Дива гуска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Дива гуска
Западна дива гуска (Anser anser anser).
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Anatidae
Род: Anser
Вид: A. anser
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Биномен назив
Anser anser
(Linnaeus, 1758)
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Синоними

Anas anser Linnaeus, 1758

Дивата гуска (Anser anser) е птица која е нашироко распространета во Стариот свет. Таа е типски вид на родот Anser.

Овој вид е предок на припитомената домашна гуска во Европа и Северна Америка. Многу се чести и јатата од гуски кои од припитомени повторно преминале на живот во дивината.

Дивата гуска е еден од видовите на кои се однесува Спогодбата за конзервација на африканско-евроазиските прелетни водни птици (AEWA).

Во самата наука, дивата гуска е најпозната како птицата со која етологот Конрад Лоренц првично го проучувал феномнеот во однесувањето попознат како импринтинг.

Физички опис[уреди]

Дивата гуска е најголема и најгломазна од сивите Anser гуски. Поседува заоблено, гломазно тело, дебел и долг врат, како и голема глава и клун. Има розови нозе и стапала и портокалов или розов клун.[1] Долга е 74 до 91 cm, со должина на крилјата од 41,2 до 48 cm. Опашката е долга 6,2 до 6,9 cm, а клунот 6,4 до 6,9 cm. Тежи 2,16 до 4,56 kg, со просечна тежина од околу 3,3 kg. Распонот на крилјата е 147 до 180 cm.[2][3][4] Мажјаците се обично поголеми од женките, при што половиот диморфизам е поизразен кај источниот подвид rubirostris, кој во просек е поголем од сите останати подвидови.[1]

Пердувите на дивата гуска се сивкасто-кафеави, со потемна глава и поблед стомак со различни црни точки. Шарите на нејзините пердуви се резултат од бледите рабови на перјата. Има бела линија која граничи со горните слабини. Нејзините покривни пердуви се посветло обоени за разлика од потемните летачки пердуви. Младите гуски се разликуваат главно по отсуството на стомак исшаран со црни точки.

Подвидови[уреди]

  • A. a. anser (Linnaeus, 1758) - западна дива гуска;
  • A. a. rubrirostris (Swinhoe, 1871) - источна дива гуска;
  • A. a. domesticus (Linnaeus, 1758) - питома гуска.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Madge & Burn 1988, стр. 140–141
  2. Dunning 1992
  3. Ogilvie & Young 2004
  4. „Greylag Goose“. „oiseaux-birds.com“. http://www.oiseaux-birds.com/card-greylag-goose.html. конс. 17 октомври 2011.