Црвеноклун лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвеноклун лебед
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Фамилија: Патки
Потфамилија: Anserinae
Племе: Cygnini
Род: Cygnus
Вид: Црвеноклун лебед
Биномен назив
Cygnus olor
(Gmelin, 1789)
Синоними
  • Anas olor Gmelin, 1789
  • Sthenelides olor (Gmelin, 1789)
  • Cygnus immutabilis Yarrell, 1838

Црвеноклуниот лебед (науч. Cygnus olor) е вид лебед кој спаѓа во фамилијата на патките, редот на гусковидните.[2][3][4] Негова природна распространетост се Европа и Азија, и како редок зимски посетител - северна Африка. Но, тој е увезен и населен вид и во Северна Америка, Австралија и јужна Африка. Овој лебед го има во Македонија.

Таксономија[уреди]

Црвеноклуниот лебед за првпат беше опишан од германскиот природонаучник Јохан Фридрих Гмелин како Anas olor во 1789 и префрлен од Јохан Матеус Бехстеин во новиот род лебеди (Cygnus) во 1803 година.[5][6][7]

И покрај неговото евроазиско потекло, негови поблиски роднини се црниот лебед од Австралија и црновратиот лебед од јужна Америка, а не останатите лебеди од северната хемисфера.[2] Овој вид е монотипичен, без подвидови.[2][4]

Еволуција[уреди]

Субфосилите на црвеноклуниот лебед се стари 6000 години, пронајдени во пост-глацијални тресетни гнезда во источна Англија.[8]

Опис[уреди]

Ловејќи храна под вода

Возрасните единки на овој голем лебед се од 140 до 160 см долги, а во некои екстремни случаи дури и од 125 до 170 см долги, со распон на крилјата од 200 до 240 cm.[9][4] Мажјаците се поголеми од женките и имаат поголема џумка на клунот. Просечно, ова е втора по големина водна птица по лебедот трубач, иако мажјакот од црвеноклуните лебеди може да го надминe по маса лебедот трубач.[4][10] Покрај другите мерки, црвеноклуниот лебед има должина на тетивата на крилото од 53 до 62,3 см, писката (тарзусот) му е долг од 10 до 11,8 см, а клунот од 6,9 до 9 см.[4]

Црвеноклуниот лебед е една од најтешките птици летачи. Мажјакот тежи во просек од 11 до 12 килограми, а женките од 8,5 до 9.[11][4] Иако најголемата тежина на оваа птица може да достигне до 15 килограми, еден необичен Полски лебед достигнал тежина до 25 kg, но прашање е дали тој со таква тежина би можел да полета. [12]

Младенчињата, до една година, наречени пајчиња, не се бели како возрасните и клуновите им се сивкасто-црни, а не портокалови. Долниот дел може да им биде бел или сиво-жолтеникав. Белите пајчиња се со гени на редуцирана пигментација. Кога ќе созреат, сите црвеноклуни лебеди се бели, но понекогаш заради железото и танините во водата перјето на главата и вратот може да им станат портокалово-кафени.

Однесување[уреди]

Црвеноклуните лебеди прават големи џумкасти гнезда од крајбрежната вегетација или на остров или на брегот од езерото. Тие се моногамни и често го употребуваат истото гнездо, поправајќи го и обновувајќи го, ако е потребно. Мажјаците и женките ја делат грижата за гнездото и кога пајчињата ќе созреат, не е невообичаено да се забележат цели семејства како одат во потрага по храна. Се хранат со водни растенија кои лесно ги дофаќаат во водата со своите долги вратови, или пак, пасат од крајбрежјето. Исхраната обично ги вклучува и агрикултурните растенија како маслодајната репка и пченицата, а зиме знаат да направат штета јадејќи од нивите и газејќи со своите големи ципести нозе.[13]

За разлика од црните лебеди, црвеноклуните лебеди се исклучително територијални - со само еден пар во едно помало езеро. Понекогаш, ретко, може да се сретне помала колонија.

Звукот што го испушта црвеноклуниот лебед е вибрирачко бревтање од крилјата кога лета. Овој звук е специфичен, и може да се слушне на оддалеченост од еден до два километра и веројатно служи за контакт меѓу птиците во лет. Особено кога комуницираат со своите мали пајчиња, возрасните прават разни звуци што наликуваат на гровтање, шмркање, свиркање, а ако некој предатор им се приближува до нивната територија тогаш создаваат звук со с`скање.

Гнездејќи се во рана пролет

Иако оваа птица е питома, особено за оние што секојдневно ја хранат, таа знае да биде многу агресивна кога треба да го одбрани своето гнездо. Големината ѝ овозможува да се бори со животни големи колку којотите. Дефанзивниот напад лебедот го започнува со с`скање, а ако тоа не е доволно за да се избрка напаѓачот, следува физичкиот напад. Напаѓа разбивајќи го со коскестите делови од крилото и гризење со големиот клун. Крилата на лебедот се многу силни, доволно за да скрши човечка нога. [14] Лебедите ги напаѓаат луѓето ако се обидат да им влезат во нивната територија, може да нападнат и помали чамци, кануа и сл. за кои ќе помислат дека се закана за малите пајчиња. Најпрво, лебедот се обидува да го избрка предаторот, што му успева со лисиците и другите грабливки кои остануваат на брегот.

