Список на птици во Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Примероци на некои птици во земјата — Природонаучен музеј на Македонија, Скопје

Списокот на птици во Македонија е сочинет од 329 видаподвида):

Морски нуркачи[уреди]

Ред: Gaviiformes. Фамилија: Gaviidae

Морските нуркачи се група водни птици кои го образуваат Gaviiformes. Се среќаваат во Северна Америка и северна Евроазија (Европа, Азија) и веројатно Африка. Сите современи видови на морски нуркачи се дел од родот Gavia, фамилијата Gaviidae и овој ред. Морските нуркачи се големи птици, пливачи и нуркачи, долги од 53 до 91 см и со распон на крилата меѓу 106 и 152 см. Тежината се движи од 1, па сè до 6,4 кг, зависно од видот. Тоа значи дека овие големи видови се значително потешки од гуските (Anserinae). Овие птици се разликуваат од нуркачите (Podicipedidae) пред сè по целосните пливачки кожички кои ги поврзуваат трите нанапред свртени прсти (анизодактилија), како и многу добро видливата, иако кратка, опашка. Има пет вида во светот, од кои два ги среќаваме во Македонија:

Нуркачи[уреди]

Ред: Podicipediformes. Фамилија: Podicipedidae

Нуркачите се мали до средноголеми водни, нуркачки птици. Тие имаат споени прсти и се одлични пливачи и нуркачи. Имаат нозе, но сместени им се поназад на телото, па затоа се тромави на копно. Во светот има 20 вида, од кои 5 ги среќаваме во Македонија.

Пеликани[уреди]

Ред: Pelecaniformes. Фамилија: Pelecanidae

Пеликаните се големи водни птици со специфична торбичка под клунот. Тие имаат ципести нозе со 4 прсти. Има 8 вида во светот, а во Македонија се сретнуваат 2:

Корморани[уреди]

Ред: Pelecaniformes. Фамилија: Phalacrocoracidae

Кормораните се фамилија средни до големи крајбрежни птици кои се хранат со риби. Бојата на перјата им е претежно темна, црно-бела, но некои се и шарени. Има 38 вида во светот, од кои 2 во Македонија:

Чапји[уреди]

Ред: Ciconiiformes. Фамилија: Ardeidae

Чапјите спаѓаат во редот штрковидни и се средни до големи птици со долг врат и нозе. Биковите се со пократок врат и се повнимателни. Постојат 61 вид во светот, и 9 во Македонија:

Штркови[уреди]

Ред: Ciconiiformes. Фамилија: Ciconiidae

Штрковите се големи, долгоноги и долговратни птици кои полетуваат со истегнат врат. Штрковите се неми, а комуницираат со клопот на клунот. Гнездата им се големи и ги користат и по неколку години. Има 19 вида во светот, а во Македонија 2:

Ибиси и лажичарки[уреди]

Ред: Ciconiiformes. Фамилија: Threskiornithidae

Тие се големи крајбрежни птици, со долги, широки крилја, со 11 основни и околу 20 секундарни пердуви. Иако се големи, тие се силни летачи. Во светот има 36 вида, а во Македонија 2:

Фламинга[уреди]

Ред: Phoenicopteriformes. Фамилија: Phoenicopteridae

Фламингата се движат во јато, високи се 3 до 5 метри, а нивниот необичен клун е специјално прилагоден за одбирање на храната во тињата и калта. Има 6 вида во светот и еден во Македонија:

Патки[уреди]

Ред: Anseriformes. Фамилија: Anatidae

Гусковидните се птици кои се модифицирани за вода, со ципести нозе, ниско поставен клун и пердуви, долг врат за ловење под вода. Постојат 131 вид во светот и 29 вида во Македонија:

Орел-рибар[уреди]

Ред: Falconiformes. Фамилија: Pandionidae

Во оваа фамилија постои само еден вид, а тоа е орелот-рибар, кој е средноголема граблива птица чија специјалност е риболовот.

