Живина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патки меѓу друга живина

Живина — класа на домашни птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките), и гусколиките (водни птици како патките и гуските).

Видови на живина[уреди]

Птица Исхрана Див предок Припитомување Употреба
кокошка семиња, инсекти, растенија дива кокошка Кина, ц. 3000 п.н.е. месо, јајца
патка семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца
гуска семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца


ној инсекти, растенија, семиња див ној Африка месо, пердуви, работна сила
мисирка семиња, инсекти, растенија дива мисирка Мексико месо

Отсечоци од живината[уреди]

Разни исечоци од кокошка

Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени карабатак односно батак.

Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се адаптирани на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.