Хордати

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хордати
Tokay Gecko.jpg

Гекон Gekko gecko.
Систематика
Биоцарство: Животни (Animalia)
Потцарство: Многуклеточни животни (Metazoa)
Инфрацарство: Ткивни животни (Eumetazoa)
Тип: Chordata
Поттип: Мантиести хордати (Urochordata или Tunicata)
Поттип: Бесчерепни хордати (Cephalochordata)
Поттип: ‘Рбетници или черепни хордати (Vertebrata)
Класи, поткласи, инфракласи и редови на ‘рбетници

Хордатите односно хордовите животни (латински: Chordata) се најсложено градени животински организми. Еден од нивните главни белези е присуството на хорда (од каде доаѓа и името), расположена во внатрешноста на телото, грбно по целата телесна должина. Формирана е од особено сврзно ткиво, наречено хордово ткиво, чии големи и вакуолизирани клетки се исполнети со течност, со што хордата се здобива со цврстина и еластичност. Како потпорен орган таа функционира во текот на целиот живот само кај најнижите хордови животни, како амфиоксусот на пример. Кај круглоустите и дел од рибите, хордата е уште подобро развиена, а кај вишите хордати таа е редуцирана и заменета со ’рбетен столб. Втор карактеристичен белег е положбата и посебниот тип на нервен систем. Тој има грбна положба во однос на хордата, има цевчеста форма типична за хордатите и настанува со увртување на ектодермот во вид на надолжен жлеб, кој подоцна се затвора во цевка. И трет белег е што органите за дишење се развиваат од предното црево во вид на парни испакнатини на кои се наоѓаат парни странични отвори - жабрени цепнатинки. Кај нижите хордати тие постојат целиот живот, додека кај вишите се јавуваат само во почетните фази од ембрионалниот развој.