Јајце

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јајце (лат. ovum) е органска форма во која најпрвин почнува да се разбвива ембрионот. Кај повеќето птици, влекачи, инсекти, мекотели, риби, и два вида цицачи (клунести ежови и клунари) јајцето претставува зигот, кој е исфрлен од телото, па ембрионот може да се развива самостојно, надвор од телото на мајката.

Градба на јајцето:
1. лушпа
2. надворешна мембрана
3. внатрешна мембрана
4. халаза (“папочна врвка“)
5. надвореше албумен (белка)
6. средиштен албумен (белка)
7. вителинска мембрана (обвивка на жолчката)
8. содржина на жолчката
9. бластодерм
10. жолта жолчка
11. бела жолчка
12. внатрешен албумен (внатрешен дел на белката)
13. халаза (“папочна врвка“)
14. воздушна комора
15. кутикула

Опис[уреди | уреди извор]

Јајцето најчесто има неправилна топчест облик, со различна големина и боја на лушпата, во зависност од видот на живиот организам. Тоа настанува од оплодена женска јајцева станица, што уште се вика јајце-клетка или гамет и претставува најран облик на самостоен развој на новото живо суштество.

Според квалитетот, односно начинот на употреба јајцата во важечката европска стандардизација се класифицираат во две класи:[1]

  • “А“ класа (свежи јајца)
  • “Б“ класа (јајца наменети за индустриска преработка)

Физички одлики[уреди | уреди извор]

Со тежина од 1,5 килограми јајцето од ној во моментов е најголемото јајце што е познато во природата. Изумрениот вид праисториски животни, како Aepyornis и некои диносауруси, имале поголеми јајца. Птицата од видот колибри има најмало птичјо јајце, кое тежи половина грам. Јајцата што ги несат некои влекачи и повеќето риби можат да бидат и помали, а оние од инсектите и другите безрбетници се уште помали.

Според големината јајцата од птиците (обично кокошки) се класифицираат во 4 класи:

  • XL - многу големи (потешки од 73 г)
  • L - големи (63 - 73 г)
  • M - средни (53 - 63 г)
  • S - мали (полесни од 53 г)

Јајцето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Јајцето како мотив во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Приготвено јајце“ (англиски: A Cooking Egg) - песна на британскиот поет Т.С. Елиот од 1920 година.[2]
  • „калој и пржени јајца за вечера“ - расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[3]
  • Кобни јајца“ - книга на рускиот писател Михаил Булгаков.[4]
  • „Јајце“ (српски: Јаје) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[5]
  • „Едно јајце, жар црвено“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[6]

Јајцето како мотив во музиката[уреди | уреди извор]

Изрази[11][уреди | уреди извор]

  • Во јајцето влакно бара - ситничар е.
  • Гази како на јајца - оди внимателно, на прсти.
  • Гајгурови јајца ќе добие - ништо нема да добие.
  • (ирон.) Големи јајца - нешто безначајно.
  • Го чува како велигденско/црвено јајце - многу се грижи за некого.
  • И јајце ќе снесе - ќе направи сѐ за да ја постигне целта.
  • Квачи јајца - ништо не работи.
  • (книж.) Колумбово јајце - смело, остроумно решение на тежок проблем.
  • Кукавичино јајце - туѓ проблем наметнат некому.
  • Му дојде јајцето на газот - крајно време е некој да направи нешто.
  • На јајцето уште коко му вика - уште е млад и неискусен.
  • Си личат како јајце на јајце - многу се слични.
  • Удри јајца на масло - почна да троши многу.

Гатанки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Council Regulation (EC) No 5/2001 of 19 December 2000 amending Regulation (EEC) No 1907/90 on certain marketing standards for eggs (анг.)
  2. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 36-37.
  3. Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
  4. Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
  5. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 145.
  6. Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 14-15.
  7. Discogs, Beastie Boys ‎– Paul's Boutique (пристапено на 25.9.2019)
  8. Discogs, Dead Can Dance ‎– The Serpent's Egg (пристапено на 24.5.2020)
  9. Discogs, Danielle Dax ‎– Jesus Egg That Wept (пристапено на 18.12.2017)
  10. DISCOGS, The Future Sound Of London ‎– Lifeforms (пристапено на 13.11.2020)
  11. „јајце“Дигитален речник на македонскиот јазик