Долна Саксонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Знаме
Државно знаме на Долна Саксонија
Грб
Државен грб на Долна Саксонија
Статистика
Главен град: Хановер
Површина: 47,618 km²
Жители: 8.002.916 30 септември, 2004
Густина на насел.: 168 жит./km²
Веб-сајт: niedersachsen.de
ISO 3166-2: DE-NI
Политика
Премиер: Кристијан Вулф (ХДУ)
Владеачка партија: ХДУ/СДП коалиција
Мапа
Germany Laender Niedersachsen.png

Со површина од 47,618 km² и околу осум милиони жители, Долна Саксонија (Германски: Niedersachsen) [ˈniːdərˌzaksən] лежи во северозападна Германија и втора по површина и четврта по население меѓу шеснаесетте сојузни германски покраини (федерални држави). Во руралните области сѐ уште се зборува долногермански, но бројот на говорниците се намалува.

Географија[уреди]

Долна Саксонија се граничи со (од север надесно) Северното Море, германските држави Шлезвиг-Холштајн, Хамбург, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Хесен и Северна Рајна-Вестфалија, и кралството Холандија. Државата Бремен формира енклава во Долна Саксонија. Поголеми градови се Хановер, Брауншвајг, Оснабрик, Олденбург и Гетинген.

Северозападниот дел на Долна Саксонија е дел од Фризија; се нарекува Ostfriesland (Источна Фризија) и лежи на брегот на Северното Море. Вклучува и седум острови, познати како Источнофризиски Острови. На југозападот на Долна Саксонија се наоѓа Емсланд, малку населена област, некогаш полна со непристапни мочуришта. Северниот дел на Долна Саксонија е апсолутно рамен, но има два планински венци на југот: Везербергланд ("Западен Ридест Регион") и Харц. Средниот дел од државата ги содржи најголемите градови и економски центри: Хановер, Хилдесхајм, Волфсбург, Залцгитер и Брауншвајг. Регионот на североисток се вика Lüneburger Heide (Линебуршка Степа), најголемата степа во Германија, а во средновековието мошне богат регион, поради трговијата со сол. На север, реката Елба ја дели Долна Саксонија од Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург. Областа на јужните брегови се нарекува Алтес Ланд и се карактеризира со многуте овошни дрва што ги поседува.

Административна поделба[уреди]

Долна Саксонија е поделена на 38 области (Landkreise или само Kreise):

Карта на областните граници во Долна Саксонија
  1. Амерланд
  2. Аурих
  3. Бентхајм
  4. Целе
  5. Клопенбург
  6. Куксхавен
  7. Дипхолц
  8. Емсланд
  9. Фризија
  10. Гифхорн
  11. Гослар
  12. Гетинген
  13. Хамелин-Пирмонт (Hameln-Pyrmont)
  1. Хановер (Hannover)
  2. Харбург
  3. Хелмштед
  4. Хилдесхајм
  5. Холцминден
  6. Лер
  7. Лихоу-Даненберг
  8. Линебург
  9. Нинбург
  10. Нортхајм
  11. Олденбург
  12. Оснабрик
  13. Остерхолц
  1. Остероде
  2. Пеине
  3. Ротенбург
  4. Шаумбург
  5. Золтау-Фалингбостел
  6. Штаде
  7. Уелцен
  8. Вехта
  9. Верден
  10. Везермарш
  11. Витмунд
  12. Волфенбутел

Исто така, има и осум независни градови, кои не припаѓаат на ниедна област:

  1. Брауншвајг (Брунзвик)
  2. Делменхорст
  3. Емден
  4. Олденбург
  5. Оснабрик
  6. Залцгитер
  7. Вилхелмсхафен
  8. Волфсбург

Политика[уреди]

Листа на премиери на Долна Саксонија[уреди]

  1. 1946 - 1955: Хинрих Вилхелм Копф (СДП)
  2. 1955 - 1959: Хајнрих Хелвеге (ГП)
  3. 1959 - 1961: хинрих Вилхелм Копф (СДП)
  4. 1961 - 1970: Георг Дидерихс (СДП)
  5. 1970 - 1976: Алфред Кубел (СДП)
  6. 1976 - 1990: Ернст Албрехт (ХДУ)
  7. 1990 - 1998: Герхард Шредер (СДП)
  8. 1998 - 1999: Герхард Глоговски (СДП)
  9. 1999 - 2003: Зигмар Габриел (СДП)
  10. од 2003: Кристијан Вулф (СДП)

Надворешни врски[уреди]


Германското знаме Сојузни покраини во Германија Германскиот грб

Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн