Вето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Правото на вето на Советот за безбедност при Обединетите Нации се однесува правото на вето кое го имаат само петте постојани членки на Советот за Безбедност при Обединетите Нации (Кина, Франција, Русија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави), кое им овозможува да спречат усвојување на „значајна“ нацрт резолуција, без оглед на нивото на меѓународна поддршка на истата. Ветото не се применува при процедурални гласања, што е значајно бидејќи постојаното членство на Советот за безбедност може да гласа против „процедурална“ нацрт резолуција, без да го блокира нејзиното усвојување во Советот.

Ветото се употребува кога некоја од постојаните членки т.н. П5, дава „негативен“ гласа за некоја важна нацрт резолуција. Воздржаност или отсуство од гласањето на некоја од постојаните членки не го спречува усвојувањето на некоја нацрт резолуција.

Потекло на одредбата за вето[уреди]

Идејата за право на вето на некои држави кон дејствијата на меѓународни организации не била нова во 1945 година. Од формирањето на Лигата на народите, во 1920 година, секој член на Советот на Лигата на народите, без разлика дали постојан или привремен имал право на вето во однос на секое не процедурално прашање. Од 1920 година, постоеле 4 постојани и 4 привремени членки, но во 1936 бројот на привремени членки се зголемил на 11. Поради тоа постоеле 15 права на вето. Тоа била една од неколкуте мани кои ги имала Лигата на народите, поради кои дејствувањето на многу полиња било невозможно.

Одредбата од Повелбата на ОН за едногласност помеѓу постојаните членки на Советот за безбедност (ветото) била резултат на опширни дискусии, вклучувајќи ги Вашингтонските разговори за меѓународен мир и безбедност (август – октомври 1944 година) и Јалта (февруари 1945 година). Докажано е дека Обединетото Кралство, САД, СССР и Франција биле за принцип на едногласност, и дека биле мотивирани не само од вербата во посакуваното заеднично дејствување на големите сили, туку и од тврдоглавата грижа за заштита на нивните сопствени суверени права и национални интереси. Труман, кој стана претседател на САД во април 1945 година, дури напишал во своите мемоари: „На сите наши експерти, граѓански и воени, им се допаѓаше, а без такво право на вето никаков друг аранжман не би поминал не Сенатот.

Вето системот на СБОН бил создаден со цел да ги спречи ОН да преземаат било какви идни дејства против основачите на организацијата. Една од лекциите на Лигата на народите (1919-46) била дека меѓународна организација не може да функционира без учество на сите големи сили. Исклучувањето на Советскиот Сојуз од Лигата на народите во декември 1939 година, проследено со нападот на Финска во 1939 година и со започнувањето на Втората светска војна, биле неколку од многуте настани во долгата историја на некомплетно членство во Лигата на народите.

На основачката конференција на ОН во 1944 година, веќе било одлучено постојани членки во новооформениот Совет да бидат, Британија, Советскиот Сојуз, Соединетите Американски Држави, Франција. Франција беше окупирана и поразена од Германија (1940-44 год.) но нејзината улога на постојана членка на Лигата на народите, нејзиниот статус на колонијална сила и дејствијата на нејзините Слободни Француски Сили од страната на сојузниците ѝ обезбеди место до другите четири.

Член 27[уреди]

Членот 27од Повелбата на Обединетите Нации вели:

Секоја земја членка на Советот за безбедност има еден глас.

Одлуките во Советот за безбедност за процедурални работи се донесуваат со девет позитивни гласови.

Одлуките во Советот за безбедност за сите други работи се донесуваат со девет позитивни гласови вклучувајќи ги потврдните гласови на постојаните членки под услов во одлуките врз основа на Поглавје 6, став 3 од Членот 52, странка во спор се не гласа.

Иако правото на вето не е експлицитно изразено во Повелбата на Обединетите Нации, фактот дека за „битни“ одлуки од страна на СБОН потребна е согласност од страна на постојаните членки, значи дека секоја од тие постојани членки може да спречи усвојување на било која нацрт резолуција за некое значајно прашање. Поради оваа, правото на вето се нарекува и „принцип на едногласност на големите сили“.

Искуството од правото на вето[уреди]

Користењето на ветото, и постојаната можност за негово користење, беа централни особини на функционирањето на Советот за безбедност низ историјата на ОН. Во периодот од 1945 до крајот на 2009 година, правото на вето било искористено против 215 резолуции за важни прашања, понекогаш од повеќе членки на Постојаната петка. Просечниот број на годишно искористени права на вето до 1989 година бил 5: Од тогаш годишниот просек се намалил на само едно.