Познатата поза со вратот свиткан на грб и малку поткренатото крило, позната како „уличен свирач“, е фалбаџиско-заканувачка поза, повеќе практикувана од мажјаците, но понекогаш и од женките.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Слетување

Природното живеалиште на црвеноклуниот лебед се умерените области на Европа и западна Азија, па на исток сè до Приморски Крај.[15]

Таа е делумно птица-преселница, од северните краeви на Европа и Азија патува до северна Африка и Медитеранот. Според Програмата за животна средина на ОН, и Интернационалната мапа на птичји видови, црвеноклуниот лебед го има во 70 земји, во 49 се гнезди, а во 16 минува. Овој лебед во Јапонија го има на свитоци стари повеќе од 1000 години.

Црвеноклуниот лебед во повеќето земји е заштитен вид, но ова не го спречува нелегалниот лов. Тој често се чува надвор од својата природна средина, во мали езерца и базени, за декорација, од каде се случува и да избега.

Популација[уреди]

Природна популација[уреди]

Вкупната светска популација на црваноклуни лебеди е околу 500 000 по периодот на парење (возрасни и младенчиња), од кои 350 000 се во Русија.[2]

Населена популација[уреди]

Црвеноклуните лебеди се донесени во Северна Америка кон крајот на 19 век. Се покажа дека се инвазивен вид кој ги загрозува другите видови. Порастот на популацијата се движел до 10% годишно, и за 7-8 години ја дуплирале својата популација.[16] Several studies have concluded that Mute Swans severely reduce densities of submerged vegetation where they occur.[17] Останатите населени популации се мали. Околу 200 во Јапонија, помалку од 200 во Нов Зеланд и околу 120 во јужна Африка.[2]

Погледни[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2004). „Cygnus olor“. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2006“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/47136. конс. мај 2006.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 del Hoyo, J., et al., уред (1992). „Handbook of the Birds of the World“. 1. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 577–78. ISBN 84-87334-10-5. 
  3. Snow, D. W.; Perrins, C. M. (1998). „The Birds of the Western Palearctic“ (Concise издание). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Madge, S.; Burn, H. (1987). „Wildfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese and Swans of the World“. A & C Black. ISBN 0-7470-2201-1. 
  5. Cheng, Tso-hsin (1987). „A Synopsis of the Avifauna of China“. Beijing: Science Press. стр. 48–49. ISBN 3-490-12518-5. 
  6. Liddell, Henry George; Scott, Robert (1980). „A Greek-English Lexicon“ (Abridged издание). United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 0-19-910207-4. 
  7. Simpson, D.P. (1979). „Cassell's Latin Dictionary“ (5th издание). London: Cassell. ISBN 0-304-52257-0. 
  8. Northcote, E.M. (1981). „Size difference between limb bones of recent and subfossil Mute Swans (Cygnus olor)“. „J. Archeol. Sci.“ 8 (1): 89–98. doi:10.1016/0305-4403(81)90014-5. 
  9. Mullarney, K., Svensson, L, Zetterstrom, D., & Grant, P.J. (1999) Collins Bird Guide. HarperCollins Publishers Ltd, London p. 14
  10. del Hoyo, et al, Handbook of the Birds of the World. Volume 1: Ostrich to Ducks (Handbooks of the Birds of the World). Lynx Edicions (1992), ISBN 978-84-87334-10-8
  11. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  12. Wood, Gerald (1983). „The Guinness Book of Animal Facts and Feats“. ISBN 978-0-85112-235-9. 
  13. Parrott, D.; McKay, H. V. (2001). „Mute swan grazing on winter crops: Estimation of yield loss in oilseed rape and wheat. Mute swans occasionally eat insects, amphibians and smaller birds“. „J. Crop Protection“ 20: 913–919. 
  14. [1]
  15. Dement'ev, G.P.; Gladkov, N.A. (1967). „Birds of the Soviet Union“. IV. U.S. Fish & Wildlife Translation. 
  16. Petrie, Scott A.; Francis, Charles M. (2010). „Rapid increase in the lower Great Lakes population of feral mute swans: a review and a recommendation“. „Wildlife Society Bulletin“ 31 (2): 407. http://cat.inist.fr/?aModele=afficheN&cpsidt=14981898. 
  17. Allin, Charles C.; and Husband, Thomas P. (September 2003). „Mute Swan (Cygnus olor) impact on submerged aquatic vegetation and macroinvertebrates in a Rhode Island coastal pond“. „Northeastern Naturalist“ 10 (3): 305–318. doi:10.1656/1092-6194(2003)010[0305:MSCOIO]2.0.CO;2. ISSN 1092-6194. 

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Poultry