Гнездо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гнездото претставува живелиште за животни кое служи за несење јајца и одгледување на подмладокот. Вообичаено е направено од органски материјали како: гранчиња, листови, кал, трева и сл., но може да биде и едноставна дупка во земјата, во дрвјата, карпите или на згради. Материјалите изработени од човекот, како што се: пластика, хартија, платно, коса, може да се искористат за правење гнездо. Секој вид има сопствен стил на градење гнездо. Може да се сретнат во различни живеалишта. Примарно, гнезда градат птиците, но може да бидат изградени и од други животни: цицачи (на пр. верверици), риби, инсекти (оси, термити, пчели), влекачи (змии, желки) итн. Поривот за создавање и градење гнездо произлегува од инстинктот за размножување кај животните.

Птичји гнезда[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Птичје гнездо.

Повеќето видови птици градат разни видови гнезда, но има и такви кои ги снесуваат јајцата незаштитено, директно на земја. Видовите гнезда варираат од многу едноставни, речиси воопшто необложени дупки во земјата, до перфектно изградени сложени конструкции. Некои птици градат гнезда на дрвја, други на гребени и карпи, трети на вода, итн. Може да ги содржат некои или сите елементи: структурен слој, сврзувачки материјали, надворешна декорација и постава.

Сателитски гнезда[уреди]

Покрај основното гнездо, некои организми градат и сателитски гнезда. Тие можат да бидат лоцирани на променливи растојанија. Овие гнезда се користат како обезбедување од предаторите и паразитите. Ако основното гнездо е нападнато, ќе има некои членови на гнездото коишто може да преживеат во сателитското гнездо.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]