Бројките го одразуваат фактот дека, членка на Советот за безбедност може да избегне да ставање на вето ако конкретниот предлог не го добие потребното мнозинство. Во првите две децении од постоењето ан ОН, западните држави најчесто успевале да ги поразат резолуциите без притоа да го користат правото на вето; и Советскиот Сојуз бил во ваква позиција во 1970-те и 1980-те години. Користењето на вето одразува степен на дипломатска изолација од страна на земјите кои го користат правото на вето за одредено прашање. Поради користењето или заканата од користење на вето, Советот за безбедност може да има ограничена улога во одредени војни и интервенции во кои се вклучени неговите постојани членки – на пример: во Алжир (1954-62 година); Суец (1956 година), Унгарија (1956 година), Виетнам (1946-75 година), Сино - Виетнамската војна (1979 година), Авганистан (1979-88 година), Панама (1989 година), Ирак (2003 година) и Грузија (2008 година).

Не сите случаи на недејствување на ОН во кризи било поради користење на вето. На пример, во текот на војната помеѓу Иран и Ирак во 1980-88 година не беше искористено правото на вето но сепак улогата на ОН беше минимална освен во завршната фаза. Исто така ограниченото вклучување на ОН во кризата во регионот на Дарфур во Судан од 2003 година па наваму, не е како резултат од користење на вето. Главниот проблем беше општ недостаток на волја за дејствување.

Од 1990 година ветото се користи умерено. Периодот од 32 мај 1990 година до 11 мај 1993 година беше најдолгиот период без користење на вето во историјата на ОН. Сè до крајот на 1989 година бројот на изгласани резолуции од Советот за безбедност бил 646 – во просек 15 годишно. Бројките за годините потоа покажуваат раст на активноста на Советот за безбедност во 1993 година, проследено со скромен степен на намалување.

Во 1950 година, Советскиот Сојуз пропушти една важна прилика да го искористи своето право на вето. Советската влада усвои политика на „празен стол“ во Советот за безбедност од јануари 1950 година, поради своето незадоволство од одбивањето на ОН да ги признаат претставниците на Народна Република Кина за легитимни претставници на Кина, и со надеж да го спречи одлучувањето на Советот за значајни прашања. И покрај тоа што во текстот на Повелбата (нема одредби за изгласување на резолуции со отсуството или воздржаноста на членка со право на вето), ова се сметало за неблокирачка воздржаност. Всушност ова веќе било пракса во Советот кој до тогаш имал усвоено бројни нацрт резолуции покрај немањето на позитивен глас од некоја од постојаните членки. Резултат од отсуството на Советскиот Сојуз од Советот за безбедност не била во позицијата за ставање на вето на 83те резолуции во Советот за безбедност на ОН (27 јуни 1950 година) и 84 (7 јули 1950 година) со кои се даде овластување на воената коалиција предводена од САД и помогне на Јужна Кореја во одвраќањето на нападите на Северна Кореја.

Најчести корисници[уреди]

Број на блокирани резолуции од страна на секоја од петте постојани членки на Советот за безбедност помеѓу 1946 година и 2007 година.[1]

Скоро половина од поставените вета во историјата на Советот за безбедност биле поставени од Советскиот Сојуз, од кои повеќето пред 1965 година. По искористувањето на првото вето во 1946 година, Русија е најчестиот корисник на ова право.

Помеѓу 1946 и 2007 година, биле искористени 384 права на вето. За тој период, ветото било користено на следниов начин:

  • САД искористиле 82 права на вето, најчесто како поддршка за Израел, помеѓу 1946 и 2007 година.. Последното американско вето во врска со Израел се случи во 2011 година.
  • Русија / Советскиот Сојуз го има искористено ветото 123 пати, најмногу од сите пет постојани членки на Советот за безбедност.

Анализа на земји[уреди]

Русија / Советски Сојуз[уреди]

Поврзано: Советскиот Сојуз и Обединетите Нации и Русија и Обединетите Нации

Во првите денови на Обединетите Нации, комесарот а подоцна и министер за надворешни работи во Советскиот Сојуз, Вајачеслав Молотов, кажал не толку многу пати што бил познат како „Г-дин Вето“.Всушност, Советскиот Сојуз е одговорен за скоро половина од поставените вета – 79 вета биле искористени во првите 10 години. Молотов редовно одбивал барања за нови членства поради противењето на САД да ги признае Советските републики. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Русија умерено го користи правото на вето.

