Жолтоклун лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жолтоклун лебед
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Anseriformes
Фамилија: Гусковидни
Потфамилија: Anserinae
Племе: Cygnini
Род: Лебед
Вид: C. cygnus
Биномен назив
Cygnus cygnus
(Linnaeus, 1758)

     Лето      Повремено      Зима

Жолтоклуниот лебед, Cygnus cygnus, е голем лебед од северната хемисфера. Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Жолтоклуниот лебед по надворешност е сличен со Тундричниот лебед. Тој е поголем, висок од 140 до 165 cm., со распон на крилата од 205 до 275 cm. Тежи вообичаено од 7,4 до 14 килограми, мажјаците просечно од 9,8 до 11,4 килограми, а женките 8,2 до 9,2 килограми. Посведочена рекордна маса е 15,5 килограми на еден лебед во Данска. Тој се смета за една од најтешките летечки птици.[2][3] Жолтоклуниот лебед има должина на тетивата на крилото од 56,2 до 63,5 cm, писката (тарзусот) му е долг од 10,4 до 13 cm, а клунот од 9,2 до 11,6 cm.[4] Овој лебед има поаглеста форма на главата и подекориран клун кој е повеќе жолт отколку црн.

Три жолтоклуни и еден црвеноклун лебед

Живеалиште[уреди]

Жолтоклуните лебеди бараат пошироки водени пространства каде ќе живеат, зашто нозете не можат да ја издржат нивната телесна маса, особено додека растат, па во тој период се постојано во вода и пливаат. Во водата и се прехрануваат, јадејќи од водните растенија достигнувајќи ги длабоко, со својот долг врат.[5]

Однесување[уреди]

Жолтоклуните лебеди испуштаат длабок трубечки звук, и покрај нивната големина, тие се одлични летачи. Тие може да прелетаа стотици па дури и илјадници километри за да презимат во јужните краишта. Се гнездат во тајгите, во субарктичка Евроазија. Повремен посетител е на Индискиот субконтинент[6] и западна Северна Америка. Исландските гнездачи презимуваат во Велика Британија и Ирска, особено во природниот резерват Кралско друштво за заштита на птиците.

Жолтоклуните лебеди се моногамни, се спаруваат за цел живот. Нивните пајчиња остануваат со родителите цела зима, па дури понекогаш ги придружуваат младенчињата од претходните години. Сакаат да се гнездат на влажни места, но полуприпитомените птици ќе го изградат своето гнездо било каде во близина на вода. Двајцата родители подеднакво се вложуваат при изградбата на гнездото, а мажјакот стои како стражар до женката додека таа ги лежи јајцата. Излегнуваат вообичаено 4 до 7 јајца (вонредно до 12 јајца). Пилињата се излегнуваат по 36 дена и имаат сиви или кафени перја, а пролетуваат по 120 до 150 дена.

Влијание[уреди]

Жолтоклуните лебеди се обожувани во Европа.[5] Овој лебед е национална птица на Финска и ја имаат на монетата од 1 евро.

При глобалното ширење на птичјиот грип (вирусот H5N1) во Велика Британија пристигна во април 2006 во форма на мртов жолтоклун лебед пронајден во Шкотска.[7]

Музичкиот израз на жолтоклуниот лебед во моментот на смртта се смета за основа на легендата за лебедовата песна.[се бара извор]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Cygnus cygnus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/100600369. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Brazil, Mark, The Whooper Swan. Christopher Helm Ornithology (2003), ISBN 978-0-7136-6570-3
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  4. Madge, Steve, Waterfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese, and Swans of the World. Houghton Mifflin Harcourt (1992), ISBN 978-0-395-46726-8
  5. 5,0 5,1 Mondadori, Arnoldo, уред (1988). „Great Book of the Animal Kingdom“. New York: Arch Cape Press. стр. 182. 
  6. http://hillpost.in/2013/01/30/whooper-swan-sighted-in-himachal-wetland-after-113-years/60198/general/nodnat
  7. Bird flu swan was from outside UK“, BBC News, 11 април 2006.

Надворешни врски[уреди]