Приклучување на Македонија кон ЕУ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Приклучување на Македонија кон ЕУ
European Union and Republic of Macedonia locator map.svg
Просек на членките Македонија
ППП БДП ($мил.) 552.780 17.396
Површина (км2) 165.048 25.713
Население 18.583.598 2.038.514
Статус
кандидат
Отворени преговори: 0
Затворени преговори: 0
Мреж. место
Секретаријат за европски прашања
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“

Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да и додели статус на кандидат. Така, на 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделила статус на кандидат за членство во Европската Унија. Сепак, датум за започнување на преговори со ЕУ Република Македонија сѐ уште не добила.

Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, денеска мирот се одржува главно поради спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етнички Албанци добиле големо автономно управување. За разлика од Србија, Македонија успеала да го задржи својот суверенитет над целата своја територија. Премиерот Никола Груевски изјавил дела земјата ќе биде спремена да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година.[1]Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период. На 17 декември 2005 година, Европскиот совет ја поздравила земјата за нејзините достигнувања во спроведувањето на поголем број на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и асоцијација, Охридскиот договор). [2]

Можеби најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицирало територијални амбиции кон сопствената територија на Грција односно северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува "Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името станало услов за пристапување кон унијата,[3]. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение.[4], односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијата[5]. Хронолошки, на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Апликацијата за членство во ЕУ претходи период на развој на блиски билатерални односи кои ја карактеризираат соработката помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Како поважни ги издвојуваме следните настани:

Хронологија[уреди]

октомври 1992 година, Република Македонија назначила свој претставник во Брисел; • 22 декември 1995 година, Република Македонија и ЕУ воспоставиле дипломатски односи кога ЕУ ги отворила преговорите со Република Македонија во насока на склучување на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските операции и транспортот;

февруари 1996 година, Република Македонија ја подигнала својата постојана Мисија во Брисел на амбасадорско ниво;

10 март 1996 година, Република Македонија станала полноправен партнер во PHARE Програмата (Poland and Hungary: Assistance for Reconstruction of their Economies);

20 март 1996 биле започнати преговорите за склучување на Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, како и Спогодба за транспорт;

20 јуни 1996 година, во Брисел, биле склучени Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници и Спогодбата за транспорт. Истите беа потпишани на 29-ти април во Луксембург;

• во ноември 1997 година, во сила стапи Спогодбата за транспорт, додека за Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските Заедници истото се случи на 1-ви јануари 1998 година;

февруари 1998 година, во Охрид, согласно Спогодбата за соработка, се одржал првиот политички дијалог на министерско ниво;

11 март 1998 година била потпишана Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата била во сила од 1 август 1997 година). Спогодбата важела до 31 декември 1998 година. Сепак, почнувајќи од 1 јануари 2000 година насила е обновената Спогодба за трговија и текстил;

• 21 и 22 март 1998 година, во Скопје, се одржал првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка. Советот се формирал со цел да ја следи реализацијата на на Спогодбата за соработка, постигнувањата и развојот во структуралните реформи, како и да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања;

5 март 1999 година, во Брисел, се одржал вториот состанок на Советот за соработка.

јуни 1999 година, бил усвоен Извештајот за можноста за отпочнување на преговори за новата ССА

24 јануари 2000 година биле усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ;

март 2000 година, со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ беа подигнати на амбасадорско ниво;

5 април 2000 година, согласно Лисабонската Одлука на Европската Комисија, официјално започнала првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за ССА. Преговорите за ССА се реализирале во значително краток период (април - ноември 2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички преговори;

јуни 2000, за време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, била прифатена перспективата (одредбата) за потенцијално членство;

• на 24 ноември 2000, на маргините на Самитот во Загреб, била парафирана ССА ;

декември 2000 година, стапила ви сила Регулативата на Советот за воведување на трговски исклучителни мерки, како и за вклучување на Република Македонија во Регионалната Програма ЦАРДС за 2002 - 2006;

16 февруари 2001 година е парафирана Времената Спогодба за регулирање на трговските одредби од ССА ;

9 април 2001 година, во Луксембург, била потпишана ССА. Истовремено, била потпишана и Времената Спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу Република Македонија и ЕУ . Истата стапи насила веќе на 1-ви јуни 2001 година;

• јануари 2002 година - Дополнителен Протокол за вино и алкохолни пијалоци и Спогодба за трговија со текстилни производи;

• 1 и 2 јули 2002 година, во Скопје, се одржал последниот (петти) состанок на Советот за соработка помеѓу ЕУ и Република Македонија.

20 февруари во Р.Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата.

• Спогодбата за асоцијација и стабилизација стапила во сила на 1 април 2004 година откако ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ

февруари 2004 година Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија„

22 март 2004 на свечена церемонија во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ го поднела барањето за членство во Европската Унија.

• Владата на Република Македонија на 6 септември 2004 година ја усвоила Националната стратегија за европска интеграција

1 октомври 2004 Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предал Прашалникот на Владата на Република Македонија

31 јануари 2005 година Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ

• Делегација на Република Македонија на 14 Февруари 2005 во Брисел, ги предадала Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо

• Дополнителните Прашања на Прашалникот на Европската Комисија кои биле добиени на 22 април 2005, биле одговорени, усвоени од Владата на РМ и пратени во Брисел на 10 мај 2005

9 ноември 2005 Европската комисија го објави мислењето за кандидатурата на Република Македонија за членство во Европската унија. Во мислењето се препорачува доделување на статус кандидат за членство во ЕУ.

17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на кандидат за членство во Европската Унија

Наводи[уреди]