Соединетите Американски Држави[уреди]

Поврзано: Соединетите Американски Држави и Обединетите Нации

Амбасадорот Чарлс. В. Јост, го поставил првото американско вето во 1970 година, во однос на кризата во Родезија, како и ветото во 1972 за блокирање на резолуција поврзана со Израел. Од тогаш, САД е најчестиот корисник на ветото, главно за резолуции кои го критикуваат Израел; Од 2002 година се применува доктрината Негропонте кога станува збор за користење на вето во тековниот Израелско-Палестински конфликт. Ова е постојана причина за недоразбирање помеѓу Генералното Собрание и Советот за безбедност. На 18-ти февруари 2011 година, администрацијата на претседателот Обама постави вето на резолуциите кои ги осудуваат градењето на израелски населби.

Обединетото Кралство[уреди]

Поврзано: Обединетото Кралство и Обединетите Нации

Обединетото Кралство заедно со Франција го искористи своето право на вето против усвојување на нацрт резолуција наменета за разрешување на кризата за Суецкиот канал во 1956 година. Подоцна тие се повлекоа откако САД отвори „вонредна специјална сесија“ на Генералното собрание, под условите на резолуцијата за Обединување за мир, која доведе до формирање на Вонредните Сили на Обединетите Нации 1 (ВСОН1), со усвојување на резолуцијата 1001 на Собранието.. Исто така, Обединетото Кралство го искористи правото на вето унилатерално во седум наврати во случајот на Родезија.

Франција[уреди]

Поврзано: Франција и Обединетите Нации

Франција умерено го користи правото на вето. Таа постави вето на резолуцијата во врска со независноста на Коморос во 1976 година, кога островот Мајоте беше задржан во состав на француската територија поради гласањето на локалното население. Заканата од француско вето на резолуцијата за војната во Ирак предизвика заладување на односите со САД. Франција неколку пати се закануваше со вето како поддршка на Мароко во конфликтот во Западна Сахара.

Кина (РК / НРК)[уреди]

Поврзано: Кина и Обединетите Нации

Меѓу 1946 и 1971 година, кинеското претставување во Советот за безбедност беше преку владата на Република Кина (од 1949 на Тајван) за кое време нејзините претставници го искористија правото на вето само еднаш ( за блокирање на зачленувањето на Монголската Народна Република во 1955 година, бидејќи РК ја сметаше Монголија како дел од Кина). Ова го одложи приемот на Монголија до 1960 година, кога Советскиот Сојуз изјави дека ако се блокира приемот на Монголија, Сојузот би го блокирал приемот на сите новоформирани африкански држави. Соочена со притисок, РК морала да попушти иако со протест.

По исклучувањето на Република Кина од Обединетите Нации во 1971 година, првото вето од страна на сегашниот станар, Народна Република Кина, беше поставено на 25 август 1972 година во врска со приемот на Бангладеш во Обединетите Нации. Од 6 декември 2008 година, Народна Република Кина го искористи своето право на вето шест пати; набљудувачите забележаа дека Кина се воздржува од блокирање на резолуции кои не се директно поврзани со кинеските интереси.

Реформа на правото на вето[уреди]

Поврзано: Реформи на Советот за безбедност при Обединетите Нации

Во последните години се водат различни дискусии за пригодноста на правото на вето на Советот за безбедност во денешницата. Главни аргументи се тоа дека петте постојани членки веќе не се најстабилните и одговорни земји членки во Обединетите Нации, и дека нивното право на вето ги забавува и дури спречува донесување на одлуки важни за меѓународниот мир и безбедност. Поради глобалните промени на политички и економски план од формирањето на ОН во 1945 година, беше започната сеопфатна дебата за тоа дали петте постојани членки на Советот за безбедност се најдобрите земји членки кои треба да го поседуваат ова право. Додека постојаните земји членки се сметаат за големи сили, постои дебата за нивната прикладност да поседуваат ексклузивно право на вето.

