Бруто домашен производ
Од Википедија
Бруто домашен производ или БДП е еден од основните начини на мерење на перформансите на една економија. Бруто домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено една година). Финални поради исклучувањето на вредноста на интермедијарите за време на производството. Бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е вклучена во вредноста. Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се добило нето домашен производ.
Содржина |
[уреди] Видови на БДП
БДП можеме да го поделиме според цените по кои е пресметан. Во тој случај би разликувале:
- 1. Номинален БДП е бруто домашниот производ пресметан по тековни пазарни цени, што само по себе укажува дека номиналниот БДП ја вклучува и инфлацијата. Поради тоа номиналниот БДП, не се зема како значаен показател. Од номиналниот можеме да го добиеме реалниот БДП ако номиналниот го поделиме со (1+(инфлација/100). Односно ако номиналниот е 100$ а инфлацијата 5% за да стигнеме до реалниот треба 100 да го поделеме со 1.05. 100 / (1+(5/100))= 100/(1+0,05)= 100/1.05 = 95.24
- 2. Реален БДП е бруто домашниот производ пресметан според цени од некоја претходна базна година, за да се отстрани влијанието на инфлацијата. За утврдување на растот на една економија се пресметува порастот на реалниот БДП од година во година изразен во проценти. Пример, ако Македонија во 2002 имаше 10% економски раст, тоа значи дека реалниот БДП пораснал за 10% во 2002 во однос на претходната година 2001.
[уреди] Мерење на БДП
БДП може да се мери на два начини.
[уреди] Потрошувачки метод
БДП= C + I + G + (X-M) Целта на овој метод е да ги собере вредностите на сите добра и услуги преку евиденцијата колку добра и услуги се потрошени. Каде што:
- C - е потрошувачката на добра од страна на домаќинствата во економијата.(стан, храна, возила, услуги итн)
- I - Се однесува на инвестициите од страна на претпријатијата. Ова не се однесува на "инвестирање" во хартии од вредност. Инвестиција е кога од парични фондови се добиваат стокови, а не е кога од парични се добиваат хартии од вредност, односно финансиски инструменти.
- G - е потрошувачката од страна на владиниот сектор. Владата троши од игла до локомотива, и сите тие трошоци се вклучени во G, но во G не се вклучени трошоците што Владата ги прави за социјални трансфери како би се избегнало нивното двојно пресметување.
- X-M - Во економијата оваа категорија е позната како нето извоз, односно извоз(X) минус увоз(М). Извозот се добра и услуги произведени дома а продадени странство, оттаму тука треба да се вбројат произведените (потрошените) добра во странство. Увозот се добра произведени во странство а продадени дома, одтаму би било погрешно доколку тие добра ги вброиме во БДП.
[уреди] Мерење на БДП според фактори на производство
Уште еден начин да се измери БДП е според факторите на производство, односно со собирање на сите трошоци потребни за да се произведе еден производ, додавање на амортизацијата и додавање на индиректни даноци. Трошоци за факторите на производство се: плата, рента, камата, профит. Оттаму, БДП= Плати + Ренти + Профити + Камати + Амортизација + Индиректни даноци