Пластика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Повеќе пластични предмети од секојдневието.

Поимот пластика покрива неколку синтетички или полусинтетички продукти на полимеризација. Тие се составени од органска кондензација или полимери за дополнување и често содржи други супстанции за подобрување на перформансот или економичноста. Постојат неколку природни полимери што општо се земени за „пластика“. Пластиката може да се обликува во различни предмети, филмови или влакна, да се обликуваат и од нив да се прават предмети со различна форма, а можат и да се бојат во различни бои. Тие се отпорни на вода, атмосферски влијанија, на корозија, на голем број хемикалии, а некои од нив издржуваат и високи температури. Нивното име е изведено од фактот дека многу од нив ја имаат карактеристиката пластичност. Пластичните производи имаат најразлични карактеристики како толеранција на топлина, тврдост, отпорност и други. Поради разновидните и специфични својства, имаат големо економско значење и разновидна примена. Од пластични материјали се произведува облека, чевли, чанти, многу предмети што се користат во домаќинствата, како на пример, приборот за јадење, разни садови итн..