Лисеста гусковидна патка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лисеста гусковидна патка
Пар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Tadorninae
Род: Tadorna
Вид: Лисеста гусковидна патка
Биномен назив
Tadorna ferruginea
(Pallas, 1764)
Синоними

Casarca ferruginea
Anas ferruginea
Casarca rutila

Лисестата гусковидна патка, Tadorna ferruginea, е член на фамилијата патки, редот гусковидни. Ја има во Македонија.

Распространетост[уреди]

Лисеста гусковидна патка
во Индија

Има многу мала популација од овој вид во северно-западна Африка и Етиопија, но главната територија на парење е во северо-источна Европа и Азија.

Опис[уреди]

Ова е птица на отворена земја и се вгнездува на карпи, во дупки или пукнатини далеку од вода, снесуваат 6-16 кремасто-бели јајца. Тоа се карактеристични видови, долги се 58-70 cm и имаат распон на крилјата 110–135 cm. Тие имаат портокалово-кафеава боја на телото и бледа глава. Крилјата се бели со црни пердуви за летање. Половите се слични, но мажјаците во сезоната на парење имаат црн прстен на дното од вратот, а женките често имаат побело лице. Се огласуваат со гласно, диво трубење. Претежно живеат во парови.

Исхрана[уреди]

Лисестата гусковидна патка се храни и со растителна и со животинска храна. Ја наоѓа и на суво и во вода.

Статус[уреди]

Лисестата гусковидна патка е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи[уреди]