Европски ревизиски суд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европски ревизиски суд
European Court of Auditors logo.svg
Официјален амблем
Податоци за органот
Основан 1975
Држава Европска Унија
Седиште Луксембург, Луксембург
Годишен буџет Витор Мануел да Силва Калдеира
Портал
eca.europa.eu
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Европскиот ревизиски суд е петтата институција на Европската Унија. Истиот е основан 1975 година во Луксембург. Судот е составен од претставник од секоја од земјите-членки и претседател - од 2008 година, Витор Мануел да Силва Калдеира.[1]

Судот на ревизорите проверува дали е примен целокупниот приход на Унијата и дали сите нејзини трошоци настанале на легален и регуларен начин, како и дали со буџетот на Европската Унија се управува на коректен начин. [1][2] Судот има по еден член од секоја земја-членка, кои ги назначува Советот на Европската Унија, со мандат од шест години и со можност за обновување. Дури и по проширувањето ќе има по еден член за секоја земја на ЕУ, меѓутоа, за поголема ефикасност, Судот ќе може да формира “комори” (од по само неколку членови) коишто ќе усвојуваат одредени видови извештаи или мислења. Во земјите на своето потекло, сите членовите на Судот имаат претходно работено за ревизорски институции или биле специјално квалификувани за таа работа. Тие се избрани според нивната компетентност и независност, и работат само за Судот.

Членовите избираат еден од нив за претседател со три-годишен мандат.

Главната обврска на Судот е да проверува дали буџетот правилно се користи – со други зборови, да осигури приходите и трошоците на ЕУ да се легални и финансиски добро управувани. Тоа значи дека работењето на Судот го помага делотворното и отворено функционирање на системот на ЕУ. За да ги извршува овие задачи, Судот ги проверува документите на секоја организација која работи со приходите или трошоците на ЕУ. Според потреба, тој дури врши и проверки на самото место. Неговите заклучоци се запишуваат во извештаи со кои се привлекува вниманието на Комисијата и земјите-членки за проблеми од секаков вид.

За да ја извршува својата работа ефикасно, судот на ревизорите мора да остане независен од другите институции, но тој мора, истовремено, да биде во постајан контакт со нив.

Една од неговите клучни функции е да им помага на буџетските власти (Европскиот парламент и Советот на Европската Унија) со тоа што секоја година им поднесува извештај за претходната финансиска година. Коментарите што ги дава во овој годишен извештај играат многу важна улога за одлуката на Парламентот која се однесува на одобрување на Комисијата да раководи со буџетот. Покрај тоа, доколку е задоволен, Судот на ревизорите им испраќа на Советот и на Парламентот изјава на гаранција дека парите на европските граѓани кои плаќаат данок се правилно употребени. Конечно, Судот на ревизорите дава свое мислење пред усвојувањето на финансиските регулативи на ЕУ. Тој може да коментира во секое време на посебни теми, или може да дава мислење на барање на некоја од институциите на ЕУ.

Судот на ревизорите работи независно и има слобода на одлучување за тоа како да ги распореди своите ревизорски активности, како и кога да ги презентира своите заклучоци, и каков публицитет да им даде на своите извештаи и мислења. Персоналот брои приближно 550 квалификувани лица, од кои 250 се ревизори. Ревизорите се поделени во “ревизорски групи”. Тие подготвуваат првични извештаи по кои одлучува Судот. Ревизорите често пати спроведуваат инспекции во другите институции на ЕУ, во земјите- членки и во секоја земја што добива помош од ЕУ. Навистина, иако работата на Судот во голема мера е да се занимава со парите за кои е одговорна Комисијата, во практика со 90% од овие приходи и расходи управуваат властите на одделните земји. Судот на ревизорите нема правни овла стувања. Доколку ревизорите откријат измама или нерегуларности, тие таквата информација колку што е можно побрзо ја пренесуваат до одговорните тела на ЕУ, за да може да се преземат соодветни мерки.

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]