Хајлбад Хајлигенштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хајлбад Хајлигенштат
Црква Света Богородица
Црква Света Богородица
Грб на Хајлбад Хајлигенштат
Хајлбад Хајлигенштат се наоѓа во Германија
Хајлбад Хајлигенштат
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Ајхсфелд
Градоначалник Томас Шпилман (BI Menschen für Heiligenstadt)
Основни податоци
Површина 61,57 км2
Надм. височина 255 м
Население 16.188 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 263 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EIC
Пошт. бр. 37308
Повик. бр. 03606
Портал www.heilbad-heiligenstadt.de
Местоположбата на градот Хајлбад Хајлигенштат во рамките на округот Ајхсфелд
Карта
Координати 51°22′44″ СГШ 10°08′19″ ИГД / 

Хајлбад Хајлигенштат (германски: Heilbad Heiligenstadt) е бањски град во Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот Ајхсфелд.

Географија[уреди]

Хајлигенштат се наоѓа околу 14 километри источно од тромеѓето каде се сретнуваат покраините Тирингија, Хесен и Долна Саксонија. Горниот тек на реката Лајне, притока на Алер, тече низ градот од исток кон запад, а близу центарот на градот во неа се влива и реката Гајследе.

Јужно од градот е Иберг (453,2 м) сместен во Градската шума на Хајлигенштат, дел од Природниот парк Ајхсфелд-Хајних-Вератал.

Градски единици[уреди]

  • Калтенебер
  • Ренгелроде
  • Гинтероде
  • Флинсберг

Историја[уреди]

  • Хајлигенштат бил прв пат споменат во 973.
  • Во 1227 ги добил правата на град од надбискупот на Мајнц.
  • Во 1540 станал главен град на Ајхсфелд.
  • Во Триесетгодишната војна градот бил уништуван неколку пати.
  • Во 1929 биле изградени првите хидропатски солени бањи, а во 1950 градот бил означен како бања.
  • На 9 ноември 1938 била осквернавена градската синагога. За настанот е поставена плоча на градбата, кога сега е резиденција.
  • Во октомври 1989 започнале демонстрации во градот како дел од Мирната револуција во Источна Германија.
  • Во 1994, Хајлигенштат станал главен град на новиот округ Ајхсфелд, создаден преку спојување на округот Хајлигенштат и Ворбис.

Име на градот[уреди]

И покрај официјалното означување на градот како бања во 1929, а во 1950 со одлука на градскиот совет бил додаден зборот „Золехајлбад“ (Soleheilbad) на неговото име, сепак останало неговото едноставно име Хајлигенштат за време на Источна Германија. Во 1990, градскиот совет сè уште го користел само Хајлигенштат.

Меѓутоа, поштата го користела Хајлбад Хајлигенштат, како и поштенските компании и локалните поштенски банки. Всушност, помеѓу 1950 и 1990, градот бил именуван на три различни начина: како Хајлигенштат, Хајлбад Хајлигенштат или Хајлигенштат (Ајхсф.), поради Ајхсфелд.

Во 1990, градскиот совет и особен градоначалникот започнале да се залагаат за проширување на бањите и да им се зголеми нивната важност. По повторното обединување на Германија постоеле неколку градови со името Хајлигенштат во Германија. Првично, владата одбила да го преименува градот Хајлбад Хајлигенштат поради недостиг на докази дека била бања, но градот вложил жалба и тоа било одобрено.

Статуа на Теодор Шторм пред влезот на музејот Шторм

Култура и знаменитости[уреди]

Театар[уреди]

  • Културен дом Ајхсфелд („Eichsfeld Kulturhaus“)

Музеи[уреди]

  • Музеј за книжевност Теодор Шторм
  • Локален историски музеј („Eichsfeld Heimatmuseum“)
  • Музеј на источната железничка станица

Згради и споменици[уреди]

  • Замок Мајнц, седиште на управникот за Ајхсфелд, кога бил во посед на надбискупот од Мајнц.
  • Klausmühle
  • Споменик за обединувањето (Einheitsdenkmal) пред влезот на Градското собрание 2009.

Цркви и капели[уреди]

  • Св. Егидиј, исто така позната како Neustädter Kirche; започната во 13 век.
  • Св. Богородица, исто така позната како Altstädter Kirche, Liebfrauenkirche и Propsteikirche; градба од 14 век, а изградена на темели на романескна градба од 13 век.
  • Капела Св. Ана, најверојатно првично служела како костурница.
  • Св. Мартин, исто така позната како Bergkirche[2]
  • Манастир на Редемптористи и Св. Герхард, исто така познат како Paterkloster.
  • Св. Никола, исто така позната како Klausbergkirche.
  • Опатија

Познати луѓе[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]