BirdLife International

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Birdlife International
Тип заштита, добротворност
Oснована 1993 (1993)
Седиште Кембриџ, Англија
Клучни личности Италија Марко Ламбертини (извршен директор)
Јапонија Принцеза Такамадо (почесен претседател)
Портал http://www.birdlife.org/

BirdLife International е глобално партнерство на природозаштитни организации кое има за цел да ги запази и заштити птиците, нивните живеалишта и глобалната биоразновидност, и за таа цел работи со месните населенија за да се постигне одржливо искористување на природните ресурси. Ова е најголемото партнерство на природозаштитни организации во светот, со преку 100 организации членки од земји на сите континенти. Како такво, BirdLife е врховниот орган за контрола на состојбата на птиците, нивните живеалишта и проблемите со кои се соочуваат.

Застапник на BirdLife во Македонија е Македонското еколошко друштво[1]

Историјат[уреди]

Организацијата BirdLife International е основана во 1922 г. од американските орнитолози Т. Гилберт Персон и Жан Теодор Делакур како „Меѓународен совет за заштита на птиците“ (англ. International Council for Bird Preservation). Сегашното име го добила во 1993 г.

Регионални активности[уреди]

BirdLife води заштитни програми во разни региони од светот: Африка, Северна, Средна и Јужна Америка, Азија, Европа и Централна Азија, на Блискиот Исток, во Океанија и на Карибите.

Глобални програми[уреди]

Во рамките ана секој регион, организацијата спроведува глобални програми: „Глобална програма за морски птици“, „Спречување на изумирања“, „Патишта на летање“, „Климатски промени“, Шуми на надежта, „Оспособување на месното население“ и „Важни птичји подрачја“.[2]

Списание[уреди]

Организацијата го издава тримесечникот World Birdwatch со новости и стручни написи за птиците, нивните живеалишта и нивната заштита во светот.

Црвен список[уреди]

BirdLife International е органот надлежеб за птици во составувањето на црвениот список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „Критично загрозени“, „Загрозени“ и „Ранливи“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Партнери на BirdLife: Македонија (англиски)
  2. англ. Global Seabird Programme, The Birdlife Preventing Extinctions Programme, Flyways Programme, Climate Change Programme, Forests of Hope Programme, Local Empowerment Programme и Important Bird Areas Programme.

Надворешни врски[уреди]

Македонски организации[уреди]