членовите на Комисијата се несоодветни, претседателот мора да го прегрупира тимот или да побара нов кандидат од земјата членка или да ризикува Комисијата да гласа против. Бидејќи парламентот неможе да гласа против поединечните комесари постои компромис при што најлошите комесари се отстранети, но малите забелешки се ставаат на страна така што Комисијата може да ја преземе функцијата. Одкога тимот е одобрен од парламентот формално е составен во функција Европскиот Совет (Договор од ЕУ член 17.07 ). По назначувањето, претседателот бира неколку потпреседатели (високиот представник е обврзан да биде еден од нив) од редот на комесарите. За најголем дел позицијата им дава малку поголема моќ на потпретседателите, освен првиот заменик кој стои како претседател кога претседателот е отсутен. Од 2009 година првиот заменик преседател се има стекнато со дополнителна моќ кој исто така е Висок претставник.

Политички стилови[уреди]

Сегашната комисија на Баросо ја презела одговорнаста кон крајот на 2004 година, откако била одложена поради противење на собранието кое принудило прегрупирање. Во 2007 година Комисијата се зголемила од 25-27 комесари, по пристапување на Романија и Бугарија во Унијата со која секој си назначил свој комесари. Со зголемувањето на Комисијата, Баросо го променил стилот на однесување на составот кој наликувал на претседателски кој заработил извесна доза критики. Сепак, Баросо бил повеќе претседателски и личност на висок профил на неговите предходници. Комисијата почнала да го губи дното на големите земји-членки како што се Франција, Обединетото Кралство и Германија кои се обидуваат да ја заобиколат нивната улога. Ова може да го зголеми создавањето на претседателот на Европскиот совет во рамките на Договорот од Лисабон. Исто така, дошло и до повисок степен на политизација во рамките на Комисијата.

Организација[уреди]

Првенствено Комисијата е со седиште во Брисел, со канцеларија на преседателот и сала за состаноци на Комиисијата сместена на 13спрат во зградата Берлејмон . Комисијата, исто така, функционира со многу други бројни објекти во Брисел и Луксембург, кога собранието ќе се состане во Стразбур комесарите се состануваат во зградата Винстон Черчил за да присуствуваат на дебати во собранието. Комисијата е поделена на оддели познати како генерални директори (ГД) што ги поврзува одделенијата и министерствата. Секој оддел покрива одредена област како што се земјоделството или правдата и правата на граѓаните или внатрешните служби како што се човековите ресурси и преводи и е предводен од генералниот директор кој е одговорен за комесар. Портфолиото на комесарот може да биде поддржан од голем број на ГД, тие подготвуваат предлози за нив иако се одобрени од страна на мнозинството на комесари, оди до парламентот и советот за разгледување. Имало критики од голем број на луѓе дека високо фрагментираната структура на ГД го троши скапоцентото време во борба со преговори како што се различни оддели и комесари кои се натпреваруваат меѓу нив. Понатаму, ГД можат да остварат значителна контрола над комесар кој има малку време да научи да воспоставува контрола врз својте вработени . Според бројките објавени од страна на Комисијата, 23.043 лица биле вработени од страна на Комисијата како службеници и привремени агенции во април 2007 година. Во прилог на овие 9019 надворешни вработени (на пример договорени агенти,одвоени нациноални експерти,млади експерти обучувачи итн.) биле вработени. Најголемиот ГД е генерален директор за преводи со 2186 вработени додека најголема група е Белгески (21,4%), веројатно се должи на мнозинството (16.626) на вработени кои се наогаат во земјата. Државната служба на Комисијата е управувана од Генералниот секретар во моментов Кетрин Деј.


Печат[уреди]

Комуникацијата со медиумите е поставена од страна на ГД за комуникација. Главниот портпарол на комисијата е Јоханес Летернберг кој ги превзема пладневните брифинзи со новинарите, најчесто познати како пладневен печат. Се одвиваат секој работен ден во салата за новинари во Берлејмон каде што новинарите може да поставуваат прашања на официјалните лица на Комсиијата на било која тема и легално се очекува да се на снимање одговор на ТВ во живо. Ваквата ситуација во светот е единствена. Забележано е од страна на еден истражувач дека печатот издаден од Комисијата е уникатно политички. Пораката често поминува во неколку фази на изработка која ја нагласува улогата на Комисијата и се користи за оправдување на ЕУ и Комисијата за зголемување на нивната должина и комплексност. Каде што има повеке сектори кои се вклучени во печатот исто така може да биде извор на конкуренција меѓу Комисијата и самите комесари. Исто така, ова води до невообичаен голем број на печатот, 1907 за 2006 година и е исто така виден како уникатен призвод на политичката поставеност на ЕУ. Има поголем број на новинари во Брисел отколку во Вашингтон, во 2007 година има дописник од Брисел. Сепак, поради светската криза бројот на новинари во Брисел се намалил за 3пати. Постои само еден новинар кој ги покрива вестите за ЕУ за Латвија и ниеден за Литванија. Иако, имаше светско намалување на новинарите, печатот и работењето како што се Европа преку сателит (Europe by Satelite) и Еурпал ТВ ( Europal TV) води нови новинарски организација да веруваат дека можат да ја покријат ЕУ со овие извори и новинарски агенции.

Легитимитет[уреди]

Постои мислење дека методот на избори на комисијата го зголемил демократскиот дефицит на ЕУ. Комисијата е изршна власт, кандидатите се избрани од 27 национални влади, што значи дека не е возможно за членовите на Комисијата или нивниот претседател да бидат остранети од гласачката кутија. Во главно, легитимитетот на Комисијата се основа на неопходниот број на галсови во Европскиот парламент, со можност Парламентот да ја отстрани Комисијата. Меѓутоа, излезеноста за изборите била мала (помала од 50%) од 1999 г. па наваму. Можеби оваа бројка е поголема од некои национални избори, вклучувајки ги и оние за конгресот на САД, но фактот дека нема непосредни избори за претседател на Комисијата ја намалува легитимноста на оваа положба во очите на јавноста.

Друг проблем е недостигот на единственото бирачко тело, кое дури и демократската структура и методите кои се развиваат не се огледало на креирање на европското граѓанско општество. Договорот од Лисабон би можел да реши дел од дефицитот во основањето на поголема демократска контрола врз Комисијата, вклучувајки воспоставување на постапката со која изборот на претседателот на Комисијата би се поврзал со избрите на Европскиот парламент. Друг поглед на Комисијата тврди дека во областите во која она има овластување да иницира закони не се затвара за институцијата која одговара на изборните притисоци. Во овој поглед Комисијата е споредена со институции како што е независната Централна банка, која се занимава со техничките области на политиката. Во дополнение, некои бранители на Комисијата појаснуваат дека прописите мора да бидат одобрени од советот во сите области (министрите од земјите-членки)  како и Европскиот парламент во некои области пред да бидат усвоени, се ограничуваат прописи кој се усвоени во некои земји без согласност на нивните влади. Во 2009 година европскиот правобранител објави статистика со жалби за граѓани против институциите на ЕУ, повеќето од нив (жалбите) биле пополнети против европската комсиија (66%) и недостаток на транспарентност. Во 2010 година Комисијата била тужена за блокирање на пристапот на документите на биофуелната политика на ЕУ. Ова се случи откако во медиумите потврдија изјава дека Комисијата блокирала научен доказ против биофуелните субвенции. Недостатокот на транспарентност, нејасни лобистички врски, конфликт на интереси и неумерно трошење на комсиијата било означено во број на извештаи од страна на надворешни и независни верифицирани организации.

Наводи[уреди]