Јастреби[уреди]

Ред: Falconiformes. Фамилија: Accipitridae

Во оваа фамилија грабливи птици се вклучени: јастребите, орлите и мршојадците. Тие имаат моќни клунови за кинење месо од својот плен, силни нозе, силни канџи и остар вид. Постојат 233 вида во светот од кои 25 вида во Македонија:

Соколи[уреди]

Ред: Falconiformes. Фамилија: Falconidae

Соколовидните се дневни птици-грабливки. Се разликуваат од јастребите, орлите и мршојадците по тоа што својот плен го убиваат со клунот, а не со канџите. Има 62 вида во светот и 9 во Македонија:

Тетреби[уреди]

Ред: Galliformes Фамилија: Tetraonidae

Тетребите се слични на потполошките и еребиците. Има 18 вида во светот, од кои 3 во Македонија:

Фазани[уреди]

Ред: Galliformes Фамилија: Phasianidae

Фазаните и еребиците се копнени птици, дебели, со широки и кратки крилја. Има 156 вида во светот и 4 во Македонија:

Жерави[уреди]

Order: Gruiformes Family: Gruidae

Жеравите се големи, долгоноги и долговрати птици. За разлика од сличните по изглед чапји, жеравите летаат со испружени вратови. Карактеристични се по бучното додворување проследено со посебен танц. Во светот постојат 15 вида, а во Македонија еден:

Блатни кокошки[уреди]

Ред: Gruiformes. Фамилија: Rallidae

Блатните кокошки (барски кокошки) се голема фамилија мали и средни птици. Тие обично живеат во густа вегетација, во влажни средини во близина на езера, мочуришта или реки. Начелно се срамежливи и таинствени птици, кои тешко може да се набљудуваат. Повеќето видови имаат силни нозе, и долги прсти, кои добро се прилагодуваат на меката нерамна површина. Имаат кратки, заоблени крилја и се слаби летачи. Постојат 143 вида во светот, а 6 во Македонија:

Дропли[уреди]

Ред: Gruiformes. Фамилија: Otididae

Дроплите се големи копнени птици главно поврзани со сува отворена земја. Сештојади се и се гнездат на земја. Одат на силните нозе и големите прсти, имаат долги широки крилја и прават впечатливи модели при летањето. Многу од нив имаат интересни прикази при парењето. Постојат 26 вида во целиот свет и 2 вида во Македонија:

Сабјарки[уреди]

Ред: Charadriiformes. Фамилија: Recurvirostridae

Сабјарките се фамилија на големи птици со долги нозе и долг нагоре свиткан клун. Постојат 9 вида во светот и 2 во Македонија:

Чурулинци[уреди]

Ред: Charadriiformes. Фамилија: Burhinidae

Тие се средни до големи птици со црн или жолто-црн клун, големи жолти очи и непробојни перја. И покрај тоа што се класифицирани како птици кои се непробојни на влага, повеќето видови живеат во суви или полупустински живеалишта. Постојат 9 видови во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Блатни ластовици[уреди]

Ред: Charadriiformes. Фамилија: Glareolidae

Во оваа фамилија на птици-преселници спаѓаат ласовиците кои имаат кратки нозе, долги остри крила и долги чаталести опашки. Постојат 17 вида во целиот свет и 2 во Македонија:

Блатарки[уреди]

Ред: Charadriiformes. Фамилија: Charadriidae

Блатарките се мали и средни птици со компактни тела, кратки и дебели вратови и долги насочени крила. Претежно живеат во близина на вода, иако постојат некои исклучоци. Постојат 66 вида во светот и 7 во Македонија:

Мочварки (шлуки и тринги)[уреди]

Ред: Charadriiformes Фамилија: Scolopacidae

Мочварките се големо и разновидно семејството на мали и средни крајбрежни птици. Поголемиот дел од видовите јадат мали без'рбетници кои ги собираат во калта или почвата. Варијациите во должината на нозете и клунот им овозможува различните видови да се хранат во исто живеалиште, без директно да си конкурираат за храна. Постојат 89 вида во светот и 23 вида во Македонија:

Галеби[уреди]

Ред: Charadriiformes Фамилија: Laridae

Галебите се фамилија на средни до големи морски птици. Тие се обично сиви или бели, со црни белези на главата или крилата. Имаат стројно тело, долгнавести клунови и ципести нозе. Постојат 55 вида во светот и 8 во Македонија:

Рибарки[уреди]

Ред: Charadriiformes. Фамилија: Sternidae

Рибарките (чигрите) се група средни до големи морски птици, со сиви или бели перја, често со црни белези на главата. Повеќето ловат риби со нуркање, но некои собираат инсекти од површината на свежата вода. Тие се долговечни птици, за неколку видови се знае дека живеат од 25 до 30 години. Постојат 44 вида во светот, а 8 во Македонија:

Гулаби[уреди]

Ред: Columbiformes. Фамилија: Columbidae

Гулабите и гугутките имаат витко тело, краток врат и кратки тенки клунови со здебелено мевце. Постојат 308 вида во светот и 5 во Македонија:

Кукавици[уреди]

Ред: Cuculiformes. Фамилија: Cuculidae

Кукавиците се птици со различна големина со тенки тела, долги опашки и силни нозе. Постојат 138 вида во светот и 2 во Македонија:

