Патки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патки
Период: Oligocene-Recent, 23–0 мг
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Надред: Нови птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки и сродници
Карл Лине, 1758
Потфамилии

Anatinae
Anserinae
Aythyinae
Dendrocygninae
Merginae
Oxyurinae
Plectropterinae
Stictonettinae
Tadorninae
Thalassorninae

Патките и сродниците (Anatidae) се фамилија птици во која спаѓаат патките, гуските и лебедите. Тие се распространети низ целиот свет, на сите континенти, освен Антарктикот. Тоа се птици кои во текот на еволуцијата се адаптирале за пливање, пловење на површината на водата, и во некои случаи, нуркање во плитката вода. Фамилијата содржи околу 140 вида, сместени во 40 рода. Претежно се хранат со растенија и се моногамни. Пет вида исчезнале до 1600 година, а на многу видови им се заканува изумирање.

Опис[уреди]

Патките, гуските и лебедите се мали до големи птици, со големо и долгнавесто тело.[1] Големината се движи од 26,5 cm долга и 164 грама тешка, најмалата; до 183 cm долга и 17,2 килогарми тешка, најголемата. Крилата им се кратки и заострени, поткрепени со силни мускули кои брзо ги движат при летање. Типично, имаат долг врат, иако должината варира кај различните видови. Нозете им се кратки, силни и сместени назад на телото. За разлика од другите слични фамилии кои живеат на вода, како морските нуркачи и нуркачите, патките се подобри во одењето по земја. Тие имаат прсти поврзани со ципа, кои им служат за пливање. Клуновите им се од мек кератин, со тенка, чувствителна линија од кожа на врвот.[1] Пердувите им се такви што лесно ја лизгаат водата од нив. Повеќето од патките покажуваат полов диморфизам, односно, мажјаците се покрупни и со посветли и поживи бои од женките. Овие птици се огласуваат со разни звуци, како: квакање, грачење, гровтање, трубење, и гласот на женките е подлабок од на мажјаците. [2]

Размножување[уреди]

Патките се претежно сезонски моногамни птици. Поголемиот дел, обично помалите, се со еден партнер само една сезона на парење, а поголемите, како гуските и лебедите, живеат со истиот партнер повеќе години. Овие птици се карактеристични, и се една од ретките фамилии кои имаат пенис;[3] а повеќето видови се адаптирани за копулација само во вода. Конструираат едноставни гнезда со материјал кој им е најдостапен, и најчесто само женките ги лежат јајцата. Младенчињата се раѓаат оформени, способни веднаш сами да се хранат.[2]

Врски со луѓето[уреди]

Пердувите од овие птици, порано, а и денес, се употребуваат за полнење перници, душеци, вреќи за спиење и палта.

Систематизација[уреди]

Белокрилна патка
Aix sponsa

Потфамилии и родови[уреди]

  • Потфамилија: Dendrocygninae
    • Род: Dendrocygna, свиркачки патки (8 вида)
  • Потфамилија: Thalassorninae
    • Род: Thalassornis (еден вид во Африка)
  • Потфамилија: Anserinae, лебеди и гуски (25–30 вида)
    • Род: Cygnus, лебеди (6 вида)
    • Род: Anser, сиви гуски (7 вида)
    • Род: Chen, бели гуски (3 вида)
    • Род: Branta, црни гуски (6 вида)
  • Потфамилија: Stictonettinae
    • Род: Stictonetta, (1 вид во Австралија)
  • Потфамилија: Plectropterinae
    • Род: Plectropterus
  • Потфамилија: Tadorninae
    • Род: Pachyanas
    • Род: Tadorna
    • Род: Salvadorina
    • Род: Centrornis
    • Род: Alopochen
    • Род: Neochen
    • Род: Chloephaga
    • Род: Hymenolaimus
    • Род: Merganetta
Мажјак
  • Потфамилија: Anatinae, Патки
    • Род: Anas
    • Род: Lophonetta
    • Род: Speculanas
    • Род: Amazonetta
    • Род: Chelychelynechen
    • Род: Thambetochen
    • Род: Ptaiochen
  • Потфамилија: Aythyinae, нуркачки патки
    • Род: Netta
    • Род: Aythya
  • Потфамилија: Merginae, морски патки
    • Род: Chendytes
    • Род:Polysticta
    • Род: Somateria
    • Род: Histrionicus
    • Род: Camptorhynchus
    • Род: Melanitta
    • Род: Clangula
    • Род: Bucephala
    • Род: Mergellus
    • Род: Lophodytes
    • Род: Mergus
  • Потфамилија: Oxyurinae
    • Род: Oxyura
    • Род: Nomonyx
    • Род: Biziura
    • Род: Heteronetta
  • Монотипични родови:
    • Coscoroba
    • Cereopsis
    • Cnemiornis
    • Malacorhynchus
    • Sarkidiornis
    • Tachyeres
    • Cyanochen
    • Nettapus
    • Pteronetta
    • Cairina
    • Aix
    • Callonetta
    • Chenonetta
    • Marmaronetta

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Carboneras, Carles (1992): Family Anatidae (Ducks, Geese and Swans). In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Sargatal, Jordi (eds.): Handbook of Birds of the World (Volume 1: Ostrich to Ducks): 536–629. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-10-5
  2. 2,0 2,1 Todd, Frank S. (1991). Forshaw, Joseph. уред. „Encyclopaedia of Animals: Birds“. London: Merehurst Press. стр. 81–87. ISBN 1-85391-186-0. 
  3. McCracken, Kevin G. (2000). „The 20-cm Spiny Penis of the Argentine Lake Duck (Oxyura vittata)“. „The Auk117 (3): 820–825. http://mercury.bio.uaf.edu/~kevin_mccracken/reprints/auk-117-820.pdf. 

Надворешни врски[уреди]