Втор аргумент против правото на вето на Советот за безбедност е дека е одлучувачко за урамнотежени политички одлуки, бидејќи секој нацрт текст треба да биде одобрен од секоја од постојаните членки пред да биде усвоена било каква нацрт резолуција. Навистина, неколку нацрт резолуции не се ни официјално презентирани на Советот за гласање поради знаењето дека некоја постојана членка ќе гласа против усвојување на истата (т.н. „џебно вето“).Исто така постои дебата за потенцијалното искористување на правото на вето како „дипломатска поддршка“ за сојузник на некоја постојана членка. Соединетите Американски Држави го имаат искористено правото на вето повеќе од било која постојана земја членка од 1972 година, особено за неурамнотежени нацрт резолуции кои ги осудуваат дејствијата и политиките на Израел.

Поддржувачите на правото на вето веруваат дека тоа и исто толку потребно во моменталната геополитичка слика, и дека без правото на вето, Советот за безбедност ќе биде отворен за демократско одлучување со „мнозинско гласање“ за прашања кои можат да се одразат на глобално ниво – одлуки кои можат да бидат насочени кон интересите на постојана членка.

Дискусиите за подобрување на ефективноста и одговорноста на ОН за меѓународните закани кон безбедноста често споменуваат реформи на правото на вето од СБОН. Предлозите вклучуваат: Ограничување на употребата на вето за битни национални безбедносни прашања; Барање на согласност од повеќе држави пред употребата на вето; Целосно укинување на ветото. Сепак, било каква реформа на правото на вето ќе биде многу тешка, ако не и невозможна. Всушност, Член 108 и 109 од Повелбата на Обединетите Нации им доделува право на вето кон било каква измена на Повелбата од страна П5, барајќи од нив одобрување на било какви модификации врз правото на вето на СБОН, која тие самите ја поседуваат: Многу е неверојатно дека некоја од П5 би прифатила реформа на Повелбата на ОН, што би можела да биде одлучувачка за нивните национални интереси.

Сепак, се тврди дека моменталното право на вето од страна на СБОН, е во основа небитно.. Со усвојувањето на резолуцијата „Обединување на Мир“ на 3 ноември 1950 година од страна на Советот, беше појаснето дека според Повелбата на ОН, П5 не можат да го спречат Генералното собрание на ОН да превзема некакви или целосни дејствија кои би биле потребни за враќање на меѓународниот мир и безбедност, во случаи кога СБОН нема да успее да ја изврши својата „основна одговорност“ на одржување на мирот. Ваквото толкување повеќе го прикажува Генералното собрание на ОН како „последниот одговорен“ – отколку како „секундарниот одговорен“ – за прашања поврзани со меѓународниот мир и безбедност, од Повелбана на ОН. Иако на различни јазици, разни високи извештаи јасно ја посочуваат резолуцијата „Обединување за мир“ како извор на потребниот механизам на ГСОН за неприфаќање на било какво вето поставено од СБОН, што претставува повеќе од одложување на дејствувањето на ОН.

Заканата од користење на ветото од П5 доведе до усвојување на, според некои коментатори, незаконски резолуции кои ја прекршуваат Повелбата на ОН. На пример, резолуцијата 1422 од 2002 година на СБОН, обновена преку резолуцијата 1487 од 2003 година, беше насочена кон изземање на мировниците и друг воен персонал кој врши операции одобрени од Советот за безбедност, од надлежноста на Меѓународниот Суд за Криминал, за период од 12 месеци. Резолуцијата 1422 беше усвоена како последица од ветото на САД од 30 јуни 2002 година насочено кон обновување на мировните операции во Босна и Херцеговина, држава членка на римскиот статут на МСК. Постоеше дискусија за зголемување на бројот на постојани членки. Земјите кои ги упатија најсилните барања за тоа се Бразил, Германија, Индија и Јапонија. Навистина, Јапонија и Германија се втори и трети најголеми финансиери на ОН, додека Бразил, најголемата Јужноамериканска држава, и Индија, најголемата светска демократија и втора најнаселена земја, се два од најголемите придонесувачи на трупи во мировните мисии на ОН. Овој предлог наиде на противење од група на земји наречена Обединување за консензус. На 21 септември 2004 година, државите од Г4 објавија заедничка изјава во која взаемно се поддржуваат во нивното барање за статус на постојани членки, заедно со две африкански држави. Секој таков предлог би вклучил изменување на Повелбата на ОН, и како таков би требало да биде прифатен од две третини од Генералното Собрание (128 гласа), како и од сите постојани членки на Советот за безбедност.

Белешки[уреди]

Дополнителна литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]