Четириока патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Четириока патка
Возрасен мажјак (Bucephala clangula americana)
Возрасна женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Merginae
Род: Bucephala
Вид: Четириока патка
Научен назив
Bucephala clangula
(Карл Лине, 1758)
Подвидови
  • B. c. clangula (Linnaeus, 1758)

(Eurasian Goldeneye)

(American Goldeneye)

Синоними

Clangula clangula

Четириоката патка (Bucephala clangula) е со средна големина. Тие се слични со нивните најблиски роднини Bucephala islandica и ги има во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Во англискиот, името го добиле поради нивните златно-жолти очи (Common Goldeneye), а во македонскиот поради белите кругови под очите. Возрасните мажјаци имаат темна глава со зеленикав сјај и бели кругови под очите, темен грб, бел врат и бел стомак. Возрасните женки имаат кафена глава и сиво тело. Нивните нозе и стапала се портокалова-жолта боја. Возрасните мажјаци се долги 45–52 см и тежат од 888 до 1400 g, а женките се долги 40–50 см и тежат 500 до 1182 g.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Нивното главно живеалиште е тајгата. Тие се наоѓаат во реките и езерата на северните шуми во Канада и северниот дел на Америка,Скандинавија и северна Русија. Прават гнезда во шуплините на големите дрвја. Тие се доста честа појава во зима околу езерата на Велика Британија, а некои од нив прават гнезда за да останат преку целата година.

Живеалиште и размножување[уреди | уреди извор]

Обично, гнездата ги прават од скршени гранки, или, пак, ги користат дупките во дрвата направени од црниот клукајдрвец, единствената дрвена празнина доволно голема за да се сместат четириоките патки. Просечната големина на снесените јајца е ширина од 43,3 мм со должина од 59,3 мм и тежина од 64 грама. Инкубациониот период трае од 28 до 32 дена. За време на инкубацијата, мажјаците ги напупштаат женките за период од 1 до 2 недели. Новорденчињата по раѓањето не го напуштаат гнездото за околу 24-36 часа. Доста честа појава е да се сретне новороденче измешано со друг вид патка. Познато е дека новореденчињата често се убиени од друга мајка, на пример од црвеноврат нуркач. Малите се способни за лет по 55-65 дена од испилувањето.

Исхрана[уреди | уреди извор]

во лет
во пар
Bucephala clangula

Овие птици имаат способност да нуркаат под вода. Во текот на целата година 32% од нивниот плен се ракови , 28% се водни инсекти и 10% се мекотелите. На локално ниво, икрите и водните растенија се важни во нивната исхрана. Тие се жртви на разни други птици како јастреб, був и орел, додека женките и нивните легла ги следи опасност од мечка, лисица и црвена верверица.

Статус[уреди | уреди извор]

Четириоките патки се законски заштитени со Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици (AEWA). Околу 188 300 четириоки патки се убиени од страна на ловците во Северна Америка, што претставува околу 4% од вкупниот број патки убиени во тој регион во 1970-те.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Bucephala clangula. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]