Фамилија (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Разните нивоа на системот на научна класификација. Живот Домен Царство Колено Класа Ред Фамилија Род Вид

Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Во биолошката класификација на организмите, фамилија (од латински: familia) или семејство е таксономски ранг и таксон. Други застапени рангови се животот (живиот свет), доменот, царството, коленото, класата, редот, родот и видот. Фамилијата е сместена помеѓу редот и родот и има свој подранг, наречен потфамилија и свој надранг, наречен натфамилија.

На пример, оревот и хикоријата припаѓаат на фамилијата Оревоцветни (Juglandaceae).

Определувањето на членовите на фамилиите е работа на таксономите. Честопати се поставува прашањето дали воопшто да се признае некоја фамилија. Во голем број случаи таксономите не го делат истото мислење. Бидејќи не постојат строго утврдени правила што мора да се следат при опишувањето или признавањето на фамилиите, некои таксони се признаени насекаде, додека пак други наоѓаат поддршка мошне ретко.

Примена[уреди]

Фамилиите се корисни во еволутивните, палеонтолошките и родовите изучувања бидејќи се постабилни од нижите таксони како родот и видот.[1][2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Sarda Sahney, Michael J. Benton & Paul A. Ferry (2010). „Links between global taxonomic diversity, ecological diversity and the expansion of vertebrates on land“ (PDF). „Biology Letters“ 6 (4): 544–547. doi:10.1098/rsbl.2009.1024. PMID 20106856. PMC: 2936204. http://rsbl.royalsocietypublishing.org/content/6/4/544.full.pdf+html. 
  2. Sarda Sahney & Michael J. Benton (2008). „Recovery from the most profound mass extinction of all time“ (PDF). „Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences“ 275 (1636): 759–765. doi:10.1098/rspb.2007.1370. PMID 18198148. PMC: 2596898. http://journals.royalsociety.org/content/qq5un1810k7605h5/fulltext.pdf.