Кукумјавка[уреди]

Ред: Strigiformes. Фамилија: Tytonidae

Кукумјавките се средни до големи утки (утковидни) со големи глави и карактеристични срцовидни лица. Тие имаат долги силни нозе со моќни канџи. Постојат 16 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Утки[уреди]

Ред: Strigiformes. Фамилија: Strigidae

Утковидните се мали до големи осамени ноќни птици грабливки. Тие имаат големи напред насочени очи и уши, јастребовиден клун, и впечатлив круг од пердуви околу секое око, т.н. фацијален диск. Постојат 195 вида во светот и 8 во Македонија:

Ноќни ластовици[уреди]

Ред: Caprimulgiformes. Фамилија: Caprimulgidae

Ноќните ластовици се средни ноќни птици со долги крилја, кратки нозе и многу краток клун. Обично се гнездат на земја. Повеќето имаат мали нозе, кои малку ги употребуваат за пешачење, и долги зашилени крилја. Нивната меки пердуви личат на кора или лисја и им служат за камуфлажа. Постојат 86 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Пиштарки[уреди]

Ред: Apodiformes. Фамилија: Apodidae

Пиштарките се мали воздушни птици, кои го трошат поголемиот дел од својот живот летајќи. Овие птици имаат многу кратки нозе и никогаш не се доброволно на земја. Многу од нив имаат долги наназад свртени крила кои личат на полумесечина или бумеранг. Постојат 98 вида во целиот свет и 3 во Македонија:

Рибарчиња[уреди]

Ред: Coraciiformes. Фамилија: Alcedinidae

Рибарчињата се средни птици со големи глави, долги остри клунови, кратки нозе и мали набиени опашки. Постојат 93 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Пчеларки[уреди]

Ред: Coraciiformes Фамилија: Meropidae

Пчеларките се карактеризираат со богато обоени пердуви, тенки тела и обично издолжен централен пердув - опашка. Сите се шарени и имаат долг надолу свртен клун и зашилени крила, кои им даваат ластовицовидна појава кога се гледаат од далеку. Постојат 26 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Модроврани[уреди]

Ред: Coraciiformes. Фамилија: Coraciidae

Модровраните личат на врани по големина и градба, но потесно се поврзани со рибарчињата и пчелојадните. Постојат 12 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Пупунци[уреди]

Ред: Coraciiformes Фамилија: Upupidae

Пупунците имаат црна, бела и портокалово-розова боја со големa пувка (креста) на главата. Постојат 2 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Клукајдрвци[уреди]

Ред: Piciformes. Фамилија: Picidae

Клукајдрвците се мали и средни птици со клунови како длето, кратки нозе, цврста опашка и долг јазик кој им користи за ловење инсекти. Некои видови имаат нозе со два прста насочени нанапред и два наназад, додека неколку видови имаат само три прста. Многу клукајдрвци имаат навика бучно да удираат на стеблата со клуновите. Постојат 218 вида светот и 9 во Македонија:

Чучурлиги[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Alaudidae

Чучурлигите се мали копнени птици со екстравагантни песни и летови, а невпечатлив изглед. Се хранат со инсекти и семиња. Постојат 91 вид во светот и 6 во Македонија:

Ластовици[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Hirundinidae

Ластовиците се карактеризираат со воздушно хранење. Имаат витко тело, долги зашилени крила и кратки клунови со широк отвор. Нозете се наменети за слетување, а предните прсти се речиси споени со стапалото. Постојат 75 вида во светот и 5 во Македонија:

Тресиопашки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Motacillidae

Треперките и тресиопашките се мали врапчевидни птици со средни до долги опашки. Тие се витки, тенки птици, кои се хранат со инсекти од земјата. Постојат 54 вида во светот и 8 во Македонија:

Кралчиња[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Regulidae

Кралчињата се мала група птици кои спаѓаат во редот на врапчевидните птици. Постојат 7 вида во светот и 2 во Македонија:

Свиларки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Bombycillidae

Свиларките се група врапчевидни птици кои се карактеризираат со меки свилени перја и уникатен црвен врв на некои од пердувите на крилјата. Тие живеат од инсекти во текот на летото и бобинки во зима. Постојат 3 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Водни косови[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Cinclidae

Водните косови живеат во водни средини. Постојат 5 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Палчиња[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Troglodytidae

Палчињата се главно мали и незабележителни освен со нивните гласни песни. Овие птици имаат кратки крила и тенок надолу свртен клун. Неколку видови имаат исправени опашки. Сите се хранат со инсекти. Постојат 80 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:

