Европски парламент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европски Парламент
7th European Parliament
Coat of arms or logo
Вид
Вид Законодавен дом
Водство
Претседател Јержи Бузек, ЕНП
од 14 јули 2009
Заменик-претседател
од 14 јули 2009
Лидер на најголемата партија Јозеф Даул, ЕНП
од 9 јануари 2007
Лидер на втората најголема партија Мартин Шулз, С&Д
од 5 јули 2004
Состав
Членови 736 членови
2009 European Parliament Composition.svg
Партии

     ЕНП (265)
     С&Д (184)
     АЛДЕ (85)
     Зелени – EFA (55)
     ЕРК (54)
     ЕОЛ-НЗЛ (35)
     EFD (31)

     Non-Inscrits (27)
Комисии
Избори
Изборен систем Пропорционална застапеност, партиски списоци и систем на еден непреоден глас)
Последни избори 4–7 јуни 2009
Зборно место
EP Strasbourg hemicycle l-gal.jpg
1: Стразбур, Франција (image)
2: Еспак Леополд: Брисел, Белгија
Секретаријат: Луксембург & Брисел
Мреж. место
europarl.europa.eu
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Европскиот парламент (Europarl или ЕП) е парламентарно тело на Европската Унија. Заедно со Совет на Европската Унија, го формира дводомната законодавна власт на ЕУ. Оваа институција се смета за една од најмоќните законодавни тела во светот. Парламентот и Советот на ЕУ го формираат највисокиот законодавен дом во рамките на ЕУ. Парламентот е составен од 736 пратеници, кои се избираат од страна на најголемиот транснационален демократски електорат во светот (375,000,000 гласачи во 2009) и втор по големина електорат во светот, веднаш по Индија.[1][2]Парламентот се избира на непосредни избори на секои пет години од 1979 година. Изборите се одржуваат во секоја земја членка на ЕУ посебно, независно односно одделно од локалните или парламентарните избори во матичната земја.

За разлика од поголемиот број на националните парламенти, Европскиот парламент нема право на законодавна иницијатива, и иако е тој сметан како прва институција на Европската унија, Советот на Европската Унија поседува поголема моќ во областа на законодателството во која не се применува процедурата на коодлучување. Од 1970 година, Европскиот парламент заедно со Советот, имаат полна контрола врз буџетот на ЕУ. Парламентот има задача да го усвои буџетот на унијата во целина. Парламентот исто така врши демократски надзор врз Европската комисија, вклучувајќи го и правото на вето над поставениот Претседател и целокупниот состав на Комисијата, како и право да изгласи недоверба на Комисијата. Европскиот парламент исто така практикува и политички надзор врз сите останати институции на унијата. Парламентарците се претставници на најголемите европски политички партии, како и најважните политички партии во земјата членка.

Седиштето на Европскиот парламент се наоѓа во Стразбур, каде се одржуваат редовни месечни седници, четридневни седници, според протоколот потпишан во Амстердам. Секретаријатот на Европскиот парламент се наоѓа во Луксембург.[3]Оваа поделеност на институциите била дебата на голем број иследувачи, кои сметаат дека ЕП треба да го елиминира системот на две седишта на владата.

Моментален претседател на европскиот парламент е Јержи Бузек[4], избран во јули 2009 година.

Состав[уреди]

Од 1979 година Европскиот Парламент се избира на непосредни избори. Во моментот е составен од 785 члена:

Надлежност[уреди]

Главната улога на Парламентот е создавањето различни иницијативи за развој на политиките на заедницата. Парламентот е, исто така, надзорен орган, бидејќи тој е овластен да го одобри именувањето на Европската Комисија и да ја распушти по предлог поддржан со двотретинско мнозинство. Парламентот гласа за програмата на Комисијата и го следи секојдневното управување со европските политики, особено преку поставување усни и писмени прашања до Комисијата и до Советот.

Парламентот може да формира анкетни комисии, кои ги разгледуваат жалбите на граѓаните на унијата упатени на адреса на парламентот. Договорот за Унијата го овластува Парламентот да именува Европски Омбудсман, кој постапува по жалбите во случаи на лоша администрација на активностите на институциите на Унијата.

Парламентот и Советот заедно го сочинуваат телото кое е одговорно за буџетот. Парламентот го донесува годишниот буџет и заедно со Судот на ревизори надгледува како Комисијата располага со буџетот. При тоа, секоја година дава мислење како таа располагала со средствата од буџетот во минатата година. Овој процес е познат под терминот „доделување на позитивна оцена“.

Процесот на формулирање на законодавството на Унијата се одвива на три нивоа: Комисијата ги предлага законодавните инструменти, а Парламентот и Советот го делат правото за нивното донесување.

Единствениот европски акт од 1986 година ја зголеми моќта на Парламентот во однос на законодавството, воведувајќи ја постапката на соработка. Оваа постапка предвидува две читања на законодавните предлози - од страна на Парламентот и од страна на Советот, но со активно учество на Комисијата. Договорот за Унијата отиде чекор натаму при доделувањето поголема законодавна моќ на Парламентот. Договорот ја воведува новата постапка на соодлучување во голем број важни области, со која се овластува Парламентот да донесува прописи и директиви на иста основа со Советот.

Оваа постапка се применува во областа на единствениот пазар, социјалната политика, економската и социјална кохезија, истражувањето и во новите области опфатени со Договорот за унијата - трансевропските мрежи, заштитата на човековата средина, образованието, културата и здравството. Парламентот би сакал постапката на соодлучување да биде проширена и да ги опфаќа пред се земјоделските цени, како и дефиницијата на сопствените буџетски ресурси на Унијата.

Конечно, за одредени одлуки што се од најголема важност (меѓународните спогодби, пристапувањето на нови членови, униформната постапка за избори во Парламентот, правото на жителство за граѓаните на унијата итн.), Советот мора да добие согласност од Парламентот.

Политички групи и партии[уреди]

Европскиот Парламент го сочинуваат политички групи организирани на ниво на Унијата. Тоа се:

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]