Патка свиркач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патка свиркач
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Anatinae
Род: Anas
Подрод: Mareca
Вид: Патка свиркач
Биномен назив
Anas penelope
Карл Лине, 1758

Патка свиркач (Anas penelope) спаѓа во фамилијата патки, редот на гусковидните. Таа е честа и распространeта птица и ја има и во Македонија. Овој вид бил за првпат опишан од страна на Карл Лине во неговиот систем за класификација на видовите.

Распространетост[уреди]

Широко се распространети во Европа и Азија. Претпочита планински места со езера и големи реки.

Опис[уреди]

Патката свиркач е долга од 42 до 52 cm, има распон на крилјата од 71 до 80 cm и е тешка од 500 до 1073 грама.[2][3] Лета брзо и лесно, а полетува речиси вертикално. Ретко нурка. Кај овие патки јасно е изразен половиот диморфизам. Во сезона на парење мажјакот има сив грб и слабини, црн задник и темно зеленi летачки пердуви и брилијантна бела боја на горните делови на крилјата, кои повеќе се забележуваат во лет, но се гледаат и кога мирува. Има розев граден кош, бел стомак, костенлива глава со кремаста круна. Кога не е сезоната на парење или гнездење мажјакот личи на женката. Женката е со светло кафена боја.

Мажјак

Однесување и живеалиште[уреди]

Патката свиркач е птица на отворените простори на водата, исто така, пасиштата полни со вода или мочуришта со висока вегетација. Се храни и со растителна и со животинска храна. Се вгнездува на земјата блиску до водата, на скришни места. Овие птици се многу гласни, мажјаците се огласуваат со свиркачко „пиу пиу“, а женките имаат подлабок глас „рооур“. Вон сезона на парење тие се исклучително друштвени и често формираат големи јата.

Размножување[уреди]

Гнездото претставува мала дупка покриена со растенија, мов и пердувчиња. Снесуваат 4-11 бели јајца кои ги лежи само женката 22-28 дена. Мажјакот, пак, постојано е во близина за време на инкубацијата. .

Наводи[уреди]

  1. IUCN (2009)
  2. Floyd, T. (2008)
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.