  • палче, Оревче Troglodytes troglodytes

Попчиња[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Prunellidae

Попчињата се мали, прилично еднолични видови од редот на врапчевидните птици. Постојат 13 вида во светот и 2 во Македонија:

Дроздови[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Turdidae

Дроздовидните се група врапчевидни птици. Тие се дебели, со меки пердуви, мали до средни, се хранат со инсекти или понекогаш се сештојади. Многу од нив имаат атрактивни песни. Постојат 335 вида во светот и 6 во Македонија:

Трскари и грмушари[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Sylviidae

Трскарчињата се група мали врапчевидни птици кои се хранат со инсекти. Повеќето од нив имаат безличен изглед, но имаат карактеристични песни. Постојат 291 вид во светот и 25 во Македонија:

Муварчиња[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Muscicapidae

Муварчињата се голема група мали врапчевидни птици. Тие живеат на дрво, се хранат со инсекти, имаат слаби песни и груби повици. Постојат 274 вида во светот и 15 во Македонија:

Папагалести сипки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Paradoxornithidae

Папагалестите се група мали птици со долга опашка. Постојат 20 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Долгоопашести сипки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Aegithalidae

Сипки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Paridae

Сипките се главно мали ниски и набиени шумски видови со краток тенок клун. Тие се прилагодливи птици, со мешана исхрана вклучувајќи семиња и инсекти. Постојат 59 вида во светот и 7 во Македонија:

Лазачки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Sittidae

Лазачките се мали шумски птици. Тие имаат невообичаена способност да ползат по дрвото надолу, за разлика од другите птици кои можат да одат само нагоре. Ползачите имаат големи глави, кратки опашки и моќен клун и нозе. Постојат 24 вида во целиот свет и 2 во Македонија:

Карполазачки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Tichodromadidae

Карполазачките се мали птици со неверојатни пурпурни, сиви и црни перја, сродни на фамилијата на лазачите.

Ползачки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Certhiidae

Ползачите се мали шумски птици, кафени одозгора, бели одоздола. Имаат тенки надолу насочени криви клунови кои ги користат за извлекување инсекти од кората. Тие имаат вкочанети опашки за да можат да стојат вертикално на дрвото. Постојат 6 вида низ целиот свет и 2 во Македонија:

Торбарести сипки[уреди]

Ред: Passeriformes. фамилија: Remizidae

Торбарестите сипки се група мали врапчевидни птици, поврзани со вистинските сипки. Тие се хранат со инсекти. Постојат 13 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Жолни[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Oriolidae

Жолните се шарени врапчевидни птици. Постојат 29 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Сврачиња[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Laniidae

Сврачињата се врапчевидни птици познати по нивната навика за ловење други птици и мали животни и закачување на недојадените делови на трње. Клунот им е кукест. Постои 31 вид во целиот свет и 5 во Македонија:

Врани[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Corvidae

Некои видови од фамилијата на враните се натпросечно големи за редот на врапчевидни птици. Некои од големите видови покажуваат високо ниво на способност за учење на соодветно однесување. Има 120 вида во светот, а 10 во Македонија:

Сколовранци[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Sturnidae

Сколовранците се мали и средни врапчевидни птици. Нивниот лет е силен и директен, а летаат во јато. Омилено живеалиште им е отворената земја. Јадат инсекти и овошје. Перјата им се типично темни, со метален сјај. Постојат 125 вида во светот и 2 во Македонија:

Стрнарки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Emberizidae

Стрнарките спаѓаат во големото семејство на врапчевидни птици. Тие се птици што јадат семе, со изразита форма на клунот. Многу од нив имаат специфични дезени на главата. Постојат 275 вида во светот и 7 во Македонија:

Ѕвингалки[уреди]

Ред: Passeriformes. Фамилија: Fringillidae

Зебите се врапчевидни птици што јадат семиња, мали до средноголеми и имаат силен клун, обично конусен и понекогаш многу голем. Сите имаат 12 пердуви на опашката, a 9 основни. Овие птици имаат силен лет со наизменични налети на замавнување со крилјата и пловење со затворени крилја. Повеќето од нив пеат убаво. Постојат 137 вида во светот и 10 во Македонија:

Врапчиња[уреди]

Ред: Passeriformes Фамилија: Passeridae

Врапчињата се мали врапчевидни птици. Во принцип, тие се мали, дебели, кафени или сиви птици, со кратки опашки и кратки моќни клунови. Врапчињата јадат семиња и мали инсекти. Постојат 35 вида во целиот свет и 5 во Македонија:

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]