Коскени риби

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коскени риби
Период: доцен силур - денес
Атлантска харинга, Clupea harengus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Инфраколено: ‘Рбетници со вилица
Наткласа: Osteichthyes
Хексли, 1880
Класи

Actinopterygii
Sarcopterygii

Во коскени риби (односно класата Osteichthyes) спаѓаат најголемиот дел од рибите, со околу 24,000 видови кои ја населуваат речиси секоја водна површина на Земјата. Поделени се во две групи: резноперкови (Sarcopterygii) и зракоперкови (Actinopterygii) риби. Резноперкови риби се дводишалките, мала група на примитивни риби кои дишат воздух, како и целакантините, за кои до неодамна се сметаше дека се изумрени, но пронајден е еден жив претставник: латимеријата.

Зракоперковите риби се поделени во две поголеми групи: примитивните есетри и кечиги, и понапредните новоперкови риби. Најпознатите видови на риби припаѓаат на новоперковите. Такви се харингата и јагулата. Други новоперкови риби се мрената, харацините (меѓу кои спаѓаат и пираните) и сомот, кои ги населуваат слатките води во тропските предели и наоколу. Лососите се адаптирале за живот на бреговите на северните океани, но тие дел од својот живот поминуваат и во слатките води. Постојат преку 9000 видови на костреши (вклучувајќи ја и туната), правејќи ги најголемиот ред на ‘рбетници. Перкиите и нивните роднини се доминантните риби во тропските морски води.

Општи карактеристики[уреди]

Скелет на коскена риба.

Коскените риби се карактеризираат со коскен скелет. Тие имаат релативно стабилен број на главени коски. Главата и пекторалниот појас се покриени со големи дермални коски. Очното јаболко е потпрено со склеротичен прстен од четири мали ковчиња, но оваа карактеристика се губи или е модифицирана кај многу денешни видови. Лавиринтот во внатрешното уво содржи големи отолити. Мозочната кутија, или неврокраниумот, е најчесто поделена на предни и задни оддели поделени со фисури. Коскените риби поседуваат бел дроб или пловен меур, што им овозможуваат рамнотежа во водата. Тие немаат перкови иглички, а перките се потпрени со лепидотрихии (коскени перкови зраци). Исто така, оваа група на риби поседува оперкулум, кој им помага да дишат без да мора да пливаат. Способни се да гледаат во боја, што не е својствено за другите риби.

Заменувачка коска[уреди]

Една од најпознатите иновации на коскените риби е ендохондралната коска или "заменувачката коска", односно коска која се окоскува внатрешно, со замена на ‘рскавицата.

Видете и[уреди]