Долгоопашеста патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долгоопашеста патка
Мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Merginae
Род: Clangula
Leach, 1819
Вид: Долгоопашеста патка
Биномен назив
Clangula hyemalis
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Genus:
Harelda Species:
Harelda hyemalis

Долгоопашестата патка (Clangula hyemalis) е средно-голема водна патка. Таа е единствен жив член која припаѓа на видот Clangula.[2] Ја има во Македонија.

Распространетост[уреди]

Распространета е во Европа, Азија и Северна Америка. Најчесто живее на планински езера и реки. Може да се сретнат сами, во пар или во мали јата по морските крајбрежја.

Опис[уреди]

Женка
Мајка и шест пајчиња

Долгоопашестата патка е тешка меѓу 0,5 и 1,1 килограми, долга е од 38 до 60 см, а распонот на крилјата е околу 75 см. Има полов, сезонски и возрасен диморфизам. Лeтно време, кај мажјакот, главата и вратот се црни, главата од страна е сива, а грбот и крилјата се кафени со црни линии. Одоздола е белузлав. Опашката му е долга 10-15 см. Преку зима, тој е речиси целосно бел, само вратот, опашката, мал дел од крилата и една точка под окото му се црни. Женката е кафена со релативно кратка остра опашка. Во зимскиот период, главата и вратот на женката се бели со темни дамки. Во летниот период, главата е темна. Младенчињата личат на возрасните женки со посветли пердуви и помалку впечатливи бели дамки. Огласувањето на мажјаците е музикално јодлување.

Живеалиште и исхрана[уреди]

Долгоопашестите патки живеат во тундра, планински езера и морски брегови. Гнездата ги градат близу до вода, на места обраснати со густи растенија. Тие се птици преселници, и за време на миграцијата сe собираат во големи јата. Најбројни се во областа на Балтичкото Море каде за презимување се собираат 4,5 милиони. Се хранат нуркајќи во потрага по мекотели, ракови и мали риби. Иако обично се хранат блиску до површината, тие се способни да нурнат до 60m длабочина.

Размножување[уреди]

Женката снесува 5-12 зеленикаво-кремасти јајца, големи 54 х 38 мм и со тежина околу 43 гр. Ги лежи само женката 24-29 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат да се движат и хранат. Годишно одгледуваат само едно легло.

Статус[уреди]

Долгоопашестата патка е една од видовите на кои се применува Спогодбата за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]

  • Svensson, Lars and Grant, Peter J. Collins Bird Guide. London: HarperCollins, 1999. 1st edition p. 64.
  • Kightley, Chris and Madge, Steve. Pocket Guide to the Birds of Britain and North-West Europe. Nr. Robertsbridge: Pica Press, 1998. p. 48.

Надворешни врски[уреди]