Морска патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морска патка
Период: Pleistocene–Recent[1]
Возрасен мажјак
Возрасна женка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Aythyinae
Род: Aythya
Вид: Морска патка
Биномен назив
Aythya marila
(Linnaeus, 1761)
Подвид

A. m. marila (Linnaeus, 1761)
A. m. nearctica (Stejneger, 1885)
>

Распространетост

Морските патки (Aythya marila) се средно големи нуркачи, иако се малце поголеми од другите видови патки. Овие се циркумполарни видови, што значи дека се распространети на едниот од половите на Земјата. Летото го поминуваат во Алјаска каде што се вгнездуваат, исто така и во северна Канада, Сибир и најсеверните делови на Европа. За време на зимата тие мигрираат во јужните делови на Северна Америка, Европа и Јапонија. Ја има и во Македонија.

Распространетост[уреди]

Морската патка има циркумполарна дистрибуција, парењето и вгездувањето е во опсег на Арктичкиот круг, и во стариот и во новиот свет. Во Европа, морската патка се пари и вгездува во Исланд, најсеверниот дел на крајбрежјето на Скандинавскиот Полуостров, вклучувајќи ги и делови од северниот дел на Балтичкото Море и високите планини на Скандинавија и деловите на Арктичкото Море во Русија.[3][4]

Опис[уреди]

Морската патка има изразен полов диморфизам. Мажјакот е поголем и има покружна глава од женката, тие имаат светло син клун и жолти очи. Имаат црни глави со светликава зелена нијанса, бели пердуви на крилјата со црни завршетоци, а грбот име во црно-бели тенки линии. Женките се повеќе кафени, со посветли и потемни нијанси лоцирани на некои делови од нивните крилја. Тие исто имаат светло син клун, но малце поискривен од мажјакот. Возрасната морска патка е долга 39–56 cm со распон на крилјата 71–84 cm и телесна тежина од 726 до 1360 грама.

Размножување[уреди]

Морската патка се вгнездува близу вода, типично на острови близу до северните езера. Тие почнуваат да прават фамилија втората година од нивниот живот, но понекогаш дури уште во првата година. Огласувањето за време на додворувањето, кое започнува при крајот на зимата, е меко брзо свиркање. Додворувањето претставува сложена процедура која завршува со создавање моногомани парови. Се гнездат близу едни до други во големи колонии. Гнездото претставува длабнатина која ја прави женката, и каде снесува шест до девет маслинестокафени јајца. По снесувањето на јајцата, мажјакот ја напушта женката и оди во засолнети езерца кои може да се блиску или многу оддалечени од гнездото. Малечките се испилуваат некаде 24-от или 28-от ден. Малите патчиња веднаш по испилувањето можат да ја следат мајката за да бараат храна.

Исхрана[уреди]

Јато патки се хранат

Морската патка бара храна на површината на водата. Се храни со мекотели, морски растенија и инсекти. Забележано е дека оваа патка голтнала голема жаба (со должина од 5 см), но ја однела на копно за да ја изеде. [5] Може да нурнат до 6 м во длабочина и да се задржат под вода и до 1 минута. Вон езерата, морската патка се храни со семиња и растенија, лисја, мали коренчиња.[6] Owing to the Greater Scaup's webbed feet and weight, it can dive up to 6 metres (20 ft) and stay submerged for up to a minute, allowing it to reach food sources that are unobtainable to other diving ducks.[7]

Морската патка формира големи јата, кои можат да содржат до илјада птици. Нивните најголеми предатори се луѓето. Бројот им се намалува од 1890 година, но сепак се вид кој е најмалку загрозен.[2]

Наводи[уреди]

  1. Alvarez, Rafae (1977). „A pleistocene avifauna from Jalisco, Mexico“. University of Michigan. стр. 214. http://141.213.232.243/bitstream/2027.42/48486/2/ID336.pdf. конс. 6 December2011. 
  2. 2,0 2,1 BirdLife International (2012). Aythya marila. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/100600482. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  3. Ullman, Magnus (1992). „Fåglar i Europa“. Wahlström & Widstrand. стр. 102. ISBN 91-46-17633-0. 
  4. Delin, Håkan (2001). „Färgfotoguiden över alla Europas fåglar“. Bonniers. стр. 50. ISBN 91-34-51940-8. 
  5. Mayntz, Melissa. „Greater Scaup“. About.com. http://birding.about.com/od/birdprofiles/p/greaterscaup.htm. конс. 20 August 2011. 
  6. „Greater Scaup“. Ducks Unlimited. http://www.ducks.org/hunting/waterfowl-id/greater-scaup. конс. 1 November 2011. 
  7. „Greater Scaup“. „Audubon“. National Audubon Society. http://birds.audubon.org/species/gresca. конс. 26 October 2011. 

Понатамошно читање[уреди]

Надворешни врски[уреди]