Сивоврановидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Модроврани)
Мордроврани
Европска смрдиврана
Coracias garrulus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Модроврани
Forbes, 1884
Семејства

Alcedinidae
Brachypteraciidae
Bucerotidae (спорно)
Cerylidae
Coraciidae
Halcyonidae
Meropidae
Momotidae
Phoeniculidae (спорно)
Todidae
Upupidae (спорно)

Сивоврановидни (науч. Coraciiformes) — група или ред на најчесто живописни сродни врапчеви птици која ги вклучува рибарчињата, пупунците, смрдивраните, пчеларките и птиците-носорози. Кај нив обично се среќава синдактилија, при што три прсти се насочени напред (прстите 3 & 4 се споени во нивните основи), иако кај повеќето рибарчиња еден од овие прсти отсуствува.

Ова е претежно ред од Стариот Свет, додека нивниот број во Новиот Свет е ограничен на десетина или повеќе видови на тоди (Todus sp.) и момоти (Momotidae), како и речиси 90 видови на рибарчиња. Ова е најразновидниот ред судејќи според телесната тежина на птиците, која се движи од 5,5 грама (порторикански тод, Todus mexicanus) до 4,5 килограми тешката ’ртската рогата врана (Bucorvus leadbeateri), секако ова важи за оние класификациски шеми каде птиците-носорози се сметаат за дел од овој ред.

Името Coraciiformes значи „сивоврановидни“, што е збунувачки, бидејќи тие се врапчевидни птици. Поточно, ова име доаѓа од латинскиот збор "corax" што значи сивоврана и "forma" што се додава на крајот од редовите на животни.

Основни одлики[уреди | уреди извор]

Обично рибарче (Alcedo atthis).

Клунот е силен и задебелен и има различна големина и изглед — кај птиците-носорози тој е доста голем и украсен со рожести секреции во облик на обоен гребен; кај момотите тој е прилагоден за рассечување на инсекти; кај пчеларките тој е долг, тенок и свиен надолу. Пердувите се густо распоредени, сјајни и живописно обоени. Кај рибарчињата тие се масни, што оневозможува мокрење на пердувите во текот на нуркањето во водата. Летот е елегантен и акробатски како кај пчеларките, или брз и издржлив како кај рибарчињата, додека кај пупунците е ундулаторен. Птиците-носорози во текот на летот произведуваат свирежни звуци многу слични на туканите и кои потсетуваат на звукот кога од вентил се испушта пареа под притисок. Опашката се состои од десет до дванаесет летни пердуви и има различна должина, која кај јужноамериканските момоти ја надминува должината на телото.

Систематика и филогенија[уреди | уреди извор]

На овој ред денес се гледа како на измешана група, при што во него би можеле да влегуваат само смрдивраните. Вака гледано, сите други семејства тогаш би се сметале за еволутивни линии на птици кои се подалечни роднини на сивоврановидните.

Молекуларните истражувања укажуваат на тоа дека сивоврановидните би можеле да се поделат на основна (базална) група која не е предалечна роднина на клукајдрвците (Piciformes) и на понов, изведен подред кој ги содржи главно рибарчињата (Johansson & Ericson, 2003). Местото на некои фосилни претставници е нејасно, бидејќи некои од нив се блиски со клукајдрвците.

Неразрешени

Едно скорешно истражување укажува на тоа дека следните семејства би можеле да припаѓаат на одделен ред наречен Bucerotiformes. Но, ова е далеку од разрешено.[1]

  • Семејство Bucerotidae (птици-носорози)
  • Семејство Upupidae (пупунци)
  • Семејство Phoeniculidae (дрвопупунци)

Кукавичката модроврана (како единствен вид од Leptosomatidae) веројатно не припаѓа овде. Понекогаш трогоните се сместуваат во овој ред како семејство Trogonidae. Горноеоценските видови од Palaeospizidae исто така понекогаш се сместуваат во овој ред, како што и долно и средноеоценските претставници од Primobucconidae и средноеоценските до долноолигоценските видови на Sylphornithidae.

Основна група

Подред Alcedini

  • Семејство Todidae (тоди)
  • Семејство Momotidae (момоти)
  • Семејство Alcedinidae (речни рибарчиња)
  • Семејство Halcyonidae (рибарчиња кои ловат од дрвја)
  • Семејство Cerylidae (појасни рибарчиња)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-01-08. Посетено на 2010-11-29.