Нововилични

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нововилични
Нововилични
Период: доцна креда - денес
75–0 мг
Некои нововилични птици (надесно, од горе надолу): мандаринка, бел штрк, црна луња и црновеѓ албатрос
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
клад: Нововилични
Pycraft, 1900
Подгрупи

Новивиличните (науч. Neognathae) се птици од поткласа на нови птици (Neornithes) на класата птици. Тука влегуваат речиси сите денешни птици, со исклучок на сестринскиот таксон старовилични (Palaeognathae), каде спаѓаат тинамуа и безлетните ноевидни.

Постојат речиси 10.000 видови на нововилични птици. Првите фосили на овие птици ѝ припаѓаат на доцната креда. Оттогаш, со адаптивно распрснување овие птици добиле најразновидни особини по обликот, функци и поведението. Најголемиот клад на копнени ’рбетници се врапчевидните, кои опфаќаат околу 60% од сите птици. Со ова тие се двојно побројни по видови од глодарите) и 5 пати повеќе од лилјаците (кои имаат највеќе видови меѓу цицачите). Од друга страна пак, постојат и мошне мали редови чие сродство со другите птици е тешко да се утврди. Ваков пример е загадочниот хоацин.

Нововиличните имаат споени сокиткени коски на стапалата со издолжен трет прст и 13 или помалку пршлени. Од старовиличните се разликуваат по структурата на виличните коски.

Таксономија[уреди]

Меѓусебната сродност на нововиличните птици е предмет на многу спорови во научната јавност. Следнава класфиикација се води според Livezey & Zusi, 2007,[1] Hackett et al, 2008, Nesbitt, Ksepka & Clarke, 2011 и McCormack et al, 2012.[2][3]



Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.helsinki.fi/~mhaaramo/metazoa/deuterostoma/chordata/archosauria/aves/neognathia.html
  2. John E. McCormack et al.. „[http: http://arxiv.org/abs/1210.1604 A phylogeny of birds based on over 1,500 loci collected by target enrichment and high-throughput sequencing]“. http: http://arxiv.org/abs/1210.1604. 
  3. http://jboyd.net/Taxo/changes.html
  • Mindell, David P. & Brown, Joseph W. (2005): The Tree of Life Web Project - [1], 14 декември 2005
  • Mindell, David P.; Brown, Joseph W. & Harshman, John (2005): The Tree of Life Web Project - Neoaves. 14 декември 2005

Надворешни врски[уреди]