Соколовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Соколовидни птици
Кафеав сокол
Falco berigora
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Соколовидни
Sharpe, 1874
Фамилии

Accipitridae
Pandionidae
Falconidae
Sagittariidae

Редот на соколовидни птици (или Falconiformes) е група која се состои од околу 290 видови на диурнални грабливи птици. Систематиката на соколовидните е отежната.

Потешкотии во систематиката[уреди]

Традиционално сите соколовидни птици се групирани во четири фамилии во овој единствен ред. Меѓутоа, во Европа стана вообичаено соколовидните птици да се разделуваат на два реда: соколите и каракарите остануваат во редот Falconiformes (со околу 60 видови во 4 групи), додека останатите 220 видови (вклучувајќи ги и оние од фамилијата Accipitridaeорли, јастреби и многу други) се сместуваат во посебен ред - Accipitriformes. Праисториска фамилија позната само од фосилни остатоци е Horusornithidae.

Тезата за поделба на соколовидните на повеќе редови доаѓа од тоа што редот би можел да не споделува единствена еволутивна линија која е ексклузивна за другите птици. Најконтроверзната, но истовремено и најдобро поткрепена со докази, теорија е онаа што вели дека Cathartidae не се соколовидни птици, туку се поврзани со штрковите, во посебниот ред Ciconiiformes. Меѓутоа, морфолошките докази го поткрепуваат заедничкото потекло на соколовидните птици, како и тоа дека Strigiformes би можеле да се исто така многу блиски со Falconiformes.

Анализите на кариотипот укажуваат на тоа дека јастребите од Новиот свет (фамилија Cathartidae) се навистина одделни, како и тоа дека Accipitridae стои настрана од сите други соколовидни птици, бидејќи нивните микрохромозоми покажуваат висок степен на спојување со средно-големите хромозоми, што е единствена појава кај птиците (de Boer 1975, Amaral & Jorge 2003, Federico et al. 2005). Дали ова има вредност за поддршка на предложениот ред Accipitriformes е сè уште предмет на расправа, но барем потврдува дека аципитридите се монофилетска група.

Постои една скорешна теорија [1] основана на генетски истражувања која вели дека соколите се поблиски со папагалите и врапчевидните птици отколку со другите (вклучувајќи ја и фам. Accipitridae), како и тоа дека според претходно кажаното, соколовидните не образуваат монофилетска група дури и ако се исклучат претставниците од фам. Cathartidae.

Особини[уреди]

Соколовидните се познати од среден Еоцен (а можен базален род е Masillaraptor од Мезел Пит). Тие обично имаат остар кукест клун со восковица (мека маса) на проксимодорзалната површина, во која се сместени ноздрите. Нивните крила се долги и доста широки, погодни за брз лет, при што надворешните 4-6 примарни пердуви се емаргинирани.

Соколовидните имаат силни нозе и стапала со соколски канџи и спротивна задна канџа. Речиси сите соколовидни се месојадни, ловејќи со помош на остриот вид во текот на денот или на зајдисонце. Тие живеат мошне долго и повеќето имаат низок степен на репродукција.

Наводи[уреди]

  1. Hackett, Shannon J.; Kimball, Rebecca T.; Reddy, Sushma; Bowie, Rauri C. K.; Braun, Edward L.; Braun, Michael J.; Chojnowski, Jena L.; Cox, W. Andrew; Han, Kin-Lan; Harshman, John; Huddleston, Christopher J.; Marks, Ben D.; Miglia, Kathleen J.; Moore, William S.; Sheldon, Frederick H.; Steadman, David W.; Witt, Christopher C.; Yuri, Tamaki: A phylogenomic study of birds reveals their evolutionary history.Science, p1763, 27 Jun 2008