Гусковидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гусковидни
Жолтоклун лебед (Cygnus cygnus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Инфракласа: Нови птици
Ред: Гусковидни
Родови
Распространетост

Редот на гусковидните содржи околу 150 живи видови птици, распоредени во три фамилии: Anhimidae - врескачи, кои ги има во јужна Америка, и за кои заради сличниот клун до неодамна се мислело дека спаѓаат во редот кокошковидни, Anseranatidae со единствениот вид страчкаста гуска која живее во северна Австралија и јужна Нова Гвинеја; и фамилијата Патки, којашто ги вклучува преку 140 вида пловечки птици, меѓу кои - патките, гуските и лебедите.

Сите видови се приспособени за живеење во вода и пловење по водната површина. Сите имаат ципести прсти за ефикасно пливање, но сепак, некои од нив станале претежно копнени птици.

Опис[уреди]

Телото на гусковидните е покриено со густо водоотпорно перје кое постојано го премачкуваат со масен секрет. Тие имаат набиено, цврсто тело со релативно мала глава сместена на долг врат. Освен кај фамилијата Anhimidae, клунот на гусковидните е претежно широк и сплеснат, со мека `рскавична прекривка и цврсто задебелување на крајот. Кај некои видови е прилагоден да може да се исцедува водата. Врвот на клунот често има заострен и многу цврст дел кој помага при кинење на растенијата за исхрана. Мажјаците имаат надворешен копулационен орган. Нозете на овие птици се пропорционално многу кратки, со по 4 прста, од кои 3 се насочени нанапред и поврзани со мрежница (ципа) за брзо пловење по вода. Кога се митарат повеќето видови го губат сето перје наеднаш. Во тој период имаат невпечатливи бои што им служи за заштита во времето кога не можат да летаат. Во улога на изолатор тогаш се јавуваат младите пердувчиња и масниот слој, кој го имаат под кожата. Снесените јајца им се во униформирани бои, а младенчињата се способни веднаш да живеат вон гнездото и да пловат.

Живеалиште и исхрана[уреди]

Гусковидните живеат крај вода, во мочуришта, езерца, крај реки или крај море. Некои видови поголемиот дел од животот го минуваат на отворено море, а доаѓаат на брегот само за гнездење и одгледување на младенчињата. Повеќето од нив се хранат на површината или во близина на површината на водата, некои нуркаат и се хранат со водни растенија, додека гуските и лебедите се хранат и на копно, пасејќи трева и други растенија. Гусковидните редовно голтаат камчиња кои им служат како гастролит за ситнење на храната во желудникот.

Повеќето од видовите гусковидни се одлични летачи. Дел од нив се птици-преселници, па може да прелетаат и илјадници километри од местото на гнездење до местото на презимување.

Еволуција[уреди]

Најстара позната форма на гусковидна птица е неодамна откриениот Vegavis, кој живеел во периодот на креда.[1] Се смета дека гусковидните потекнуваат од кокошкогуски (Galloanserae), пред поделбата на копнени и водени. [2]

Класификација[уреди]

Систематизацијата на гусковидните не е усогласена, односно постојат различни пристапи од разни автори. Проблем претставуваат меѓусебните односи на гуските, патките, лебедите со нуркачите патки и морските патки, кои се сметаат или како посебни фамилии или како потфамилии во рамките на една фамилија.

Роднинските врски меѓу фамилиите на гусковидните, кои најчесто се издвојуваат, се претставени на следниот дијаграм:

Гусковидни  
 
  Патки и сродници (Anatidae)  

Патки (Anatinae)


  Гуски (Anserinae)  
 

Вистински гуски (Anserini)


 

Лебеди (Cygnini)




Нуркачки патки (Aythyinae)



Морски патки (Merginae)



 

Anhimidae


 

Anseranatidae




Dromornithidae †



Presbyornithidae †



Видови[уреди]

На списокот се наведени некои од најпознатите видови од фамилијата на патките и сродниците Anatidae:

Вид, стручен назив Вид, македонски назив
 -{ Anas acuta }- Вретенарка патка, ластовичарка мк
 -{ Anas clypeata }- Патка лажичарка мк
 -{ Anas crecca }- Патка берија мк
 -{ Anas penelope }- Патка свиркач мк
 -{ Anas platyrhynchos }- Дива патка мк
 -{ Anas querquedula }- Крецка мк
 -{ Anas strepera }- Сива патка, Брешка мк
 -{ Anser albifrons }- Обична белочелна гуска мк
 -{ Anser anser }- Дива гуска мк
 -{ Anser brachyrhynchus }- Кусоклуна гуска
 -{ Anser caerulescens }- Снежна гуска
 -{ Anser erythropus }- Мала белочелна гуска мк
 -{ Anser fabalis }- Полска гуска мк
 -{ Aythya ferina }- Црвеноглав кожувар, Бугарец мк
 -{ Aythya fuligula }- Цуцулеста патка мк
 -{ Aythya marila }- Морска патка мк
 -{ Aythya nyroca }- Црн кожувар мк
 -{ Branta bernicla }- Гривеста гуска
 -{ Branta canadensis }- Канадска гуска
 -{ Branta leucopsis }- Белолика гуска
 -{ Branta ruficollis }- Црвенограда гуска
 -{ Bucephala clangula }- Четириока патка мк
 -{ Bucephala islandica }- Златоока патка
 -{ Chen caerulescens }- Снежна гуска
 -{ Clangula hyemalis }- Долгоопашеста патка мк
 -{ Cygnus atratus }- Црн лебед
 -{ Cygnus bewickii }- Mал лебед мк
 -{ Cygnus cygnus }- Жолтоклун лебед мк
 -{ Cygnus olor }- Црвеноклун лебед мк
 -{ Histrionicus histrionicus }- Арлекинка
 -{ Marmaronetta angustirostris }- Мраморна патка мк
 -{ Melanitta fusca }- Белокрила црнка мк
 -{ Melanitta nigra }- Црна патка
 -{ Mergus albellus }- Бел нуркач, Вранишче, мк
 -{ Mergus merganser }- Голем северен нуркач, Краа, мк
 -{ Mergus serrator }- Среден северен нуркач, Белез, мк
 -{ Netta rufina }- Патка превез мк
 -{ Oxyura leucocephala }- Белоглава патка мк
 -{ Polysticta stelleri }- Мала северна гуска
 -{ Somateria mollissima }- Обична северна гуска
 -{ Somateria spectabilis }- Кралска северна гуска
 -{ Tadorna ferruginea }- Лисеста гусковидна патка мк
 -{ Tadorna tadorna }- Гусковидна патка мк
  • Со ознаката мк се обележани гусковидните кои ги има во Македонија.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Clarke et al. (2005)
  2. Murray, P. F. & Vickers-Rich, P. (2004)

Надворешни врски[уреди]

  • Agnolin, F. (2007) Brontornis burmeisteri Moreno & Mercerat, un Anseriformes (Aves) gigante del Mioceno Medio de Patagonia, Argentina. Revista del Museo Argentino de Ciencias Naturales. 9:15-25.
  • Clarke, J. A. Tambussi, C. P. Noriega, J. I. Erickson, G. M. & Ketcham, R. A. (2005) Definitive fossil evidence for the extant avian radiation in the Cretaceous. Nature. 433: 305-308. doi:10.1038/nature03150
  • Livezey, B. C. & Zusi, R. L. (2007) Higher-order phylogeny of modern birds (Theropoda, Aves: Neornithes) based on comparative anatomy. II. Analysis and discussion. Zoological Journal of the Linnen Society. 149: 1-95.
  • Murray, P. F. & Vickers-Rich, P. (2004) Magnificent Mihirungs: The Colossal Flightless Birds of the Australian Dreamtime. Indiana University Press.
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: