Бел штрк

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Штрк
Бел Штрк, Ciconia boyciana
Бел Штрк, Ciconia boyciana
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Птици
Подкласа: Neornithes
Инфракласа: Neognathae
Надред: Neoaves
Ред: Ciconiiformes
Фамилија: Ciconiidae
Gray, 1840
Родови

Anastomus
Ciconia
Ephippiorhynchus
Jabiru
Leptoptilos
Mycteria

Штркот припаѓа на редот Ciconiiformes птици, кој е составен од така наречените долгоноги птици во кои освен штрковите, припаѓаат и ибисот, белата чапја и други.

[уреди] Изглед

Белиот штрк е добро познат и лесно препознатлив по своите бели пердуви, црни врвови на крилјата и опашката, долги нозе и долг црн клун. Живее во мочуришта, влажни и поплавни подрачја до реки и езера, а гнездата освен на дрвјата, често ги свива и во населби, на покриви на куќи или електрични столбови. Храна бара или во плитка вода или во тревници, а најчесто јаде жаби, големи бубачки, но и гуштери, млади птици и глодари. Се огласува со клопот на клунот.

[уреди] Размножување

Во големо гнездо женката снесува пет јајца. За јајцата како и за младите птички, се грижат двата родители. Летаат бавно, но издржливо и во лет можат да поминат големи оддалечености.

[уреди] Распространетост

На есен се селат во Африка и Индија каде што презимуваат. За време на селидбата често едрат на топли воздушни струи (термали). Голема опасност за овој вид, како и за сите мочуришни птици, претставува сушењето на мочуриштата и големата употреба на пестициди.