Полумајмуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Полумајмуните (или Prosimii) ги вклучуваат лемурите, раконогот, лорите и аветите. Лемурите живеат во шумите на Мадагскар и на околните острови, а се хранат со инсекти, мали `рбетници, израстоци и лисја. Времето го поминуваат, главно, во дрвјата симнувајќи се на земјата повремено за храна. Повеќето имаат долги опашки и голем број се активни ноќе. Лорите потекнуваат од Африка и од Јужна Азија. Имаат огромни тркалезни очи и се хранат со инсекти. Аветите (тарзиерите), кои живеат во шумите во Индонезија и на Филипини, исто така, имаат огромни очи. Иако не растат повеќе од 16 cm, можат да прескокнат над 1,8 m од едно дрво на друго.
