Вистински мајмуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вистински мајмуни
Период: Среден еоцен – денес
Белорак гибон, Hylobates lar.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Simiiformes
Haeckel, 1866
Фамилии

Callitrichidae
Cebidae
Aotidae
Pitheciidae
Atelidae
Cercopithecidae
Hylobatidae
Hominidae

Вистинските мајмуни, симиите или вишите примати (латински: Simiiformes) образуваат инфраред на сувоносни мајмуни (Haplorhini) кои имаат слична градба на телото со човекот. Според последните антрополошки и генетички податоци, сите мајмуни од инфраредот на вистинските мајмуни се делат на два парвредови: широконосни („новосветски мајмуни“) и тесноносни („старосветски мајмуни“). Најстарите фосили на вистински мајмуни се пронајдени во Индија во 2008 година и се од видот гуџаратска антрасимија (Anthrasimias gujaratensis). Тие датираат од пред 54,5 милиони години. Од еоценските депозити во Кина е познат родот еосимија, стар околу 45 милиони години. Во застарената систематика овој таксон се сметал за подред на антропоидите — вишите примати (Anthropoidae). Денес, заедно со аветите, вистинските мајмуни се вклучени во поткласата на сувоносни мајмуни. Времето на разделување на сувоносните мајмуни на вистински мајмуни и авети, според генетиката, се проценува на 77-80 милиони години, а претходните проценки биле 63 милиони години. Разделувањето на тесноносни и широконосни било пред 43 милиони години.

Систематика[уреди]

Следната систематика ги дава различните фамилии на вистински мајмуни, како и нивното место во рамките на редот Primates:[1][2]

  • РЕД PRIMATES
    • Подред Strepsirrhini
    • Подред Haplorrhini: авети, кучелики и човеколики мајмуни
      • Инфраред Tarsiiformes
      • Инфраред Simiiformes
        • Парвред Platyrrhini: мајмуни од Новиот свет
          • Фамилија Cebidae: мармозети, тамарини, капучини и верверични мајмуни
          • Фамилија Aotidae: ноќни мајмуни
          • Фамилија Pitheciidae: титии, сакии и уакарии
          • Фамилија Atelidae: пајаковидни мајмуни
        • Парвред Catarrhini
          • Надфамилија Cercopithecoidea (старосветски мајмуни)
            • Фамилија Cercopithecidae: старосветски мајмуни
          • Надфамилија Hominoidea
            • Фамилија Hylobatidae: гибони
            • Фамилија Hominidae: големи човеколики мајмуни (и луѓе)

Наводи[уреди]

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M. ed. Mammal species of the world (3rd ed.).
  2. Rylands AB and Mittermeier RA (2009). „The Diversity of the New World Primates (Platyrrhini)“. Garber PA, Estrada A, Bicca-Marques JC, Heymann EW, Strier KB. „South American Primates: Comparative Perspectives in the Study of Bahavior, Ecology, and Conservation“. Springer. ISBN 978-0-387-78704-6. 

Links[уреди]