Бекасови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бекасови
Бекасови
Период: доцна креда-денес, 75–0 мг
Маскирана калуѓерка (Vanellus miles)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Ред: Бекасови
Huxley, 1867
Фамилии

во текстот.

Бекасовите птици (науч. Charadriiformes) се ред од мали до средно големи птици кој вклучува околу 350 вида, а се распространети низ целиот свет. Повеќето од видовите живеат крај вода и се хранат со без’рбетници или други ситни животни. Во тежина варираат од 19 гр. до 2 кг. Многу од видовите имаат долги нозе со три прста, а често и подвижен четврти прст. Обично се гнездат на земја, но некои прават гнездо и на дрво. Пилињата се веднаш способни сами да се хранат. Овие птици се долговечни, а живеат во мочвари и на бреговите од езерата и морињата, некои од нив живеат во пустински делови и шуми.

Систематизација[уреди]

Подредови[уреди]

Редот на бекасовите се дели на 3 подреда:

  • Бекаси (Charadrii): типични крајбрежни птици;
  • Галеби (Lari): ова се малку поголеми видови кои ловат риба од морето, или се хранат од остатоци од брегот, грабат од други помали видови и се адаптирале на живот и на копно;
  • Норки, алки (Alcae): крајбрежни птици што гнездат на морски гребени и „летаат“ под вода во лов на риба.

Фамилии[уреди]

  • Подред Scolopaci
    • Фамилија Scolopacidae
  • Подред Thinocori
    • Фамилија Rostratulidae
    • Фамилија Jacanidae
    • Фамилија Thinocoridae
    • Фамилија Pedionomidae
  • Подред Lari
    • Фамилија Laridae
    • Фамилија Rhynchopidae
    • Фамилија Sternidae
    • Фамилија Alcidae
    • Фамилија Stercorariidae
    • Фамилија Glareolidae
    • Фамилија Dromadidae
  • Подред Turnici
    • Фамилија Turnicidae
  • Подред Chionidi
    • Фамилија Burhinidae
    • Фамилија Chionididae
    • Фамилија Pluvianellidae
  • Подред Charadrii
    • Фамилија Ibidorhynchidae
    • Фамилија Recurvirostridae
    • Фамилија Haematopodidae
    • Фамилија Charadriidae

Литература[уреди]


Катогија:Птици по класификација