Кукавицовидни

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кукавицовидни
Костеноградна малкоха, Phaenicophaeus curvirostris
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Кукавицовидни
Wagler, 1830
Фамилии

Cuculidae
Musophagidae
и видете во текстот.

Кукавицовидните птици (лат. Cuculiformes) образуваат ред на сродни врапчеви птици, кои традиционално се поделени на следните фамилии:

Меѓутоа, денес систематиката на оваа група е контроверзна. Сибли-Алквистовата систематика ја издигнува фамилијата Musophagidae до ред (Musophagiformes). Хоацинот продолжува да биде енигматичен; тој веројатно најдобро е да се смести во одделен, монотипски ред, особено ако тураките се сметаат за посебен ред. Кукалите и аниите понекогаш се сметаат за подфамилии на Cuculidae, или пак се сместуваат во свои посебни фамилии (Centropodidae и Crotophagidae, соодветно).

Општи карактеристики[уреди]

Кукавицовидните се најчесто птици со средна големина: најмалиот вид достигнува должина од 14 cm, додека најголемиот, благодарение на неговата долга опашка, достигнува должина од 70 cm. Опашните пердуви се постепени, но опашката никогаш не е заострена. Крилата се најчесто кратки. Стапалото на овие птици е зигодактилно, односно првиот и четвртиот прст се насочени кон назад, додека вториот и третиот кон напред. Клунот е обично краток и мазен. Повеќето видови се исклучиво сиви, кафеави или маслинесто обоени. Боите обично се образец од линии и точки. Некои видови исто така покажуваат и црнометален сјај, а светлите бои се ретки. Половите речиси секогаш се разликуваат значително по големина и тежина. Песната на кукавицовидните се состои од повторувачки серии на мелодични звуци.

Еволуција[уреди]

Фосилниот запис за оваа група птици е предмет на голем интерес. Единствената анатомија на Cuculidae (според традиционалната класификација) често овозможува лесна идентификација дури и на изолирани коски. Предисториските родови на кукавицовидни птици се познати од горниот еоцен, од пред околу 40-35 милиони години. Фосилите на тураките се среќаваат во многу подоцнежните слоеви.

Одреден број на други палеогенски фосили понекогаш се припишувале на овој ред, но тие повеќе не се вклучени овде во поскорешните систематики: горнопалеоценските до средноеоценските претставници од фамилијата Gracilitarsidae најпрво се сметале за кукавицовидни птици, но ова тврдење денес не е целосно прифатено. Сепак, тие остануваат мистериозни како резултат на нивната апоморфна анатомија и би можеле да се блиски со исто така енигматичните видови од фамилијата Sylphornithidae, познати од среден еоцен до долен олигоцен. Од долниот еоцен познати се родовите Parvicuculus и Procuculus. Родот Foro веројатно е сродник на хоацинот; се смета за "алка што недостасува" меѓу оваа птица и редот Cuculiformes, но како што е погоре наведено, многу е тешко хоацинот да се сврзе со било која современа птица.